Славиште: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: language=српскохрватски → language=sh using AWB
Ред 50:
==Природно-географски и релјефни одлики==
[[File:Славиште - Отошница.JPG|thumb|мини|left|Глетка од западниот дел на Славиште во околината на селото [[Отошница]]]]
Котлината Славиште се наоѓа во крајниот североисточен дел на [[Македонија]]<ref name="Енциклопедија">{{наведена енциклопедија|last=Андоновски|first=Томе|editors=Блаже Ристовски|title=Славишка Котлина|encyclopedia=Македонска енциклопедија|publisher=МАНУ|location=Скопје|year=2009|volume=2|pages=1377|isbn=978-608-203-024-1 (2)|language=македонски}}</ref>. Наоѓајќи се во изворишниот и средишниот тек од сливното подрачје на [[Крива Река]], котлината е како вметната творба помеѓу [[Осоговски Планини|Осоговските Планини]] на југ и планината [[Герман (планина)|Герман]] на север<ref name="Енциклопедија" />. Поточно, Славиште е котлина спуштена во старата родопска релјефна маса, издолжена во главно во правец исток-запад<ref name="Јован Трифуноски">{{наведена книга|last=Трифуноски|first=Јован|authorlink=Јован Трифуноски|title=Кривопаланачка област|year=1976|publisher=ХАЗУ|location=Загреб|language=српскохрватскиsh|pages=298–301}}</ref>. Од север е оградено со [[Герман (планина)|планината Герман]], на исток е планинскиот масив на [[Деве Баир]], на југ е планината [[Осогово]]<ref name="Јован Трифуноски" />, со познатиот врв Калин Камен, а на запад е отворено кон долината на [[Пчиња]] во областа Средорек во [[Кумановско]]. Вкупната површина на Славиште изнесува 786 км<sup>2</sup>, а само 7000 хектари е рамничарско земјиште<ref name="Енциклопедија" />. Котлината е формирана по тектонски пат во текот на [[терциер]]от<ref name="Енциклопедија" />. Рамката на котлината е ограничена со раседи<ref name="Енциклопедија" />. Основна одлика на релјефот на Славишката Котлина се големите висински разлики помеѓу котлинското дно и речните долини од една страна и планинските врвови со кои е ограничена областа, од друга страна. Додека најинската точка кај селото [[Крилатица]] изнесува 415 метри, највисоките врвови на околните планини Герман, Девебаир и Осогово се издигнуваат од 1580 до 2252 метри, при што висинската разлика помеѓу најниската и највисоката точка изнесува 1837 метри<ref name="Јован Трифуноски" />. Според записите на [[Ѓорче Петров]] во книгата [[Материјали по изучувањето на Македонија]] од долината на реката [[Пчиња]] во Кумановско по ½ час движење низ една карпеста теснина се влегува во една крива и долгнавеста долина, која е всушност Паланечкото Поле<ref name="Ѓорче Петров" />. Паланечкото Поле го сочинува закосеното подножје на паланечкиот Козјак<ref name="Ѓорче Петров" />. Тоа е широко ½ - ¾ часа и долго 2 часа<ref name="Ѓорче Петров" />. Завршува на југ со зелената долина во подножјето на Лисец, низ којашто протекува Крива Река<ref name="Ѓорче Петров" />. Паланечкото Поле е мала котлина односно е многу мало и има облик на триаоглник чиишто агли се: Чифте-хани, [[Ветуница]] и [[Гулинци]]<ref name="Ѓорче Петров" />. Во горниот крај, полето преку две ќошиња се задава на југоисток во [[Осогово]] преку долот на [[Дурачка Река]] и на североисток по [[Крива Река]] во аголот меѓу Козјак и Деве Баир<ref name="Ѓорче Петров">{{наведена книга|last=Петров|first=Ѓорче|authorlink=Ѓорче Петров|editor=превод: Марио Шаревски|title=[[Материјали по изучувањето на Македонија]]|edition=2016|year=1896|pages = 150|publisher=Единствена Македонија|location=Скопје|isbn=978-608-245-113-8}}</ref>. Иако е со песокливо-глинеста почва, којашто е со слаб принос, ова поле е доста обработено. Славишкото Поле е исполнето со плиоценски езерски седименти<ref name="Енциклопедија" />. Во плиоценските седименти во атарите на селата [[Ранковце]], [[Гиновци]] и др. се јавуваат дебели пластови на бетонитски глини<ref name="Енциклопедија" />.
===Граници===
[[File:ЕкспедицијаРанковце76.jpg|thumb|mini|десно|Глетка од рамнината на Славиште во јужниот раб на подножјето на [[Осогово]]]]
Ред 63:
 
==Население==
Во областа Славиште, во рамки на општините [[Општина Крива Паланка|Крива Паланка]] и [[Општина Ранковце|Ранковце]], во пописот од 2002 година имало 24.964 жители, од кои 14.558 во градот [[Крива Паланка]], а 10.406 во селата. Миграцијата во областа е присутна со децении наназад, така што бројот на население постојано се намалува, а во минатото овој регион се карактеризирал со многу големи села и исклучително висок [[Наталитет во Македонија|природен прираст]]. Па така, според југословенскиот попис од 1931 година, во Кривопаланечкиот срез, чии граници речиси се поклопувале со денешните на двете славишки општини, живееле 40.532 жители. Потоа околу две децении подоцна, во пописот од 1953 година, бројот опаѓа на 33.844 жители, кој сè уште покажува демографска стабилност, за денес според некои статистики да изнесува нешто повеќе од 22.000 жители.
 
Во пописот од 1953 година, во областа Славиште имало вкупно 15 големи села (над 800 жит.) и се вбројувала како една од областите со најмногу големи населени места во [[Македонија]]. Но поради силниот миграциски бран по 1970-тите години, таа бројка постепено се намалува и во 2002 година во целата област имало само две големи села.
 
На табелата се прикажани демографските промени на поранешните големи села во Славиште:<ref>Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.</ref>