Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Хонг Конг → Хонгконг using AWB
Ред 87:
}}
 
'''Германско Царство''' ({{lang-de|Deutsches Reich, Deutsches Kaiserreich}}) бил назив за германска држава во период од 47 години, од кога [[Пруска|прускиот]] крал [[Вилхелм I]] се прогласил за германски цар на 18 јануари 1871 до 9 декември 1918 година и абдикацијата на [[Вилхелм II]] по поразот во [[Прва светска војна|Првата светска војна]]. Службеното име на државата, Германски Рајх, се користело се до 1943 година иако [[Германија]] не била царство цело ова време.
 
Изразот '''Втор Рајх''' ({{lang-de|Zweites Reich}}) понекогаш и најдобро го означува овој период во историјата на Германија. Изразот го вовел [[Артур Мелер ван ден Брук]] во 20-те години на 20 век. Заклучил дека [[Свето римско царство|Светото римско Царство]] било Првиот германски рајх, додека Германското Царство било Втор рајх. Со таа логика настанал и изразот [[Нацистичка Германија|Трет рајх]] кој се однесува на [[Адолф Хитлер|Хитлеровата]] Германија.
Ред 110:
=== Стопанство ===
 
Процесот на [[индустријализација|индустријализацијата]]та во Германија и во германските фабрики почнал динамично да го освојува германскиот пазар, а со тоа ја преместил Британската роба во втор план. Започнала и жестока битка помеѓу германските и британските производи надвор од границите на Германија, претежно во [[САД]]. Германскиот текстил и металната индустрија во почетокот на [[Француско-Пруска војна|Француско-Пруската војна]] ги надминал и ги заменил сите страни, а меѓу нив и британските производи од домашниот пазар. За време на векот германската индустрија дури и извезувала метал за британскиот слободен пазар. Произведувајќи квалитетна воена опрема за време на [[Првата светска војна]] германската индустрија ги опремила своите вокници со одлична опрема. Тука е вклучено и производството на германските пушки ({{lang-de|Gewehr 98}}), пиштолите ({{lang-de|PO8 Luger}}), и тешкото вооружување (Митралези, разновидни проектили и тешка и лесна [[артилерија]])
 
=== Идеологија ===
Ред 133:
Царството доста добро се развило под Бизмарковата власт се до смртта на царот во [[1888]] година. По неговата смрт, [[Фридрих III]], неговиот син и наследник, бил на власт само 99 дена, кога тронот го препуштил на Вилхелм II. Тој настан е одбележан како „годината на три цареви“ ({{lang-de|Dreikaiserjahr}}). Влихелм II го сватил значењето на царскиот трон, и сакал за разлика од величината на европските монарси во тоа време кои имале само фигуративна власт, да биде владар и „де факто“. Амбициите на Вилхелм II и неговите дела го довеле во конфликт со Бизмарк. По жестоката расправија околу власта, Бизмарк се повлекол и ја предал власта на Вилхелм II во март [[1890]] година, кога и поднел оставка на местото на германски канцелар.
 
По Бизмарковата оставка, Вилхелм II станал главен лидер на Германија. За разлика од неговиот татко Вилхелм I, кој во поголемиот дел од работите, било внатрешни или надворешни, ја оставал власта на Бизмарк, Вилхелм II активно се вклучил во германската политика, со желба да остави впечаток на сигурен, способен и одговорен владар, и да го задржи правото, а не фигуративната власт. Вилхелм II по своја желба примал совети од [[Валтер Ратенау]], доста контроверзна личност во германската политика која била [[Либерализам|либерал]], [[евреи]]н, [[слободни ѕидари|масон]] и [[хомосексуалност|хомосексуалец]] (бил убиен од страна на [[десница|десничарските]] [[екстремизам|екстремисти]] во [[1922]] година). Од Ратенхау, Вилхелм осознал многу за европската економија и индустријските и финансиските врски во внатрешноста, што многу му помогнало во приклучувањето во политичкиот живот
 
На службените слики и фотографии, Вилхелм II секогаш ја прикривал својата лева рака која му била деформирана од раѓањето. Вилхелм II во светската историја останал запаметен по својата агресивна политика која била и една од причините за почнување на [[Првата светска војна]].
Ред 141:
За време на владеењето на [[Вилхелм II]], [[Германија]] повеќе не уживала таков авторитет кога со неа владеел [[Ото фон Бизмарк]]. Наследниците на Бизмарк имале големи проблеми кога се работело за промена на власта, посебно неговите наследници на местото канцелар на [[Прусија]]. Првите либерални промени ги вовел [[Лео фон Каприви]] и со тоа ја намалил невработеноста. Неговиот програм за либерализација во Германија бил прифатен и од страна на царот, и од страна на германското население. Единствени противници на на овие промени биле пурските земјоделци, кои се плашеле од губиток на власта и моќта, па затоа покренале и кампања против Каприевата реформа<ref>Kurtz, Harold. (1970), p. 67</ref>.
 
За време додека пруските аристократи се бунеле на сите барања на обединета Германија, во [[1890]]-те, неколку побунувачки организации станале против пурскиот милитаризам и политиката таканаречена „прусификација“ која полека станала главен елемент на германската политика, како надворешно така и внатрешно. Поединети професори го вовеле либерализмот во образованието и така тие створиле алтернативен милитаризам, во желба за развивање на инивидуализмот и слободата.<ref name="Kurtz, Harold. 1970, p. 72">Kurtz, Harold. (1970), p. 72</ref>. Најголемата опозиција на [[Вилхелм II]] ја пружила новооснованата партија [[СДП]] (''Социјал-демократска партија на Германија'') која пропагирала многу [[левиза|левичарски]] идеи, а меѓу нив и [[марксизам]]. Исто така [[СДП]] бил заговорник на многу [[социјализам|социјалистички реформи]] кои би ја ослабиле моќта на царот, и поради тоа, таа партија жестоко се спротивставила на [[Вилхелм II]]. Силната германска индустрија вовела програм на социјална заштита и згрижување за своите работници се дододека тие не ги поддржувале социјалистите. Имале право на пензија, осигурување во случај на болест, дури и биле стамбено згрижени, што ги намалило социјалните проблеми<ref> name="Kurtz, Harold. (1970), p. 72<"/ref>.
 
[[Вилхелм II]], за разлика од [[Ото фон Бизмарк|Бизмарк]], ги разрешил немирите помеѓу [[Германија]] и [[Римокатоличка црква|Католичката црква]], и со неа се здружил во борбата против социјализмот<ref>Kurtz, Harold. (1970), p. 56</ref>. Оваа политика доживеала пропаст кога [[СПД|социјал-демократите]] ја добиле третината од гласовите во [[1912]] за [[Reichstag]] ({{lang-mk|Рајхстаг}}), и така станале третата најголема партија во Германија. Меѓутоа, тие не образувале парламентарно мнозинство, кое што го направиле десничарските партии кои биле поддржувани од царот и Католичката црква. Во ова време во оваа власт пораснал [[национализам|национализмот]] и [[милитаризам|милитаризмот]], и поголемиот дел од Германците кои не сакале да го отслужат воениот рок заминале за [[САД|Америка]].
Ред 147:
=== Надворешни работи ===
 
[[Вилхелм II]] сакал да и направи на [[Германија]] "место под сонцето", па така исто како [[Велика Британија]] почнал да освојува и да создава колонијални територии ширум [[Африка]] и [[Пацифик]]от. Поголемата африканска територија веќе од порано била колонизирана, така што Германија немала лесна задача. Ги превземале сите неколонизирани држави во Африка и створиле таканаречена [[Германска Југозападна Африка]] во која што спаѓале [[Намибија]], [[Германски Камерун]], [[Камерун]] и [[Германска Источна Африка]] ([[Танзанија]]). Германија исто така добила и некои острови во [[Пацифик]]от. Кинеското пристаниште [[Чингдао]], било конкурентно пристаниште со британскиот [[Хонг КонгХонгконг]] и португалското [[Макао]]. Африканските колонии остварувале некаков профит на Германија, додека пак пацифичките острови не биле од никакво економско значење. Служеле само за ширење на [[Германски јазик|германскиот јазик]] и за влијание во светот. Германија, која била финансирана од Германската Банка, се вклучила во проектот за изградба на Багдадска железница ([[1900]] - 1911) заедно со [[Османско царство|Османскиото царство]], што покренало настанување на германски пристаништа-градови на [[Близок Исток|Блискиот Исток]]<ref>Stürmer, Michael. (2000). ''The German Empire: 1870-1918.'' New York: A Modern History Library Chronicles Book. p. 91</ref>. Создавањето на Багдадската железница било поддржано и од [[Велика Британија]], која верувала дека со тоа дека, трговијата помеѓу неа и Германија ќе биде поголема. Меѓутоа како што времето изминувало, Британците увиделе дека германските напори за подобрувањето на своето влијание на [[Блзок Исток|Блискиот Исток]] би довело до смалување на британското влијание, па затоа Британците побарале прекин на изградбата на Багдадската железница. Барањето било прифатено од Германија и од [[Османското царство|Османското Царство]]. [[Ото фон Бизмарк|Бизмарк]] пак, имал и друга политика со која се противел на колонизацијата. Сметал дека Германија ќе добие меѓународна моќ и доминација во [[Европа]] со создавањето на Германија во средна Европа така што би превземал некои делови од територијата на [[Руско царство|Руското Царство]], што би довело до доволни економски ресурси и би остварило профит. Вилхелмовите напори за колонизација на неколкуте слободни територии во [[Африка]] и на [[Пацифик]]от наишло на големи критики од страна на германските [[Национализам|националисти]] и идниот нацистички лидер [[Адолф Хитлер]], затоа што пропуштил да направи Германско Царство кое би се темелело само на [[Европа|европските]] територии.
 
Германскиот колонијализам на Вилхелм II ја вовлекол Германија во многу конфликти. Првиот конфликт се случил за време на [[Боксерско востание|Боксерското востаине]] во Чјингдау. Кинеските цивили протестирале против германската власт во таа покраина. На овој чин, царот брзо одговорил со вооружен напад, говорејќи дела [[Кинези]]те мораат да ја запамтат германската моќ и сила на ист начин како што европските народи ги запамтиле [[Хуни]]те. Таа изјава на царот била употребувана многу пати во [[Првата светска војна]] и [[Втората светска војна]] за исмејување на Германија и германскиот народ. Друг случај бил кога насилната германска политика два пати скоро предизвикала војна со [[Франција]] околу прашањето за [[Мароко]].
Ред 183:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Поранешни држави во Европа]]
[[Категорија:Поранешни царства]]