Катерина Арагонска: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: Мариа → Марија using AWB
Ред 22:
}}
 
'''Катерина Арагонска''' ([[шпански]]: ''Catalina de Aragón y Castilla'', [[16 декември]], [[1485]] – [[7 јануари]], [[1536]], се нарекувала и Катарина) била [[принцеза на Велс]], како сопруга на Артур, принцот од Велс, и [[кралица на Англија]], како првата сопруга на кралот [[Хенри VIII од Англија]]. Шест месеци била и [[регент на Англија]], додека Хенри VIII бил во [[Франција]]. Во тој период, англичаните победиле во [[битка кај Флоден|битката кај Флоден]], настан во кој Катерина имала важна улога. Контраверзната книга ''Образованието на христијанските жени'' од [[Хуан Луис Вивес]], во која се тврдело дека жените имаат право на образование, била посветена на и одобрена од Катерина.
 
Желбата на Хенри VIII да го поништи својот 24-годишен брак, предизвикала низа настани кои довеле до одделување на Англија од [[Римокатоличка црква|Римската црква]]. Хенри бил незадоволен, бидејќи нивните синови не го преживеале детството, а имале и мртвороденчиња, со што [[Мери I од Англија]] станала единствената престолонаследничка. До тој период, жена никогаш не седнала на тронот, иако не постоел никаков закон против тоа. Кога папата Климент VII одбил да го поништи бракот, Хенри му се протиставил со тоа што станал врховник на [[Црква на Англија|црквата во Англија]]. Со ова успеал да се ожени со [[Ана Болејн]] без одобрението од папата, надевајќи се дека така ќе успее да добие машки престолонаследник. Катерина никогаш не го прифатила Хенри како врховник на црквата и се сметала себеси, како што мислел и остатокот од Англија и [[Европа]], за вистинската сопруга на Хенри VIII.
 
== Детство ==
[[Податотека:Catherine of Aragon as Mary Magdalene.jpg|thumb|лево|Катерина Арагонска претставена како Марија Магдалена од [[Мајкал Ситов]]]]
 
Кетрин се родила на [[16 декември]], [[1485]] год. во [[Алкала де Хенарес]], [[Мадрид]]. Таа била најмладото дете на [[Фердинанд II Арагонски]] и кралицата [[Изабела I Кастилјска]] кое го преживеало детството. Катерина била ситна во нејзината градба<ref>Antonia Fraser,''The Wives of Henry VIII', p.24</ref>, со златно-костенлива коса, големи сини очи, тркалезно лице и блед тен.<ref>Alison Weir'', The Six Wives of Henry VIII'',15</ref> Денес постојат многубројни портрети кои ја прикажуваат во нејзиното детство и тинејџерските години<ref>Hand & Wolff, 231-4 [http://books.google.co.uk/books?id=d_pZim9LVv8C&pg=RA1-PA134&lpg=RA1-PA134&dq=juan+de+flandres+Catherine+of+Aragon&source=bl&ots=s_w8BGnucD&sig=_ye4HEJNq-5iqkccRluT9vCzMAY&hl=en&ei=iFyZSqb5CYihjAejzPHDBQ&sa=X&oi=book_result&ct=result&resnum=4#v=onepage&q=&f=false Google books]</ref>. Таа е потомок, од страна на мајка си, од Англиското кралство, бидејќи нејзината прабаба [[Кетрин од Ланчестер]], од каде потекнува и нејзиното име, и нејзината пра-прабаба Филипа од Ланчестер биле ќерки на [[Џон од Гент]] и внуки на [[Едвард III од Англија]]. Всушност, следејќи ја оваа лоза, Кетрин му била трета братучетка на својот свекор, [[Хенри VII]], и четврта братучетка на нејзината свекрва, [[Елизабета Јоршка]].
 
Била подучувана од тутор, Алесандро Гералдини, кој бил службеник во редовите на црквата. Катерина учела за религијата, класиците, латинската историја, канонот и граѓанското право<ref>Antonia Fraser, ''The Wives of Henry VIII',p.12</ref>. Таа била образована во духот на религијата, и развила голема љубов кон верата која понатаму ќе игра важна улога во нејзиниот живот.<ref>Weir, p.20</ref> Таа научила да зборува, чита и пишува на шпански и латински, а зборувала и француски и грчки. Исто така, учела работи поврзани со домаќинството како што се: изработување гоблени, шиење, везење, музика и танцување. Подоцна, големиот научник Еразмо, изјавува дека Катерина „...сакаше добра литература која ја проучуваше уште од детството“.<ref>Maria Dowling,Humanism in the age of Henry VIII(Published 1986), p.17</ref>
 
Уште од мала, Катерина се сметала за соодветна сопруга на Артур, принцот од Велс, најстариот син на Хенри VII од Англија и наследник на тронот, поради нејзините истакнати англиски предци од страна на мајка ѝ, [[Изабела I Кастилјска]]. Од страна на мајка ѝ, Катерина имала предци на англискиот трон преку првите две сопруги на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер. Првата била [[Бланш од Ланчестер]], а втората, шпанската [[инфанта]], [[Констанца од Кастилија]], преку кои Џон сакал да го преземе кралството Кастилија. Од друга страна, [[Хенри VII од Англија]], бил потомок од бракот на Џон со третата сопруга, [[Кетрин Свинфорд]], чии деца биле родени надвор од бракот и признаени по смртта на Констанца и бракот меѓу Џон и Кетрин. Децата на Џон и Кетрин, и покрај тоа што биле веќе признаени, не можеле да го наследат англискиот трон. Поради ова, [[Тјудори|династијата Тјудор]] не била прифатена од сите кралства во Европа. Во тоа време, [[династија Трастамара|династијата Трастамара]] била најценетата поради владетелите кои биле големи католици. Поради ова, бракот меѓу Кетрин и Артур ја озаконил династијата Тјудор во очите на останатите европски кралства и ја зацврстила фамилијата Тјудор на престолот поради предците на Катерина Арагонска. Доколку постоел машки наследник, фамилијата Тјудор би имала неоспорен владетел на Англија. На [[19 мај]], [[1499]] година, Кетрин и Артур биле венчани одделно, а се допишувале на [[латински]] сè додека Артур не наполнил 15 години. На таа возраст било одлучено дека тој е доволно возрасен да стапи во брак.
 
== Сопруга и вдовица на Артур ==
[[Податотека:Michel Sittow 002.jpg|thumb|left|]]
Двојката за прв пат се сретнала на [[4 ноември]] во [[Догмерсфилд]], [[Хамшир]]. Не се знае многу за нивните први впечатоци, но Артур им напишал на родителите на Катерина дека ќе биде „вистински и добар сопруг“ и кажал на своите родители дека е неизмерно среќен што го „допрел лицето на својата прекрасна сопруга“. Тие бргу сфатиле дека не можат да зборуваат меѓусебе, бидејќи научиле различен изговор на латинскиот јазик.<ref>Antonia Fraser, ''The Wives of Henry VIII', p.25</ref> По десет дена, на [[14 ноември]], [[1501]] година, тие се венчале во катедралата Св. Павле. Откако се венчале, Артур го испратиле во замокот Лидлоу, кај границата на [[Велс]], за да го надгледува советот на Велс, бидејќи тоа била негова должност како [[принц на Велс]]. Бил придружуван од неговата невеста. По неколку месеци, двајцата се разболеле. Тој починал на [[2 април]], [[1502]] година.
 
Во тој момент, Хенри VII требало да го врати нејзиниот мираз кај татко ѝ. За да се избегнат компликациите, се договориле Катерина да се омажи за вториот син на Хенри VII, [[Хенри, војвода од Јорк|Хенри, војводата од Јорк]], кој бил пет години помлад од неа. Меѓутоа, со смртта на мајката на Катерина, нејзината ''вредност'' во бракот опаднала. Кастилија било многу поголемо кралство од [[Кралството Арагон]] кое го наследила нејзината ментално заостаната сестра, Јоана. Наводно, бракот бил одложен додека Хенри не порасне, но Хенри VII толку многу го оддолжувал поради неплатениот мираз, што не било сигурно дали воопшто ќе се случи бракот. Таа живеела како затвореник во Куќата Дурхам во [[Лондон]]<ref>Williams, p.15</ref>. Некои од нејзините писма напишани за татко ѝ во кои се жали за условите во кои живее, постојат и денес. Таа имала малку пари и се трудела да соработува бидејќи требало да мисли и за добросостојбата на своите придружнички.
 
Бракот со братот на Артур зависел од добивањето ослободување од папата поради блиската врска. Катерина сведочела дека нејзиниот брак со Артур никогаш не бил конзумиран. Во тоа време, таа работа не била толку важна, бидејќи папата ја имал моќта да ги одбие сите приговори, без разлика дали имаат или немаат религиска основа.
 
== Кралица на Англија (1509 – 1536) ==
{{Шаблон:Сопруги на Хенри VIII}}
Вториот брак на Катерина се случил на [[11 јуни]], [[1509]] година, седум години по смртта на Артур. Таа тогаш се омажила со веќе крунисаниот Хенри VIII на приватна церемонија одржана во црквата Гринвич. Таа имала 23 години, а кралот речиси 18.
 
Ред 53:
== Брак ==
 
На [[31 јануари]], [[1510]] година, Катерина родила мртвороденче. Синот Хенри, војводата на Корнвал, се родил на [[Нова година]], 1511 година. Тој починал по само 52 дена. Во 1513 година Катерина повторно забременила. Хенри ја назначил за [[регент]] кога тој заминал за [[Франција]] за некоја воена кампања. Кога Шкотланѓаните извршиле напад, Катерина им нанела пораз во [[битка кај Флоден|битката кај Флоден]]. Катерина му испратила писмо на Хенри, заедно со крвавото палто на кралот на Шкотланѓаните, [[Џејмс IV од Шкотска]], кој умрел за време на битката.
 
Катерина изгубила уште еден син кога Хенри се вратил од [[Франција]]. Или било мртвороденче или умрело по кратко време откако се родило. Во [[ноември]], [[1514]] година таа родила уште едно мртвороденче. На [[18 февруари]], [[1516]], Кетрин родила здраво женско дете. Ја нарекле Мери и ја крстиле три дена подоцна на голема церемонија во црквата на Капуцинерите. Во [[1518]] година Катерина останала бремена за последен пат. На [[10 ноември]] родила ќерка, но бебето по само неколку часа починало. Вкупно, Катерина била бремена шест пати.
 
Со текот на годините, интересот на Кетрин за религијата и науката се зголемиле. Таа продолжила да го зголемува своето знаење, а обезбедувала и обука за својата ќерка. Образованието на жените станало модерно, особено поради влијанието на Катерина. Исто така, таа донирала огромни суми на пари во некои колеџи. Сепак, Хенри продолжил да мисли дека најважно е да добие машки наследник. Династијата Тјудор била нова, и нејзината легитимност сѐ уште не била докажана. Последниот пат кога жена седела на тронот (ќерката на Хенри I, кралицата Матилда) избувнала [[граѓанска војна]] која траела многу долго. Ужасите од [[Војна на Розите|Војната на Розите]] сѐ уште се чувствувале.
 
Во 1520 година, внукот на Катерина, [[Чарлс V]], Светиот римски император, пристигнал во посета на [[Англија]]. Таа го терала Хенри да стапи во сојуз со Чарлс а не со Франција. Веднаш по неговото заминување, Катерина и Хенри заминале на прослава во Франција кај [[Франсис I]]. Во рок од две години, Англија објавила војна на Франција и императорот повторно бил добродојден во Англија. Имало и планови за венчавка меѓу него и ќерката на Катерина, Мери.
Ред 64:
[[Податотека:Catalina de Aragón, palacio de Lambeth.jpg|thumb|left|Портрет од последните години на Катерина]]
[[Податотека:Mary I by Master John.jpg|thumb|Катерина и нејзината ќерка Мери, никогаш Ана не ја прифатиле како кралица]]
Во 1525 година Хенри се заитересирал за [[Ана Болејн]], придружничка на кралицата Катерина, која била околу 10 или 17 години помлада од Хенри (не се знае нејзината точна дата на раѓање). Во тој период, Катерина не можела повеќе да раѓа деца. Хенри започнал да верува дека неговиот брак е проколнат и барал утеха во [[Библија|Библијата]]та.<ref>Scarisbrick, p.154.</ref> Тој протолкувал дека во Библијата е напишано дека доколку некој се ожени со вдовицата на својот брат тогаш никогаш нема да имаат деца. Иако нејзиниот брак со Артур не бил конзумиран (Катерина тврдела до крајот на својот живот дека се омажила за Хенри како девица), грубото толкување на тој дел од Библијата значело дека нивниот брак бил погрешен во очите на Бога. Прашањето дали папата во времето на свадбата меѓу Хенри и Кетрин имал право да го отфрли тој пасус, ќе стане главната причина за барање поништување на бракот пред новиот папа. Можно е идејата за поништување да му била предложена на Хенри многу порано и веројатно го сакал тоа поништување поради големата желба за син. Пред престолот да биде наследен од таткото на Хенри, Хенри VII, во Англија беснееле војни за превласт на тронот и можеби поради оваа причина, Хенри сакал да избегне слична несигурност со наследувањето на круната.
 
Наскоро, единствената желба на Хенри станала добивање на тоа поништување. Кога ѝ предложиле на Кетрин да се повлече во манастир таа одговрила дека „...Господ никогаш не ме повика во манастир, јас сум вистинската сопруга на кралот“. Хенри поднел молба до Светиот трон, независно од кардиналот [[Томас Вулзи]], кој не го ни известил за своите планови. [[Вилијам Најт]], секретарот на кралот, бил испратен кај [[папа Климент VII]] да бара поништување, бидејќи наводно одобрението од [[папа Јулиј II]] било добиено со измама.
 
Најт не можел лесно да стигне до папата бидејќи по ограбувањето на [[Рим]] во [[мај]] 1527 година, тој станал затвореник на внукот на Катерина, императорот [[Карло V]]. На крајот морал да се врати назад без некој позначаен напредок. Хенри немал многу избор. Морал да ја остави оваа работа во рацете на Вулзи, кој направил се што може за да ја реши ситуацијата во полза на Хенри. Вулзи дури и повикал црковен суд во Англија, со специјален делегат пратен од папата. Во претставата на [[Шекспир]], ''''Хенри Осми'''', опишано е како Кетрин се поклонува пред Хенри, го објаснува својот случај со непоборлива елоквенција и потоа си заминува од судницата, како еден пример за извонредна жена. Папата немал намера да дозволи случајот да се разреши во Англија, па така го повикал назад својот делагат. (Колку папата бил по влијание на имераторот, внукот на Кетрин, не се знае, но било јасно дека тој нема да дозволи поништување на бракот). Папата му забранил на Хенри повторно да се ожени сè додека не се донесе одлука во Рим. Во [[1529]] год. Вулзи не успеал во својата работа па поради тоа бил отстранет од должност. Тогаш, Вулзи започнал да работи на план за заговор за да ја протера Ана Болејн од земјата, па дури и почнал да се договара со самиот [[папа]]. Кога Хенри дознал за измамата, го уапсил и доколку не умрел од болест во 1530год. тој би бил погубен поради предавство. Една година подоцна, кралицата Кетрин била протерана од дворецот, а нејзините соби им биле доделени на Ана. Кога архиепископот од Кантербури, [[Вилијам Вархам]] починал, капланот на фамилијата Болејн, [[Томас Кранмер]] го зазел неговото место.
 
Кога Хенри одлучил да го поништи бракот со Кетрин, [[Џон Фишер]] станал нејзин доверител и еден од нејзините најголеми подржувачи. Тој се појавил во судот во нејзино име, каде ги шокирал присутните со својата директност и со изјавата дека исто како [[свети Јован Крстител]] и тој е подготвен да умре во име на веродостојноста на бракот. Хенри бил толку лут што напишал едно долго писмо до пратениците како одговор на изјавата на Фишер. Копијата на Фишер сѐ уште постои, со некои негови прибелешки од страна, со што се покажува дека не се плашел од Хенри. Иако на крајот Фишер бил тргнат од случајот, Хенри никогаш не му простил. Други луѓе кои ја подржувале Кетрин биле: [[Томас Мор]], [[Мери Тјудор]] (сестрата на Хенри), кралицата на Франција, [[МариаМарија де Салинас]], [[Чарлс V од Германија]], [[папа Павле III]], и протестанските реформатори: [[Мартин Лутер]] и [[Вилијам Тиндал]].
 
== Подоцнежните години ==
[[Податотека:Peterborough Katherine of Aragon.JPG|thumb|left|Гробот на кралицата на Англија]]
Кон враќањето во [[Довер]], по средбата со кралот [[Франсоа I]] во Кале, Хенри и Ана Болејн тајно се венчале. Постои можност Ана да била бремена. Некои подржувачи на Кетрин го сметале новиот брак за лажен. Ако бракот на Кетрин со Артур бил конзумиран, за што постои голема веројатност, Хенри VIII според канонското право можел повторно да се жени. На [[23 мај]] 1533, Кранмер го поништил бракот меѓу Кетрин и Хенри, а пет дена подоцна, на [[28 мај]] [[1533]] бракот меѓу Хенри и Ана го пргласил за валиден.
 
До крајот на нејзиниот живот, Кетрин се сметала себеси за вистинската сопруга на Хенри и едиствената [[кралица на Англија]]. Така ѝ се обраќале и нејзините верни поданици. Меѓутоа, единствената титула која Хенри ѝ ја дозволил било ,,[[принцезата Довагер од Велс]]”, признание на нејзината положба како вдовица на брат му.
 
Во [[1535]] Кетрин ја испратиле во далечниот и веќе распаднат замок [[Кимболтон]]. Затворена само во една соба, излегувајќи само за да слуша миса и постејќи поголемиот дел од времето, Кетрин се подготвувала за својот крај. Иако ѝ било дозволено да прима некои посетители, сепак не смеела да ја види ќерка си Мери. Меѓутоа, имало тајни симпатизери кои пренесувале писма меѓу мајката и ќерката. Хенри им понуди на двете подобро сместување и можност за средби само доколку ја признаат Ана за кралица. Тие не го стприле тоа.
 
Кон крајот на [[декември]] [[1535]], Кетрин ја претчувствувала смртта, па затоа го напишала својот [[тестамент]]. Му пишала и на својот внук, Чарлс V, да ја заштити нејзината ќерка, како и на Хенри, каде му се обратила како ,,''најдраг господару и сопруг''”.
Ред 88:
За време на владеењето на нејзината ќерка [[Мери I од Англија]], бракот меѓу неа и Хенри бил признаен за законски. Исто така, Мери наредила да се насликат неколку портрети од мајка ѝ. Драмата на [[Шекспир]] не вклучува значајни елементи за триаголникот Кетрин – Хенри – Ана. Во неа, Ана и Хенри се прикажани како наивни и невини за несреќата на Кетрин (мора да се има предвид дека драмата е пишувана за [[Елизабета I]], ќерката на Ана и Хенри, па морал да ја напиши на начин кој нема да биде навредувачки), а кардиналот Вулзи како главниот виновник за разводот, извртувајќи ја историјата за да изгледа како Ана да ја заменила Кетрин по нејзината смрт, а не порано. Приказната запира пред погубувањето на Ана. Претставата воопшто не го прикажува Хенри Тјудор како зол човек, што е една голема лага.
 
Нејзиниот гроб во катедралата Петербороу е до ден денес декориран со цвеќиња или калинки, нејзиниот хералдички симбол. На него пишува: ''Кетрин, кралица на Англија''. Во чест на Кетрин, [[Петербороу]] е збратимен со [[Алкала де Хенарес]], нејзиното родно место. Децата од училиштата во двата града, учат за меѓусебната историја, а уметници од Алкала де Хенарес одат до гробот на Кетрин за да го насликаат.
 
Во [[20 век]], сопругата на Џорџ V, кралицата Мери, го реновирал нејзиниот гроб и поставил знак на кој пишува дека Кетрин е кралица на Англија. Секоја година, во катедралата Петербороу се одржува миса во нејзина чест. На мисата која обележуваше 470 години од нејзината смрт, присуствувал и шпанскиот амбасадор. Службата започнала со поворка, предводена од градоначалникот. По службата, луѓето можеле да ги разгледаат нејзините портрети кои биле насликани од деца за ликовен натпревар. Во Алкала де Хенарес денеска полстои нејзин споменик, прикажувајќи ја како млада девојка со книга и роза во нејзините раце.
 
Во [[1942]], американскиот историчар [[Гарет Матингли]], напишал биографија за Кетрин од Арагон. Во [[1966]] година, Џон И. Пол напишал книга за Кетрин и нејзините подржувачи: ''''Кетрин од Арагон и нејзините пријатели''''. Во [[1967]], Мери М. Лук ја напишала првата книга од нејзината триологија за фамилијата Тјудор, ''Кралицата Кетрин'' во која е опишен нејзиниот живот и ерата во којашто живеела.
 
Пред некоја година, писателката Алисон Веир го опишала нејзиниот живот во книгата ''Шесте сопруги на Хенри VIII'', објавена за прв пат во [[1991]] година. Антонија Фрејзер го направила истото во нејзината книга објавена во 1992 година, која го имаше истиот наслов, како и британскиот историчар Дејвид Старки во книгата ''Шест сопруги: кралиците на Хенри VIII'', објавена во 2003год.
Ред 99:
 
Во текот на годините, многубројни уметници и книжевни работници твореле, пишувале и ја споменувале Кетрин во своите дела. Дури и нејзиниот сопруг Хенри VIII пишувал за неа, а [[Хуан Луис Вивес]] ѝ ја посветил ,,''Образованието на христијанските жени''”.
Кетрин од Арагон била играна и на филм, драми, книги, телевизија итн. па поради тоа е запаметена и ден денес. Досега немало филм или телевизиска серија во која таа е главна улога, иако има исклучок во првата епизода од ''''Шесте сопруги на Хенри VIII'''', приказна раскажана од нејзина гледна точка. Во нејзина улога се појави [[Анет Крозби]]. Исто така, има многубројни романи, песни, поеми напишани за неа. Претставата на Шекспир, ''Хенри VIII'', многу добро ја прикажува Кетрин, како и нејзината изјава на суд за валидноста на својот брак. Меѓутоа, остатокот од претставата е обид за ослободување од вина за мнозинството, особено за Хенри VIII (тој е прикажан како невин пион на кардиналот Вулзи, и претставата запира пред погувањето на Ана Болејн), а исто така, важни настани се или изменети или избегнати.
 
Иако на филм Кетрин е портретирана како типична Шпанка, со темна коса и очи и маслинест тен, сепак, постоечките портрети и современите описи ја опишуваат како жена со сини очи, блед тен и црвеникава коса, карактеристични црти за луѓето од Арагон, земјата на нејзиниот татко. Често ја играат со шпански акцент. Според доказите, тоа е точно бидејќи никогаш целосно не го совладала англискиот јазик. Покрај тоа, таа имала и англиско потекло, преку нејзините предци, Кетрин од Ланчестер и Филипа од Ланчестер, ќерки на Џон од Гент, првиот војвода од Ланчестер.
Ред 110:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Сопруги на Хенри VIII]]
[[Категорија:Англиски кралски придружнички]]