Ренесансна архитектура: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: Автоматизирана замена на текст (-скулптор +вајар)
с Правописна исправка, replaced: Мариа → Марија (7) using AWB
Ред 28:
===Висока ренесанса===
 
Во текот на високата ренесанса, биле развиени и користени концепти од античкото време со поголем залог. Најрепрезентативен архитект е [[Донато Браманте]] ([[1444]]-[[1514]]), кој ја проширил применливоста на класичната архитекура кај современите згради. [[Сан Пјетро ин Монторио]] ([[1503]]), е директно инспириран од кружните [[Римскиримски храм|римски храмови]]ови. Сепак, тој едвај бил роб на класичните форми и неговиот стил е тој кој што ќе доминира во италијанската архитектура во [[XVI век]]<ref>Arnaldo Bruschi. ''Bramante'' (London: Thames and Hudson, 1977).</ref>.
 
===Маниризам===
Ред 39:
{{Главна|Барокна архитектура}}
 
Како што новиот стил на архитектурата се ширел надвор од [[Италија]], повеќето други европски земји пред изградбата на целосно формулираните ренесансни згради, развиле еден вид на праренесансен стил. Секоја земја пресадила свои архитектонски традиции во овој нов стил, така што ренесансните објекти низ [[Европа]] се разликувале по регион. Во рамките на [[Италија]], еволуцијата на ренесансната архитектура во Маниризам, со широко дивергентни тенденции во делата на [[Микеланџело]], [[Џулио Романо]] и [[Андреја Паладио]], водела кон појавата на баркониот стил, во кој истиот архитектонски речник се користел за многу поинаква реторика.
 
Надвор од Италија, барокната архитектура била пораспространета и целосно развиена за разлика од ренесансниот стил со значајни објекти дури во [[Мексико]]<ref>[[Cathedral of Chihuahua]], 1725–1826</ref> и на [[Филипини]]те<ref>[[Basilica Minore del Santo Niño]], present structure 1735–39</ref>.
Ред 70:
[[Податотека:StPetersDomePD.jpg|thumb|Куполата на црквата Св. Петар, Рим. Волганг Штук, 2004]]
 
Куполата била доста застапена, и како многу голема структурна карактеристика видлива само од надворешноста и како средство за покривање помали простори видливи само од внатрешноста. Куполите ретко биле користени во средниот век, но по успехот на куполата во дизајнот на Брунелески за црквата Санта МариаМарија Дел Фиоре и неговата употреба во планот на Браманте за [[Базилика Свети Петар|црквата Св. Петар]] (1506) во [[Рим]], [[купола]]та станала неопходен елемент во црковната архитектура, а подоцна и во секуларната архитектура, како кај вилата [[Вила ротонда|Ротонда на Паладио]].<ref>A major use of this feature is great dome of the [[US Capitol Building]] (begun 1856) in [[Washington DC]] and all the subsequent State Capitals buildings in the [[Renaissance Revival]] style.</ref>
 
'''Плафони'''
Ред 79:
 
'''Прозорци'''
[[Податотека:Palazzo Strozzi cortile.JPG|thumb|left|Предворјето на палатата Стоци, Фиренца]]
 
Прозорците можат да бидат поврзани и поставени во рамките на еден полукружен лак. Може да имаат правоаголни горни греди и триаголни или сегментални корнизи, кои често се користеле наизменично. Симболична во овој поглед е палатата Фарнезе ([[1517]]) во [[Рим]]. Во маниристичкиот период, понува да се употребува “Паладијанскиот” лак, користејќи мотив од високи полукружни отвори на врвот обградени со два долни правоаголни отвора. Прозорците се користат за да се даде поглед, да се внесе светлина во градбите и во домашната архитектура. Витражот иако понекогаш користен, сепак не е карактеристичен.
Ред 114:
'''Религиозни'''
[[Податотека:Melozzo da Forlì 001.jpg|thumb|[[Папа Сикст IV]], 1477, градител на [[Систинска капела|Систинската капела]]. Фреска од [[Мелоцо да Форли]] во [[палатата Ватикан]].]]
 
Враќањето на папата од Авињон во 1377 година и новите истакнувања на Рим како центар на христијанската духовност, донеле налив на градење цркви во Рим, каков што немало речиси илјада години. Ова започнало во средината на 15-тиот век и станало поинтензивно во XVI век, достигнувајќи го својот врв во барокниот период. Изградбата на Систинската капела со нејзините уникатно важни декорации и целосната обнова на Свети Петар, една од најважните христијански цркви, биле дел од овој процес.
Ред 120:
Во богатата и републиканска Фиренца, поттикот за градење цркви бил повеќе граѓански отколку духовен. Недовршената состојба на огромниот соборен храм посветен на Пресвета Богородица, не направила никаква чест за градот под нејзина заштита. Меѓутоа, како што биле пронајдени технологија и финансии за да се доврши, зголемувањето на куполата не претставувало само чест за Пресвета Богородица, нејзиниот архитект и црквата туку и за изворот на работната сила, односно еснафите и секторите на градот. Куполата инспирирала повеќе верски објекти во Фиренца.
 
'''Филозофски'''
 
[[Податотека:Zaccaria in the temple by dghirlandaio.jpg|thumb|left|Четворица филозофи на хуманизмот под покровителство на Медичи : [[Марсилио Фачино]], [[Кристофоро Ландино]], [[Анџело Полициано]] and [[Деметриус Калкондилес]]. Фреска од [[Доменико Гјарландио]].]]
 
Развојот на печатените изданија, разоткривањето на древните списи, проширувањето на политичките и трговските контакти и истражувањето на светот, сето тоа довело до поголемо знаење и желба за едукација.
 
Читањето филозофски книги, кои не биле засновани на христијанската теологија, довело до развојот на хуманизмот, преку кој било јасно дека Господ го воспоставил и го одржува редот во универзумот, а улогата на човекот е да го воспостави и да го одржува редот во општеството.<ref>J.R.Hale, ''Renaissance Europe, 1480–1520'', 1971, Fontana ISBN 0006324355</ref>
 
'''Граѓански'''
 
[[Податотека:Jacopo Pontormo 055.jpg|thumb|[[Козимо де Медичи]], шеф на банката Медичи, спонзорирал граѓански програми за градење. Постхумен портрет од [[Понтормо]].]]
 
Преку хуманизмот, граѓанската гордост и промовирањето на граѓанскиот ред и мир биле видени како обележја на државјанството. Ова довело до изградба на објекти како што е Болницата на Невините на Брунелески, која со својата елегантна колонада формирала врска помеѓу хуманитарниот објект, плоштадот и Лаврентијската библиотека, каде што научниците ги користеле колекциите од книги донирани од смејството Медичи.<ref name= Gardner>[[Helen Gardner (art historian)|Helen Gardner]], ''Art Through the Ages'', 5th edition, Harcourt, Brace and World.</ref>
 
Големи црковни објекти биле нарачани, но не од страна на црквата туку од еснафите, со цел да се претстави моќта и богатството на градот. Куполата на катедралата во Фиренца на Брунелески, припаѓала на луѓето од градот повеќе од било кој друг објект, бидејќи изградбата на секој од осумте сегменти бил постигната со помош на различни сектори на градот.
Ред 143:
За време на ренесансата, архитектурата станала прашање не само на праксата туку и прашање за теоретска дискусија. Печатењето одиграло голема улога во ширењето на овие идеи.
 
* Првата расправа за архитектурата била „[[De Re Aedificatoria|За уметноста на градењетo]]“ од [[Леон Батиста Алберти]] во [[1450]] година. До одреден степен го следела ракописот "За Архитектурата" на Витрувиус, кој бил откриен во [[1414]] година во една библиотека во [[Швајацарија]]. Во [[1485]] година "''За уметноста на градењетo''" станала првата печатена книга за архитектура.
* [[Себастијано Серлио]] (1475 – 1554) напишал многу важен текст, од кој првиот том се појавил во [[1537]] година во [[Венеција]] со наслов “''Општи правила на архитектурата''”. Познат е како “''Четврта Книга''”, бидејќи е четврта по ред во оригиналниот план на Серлио за расправа во седум книги. Но само пет книги биле објавени.
* Во [[Венеција]], [[1570]] година, [[Андреја Паладио]] (1508–1580) ја објавил “[[Четири книги за архитектурата]]”. Оваа книга била насекаде печатена и до голем степен била одговорна за ширењето на идеите на ренесансата низ [[Европа]]. Сите овие книги не биле наменети за читање и проучување само од страна на архитектите, туку и од страна на покровителите.
Ред 159:
Се забележало дека градбите кои останале помеѓу урнатините на антички Рим почитувале едноставен математички ред на начин на кој готските градби не го правеле тоа. Едно неспорно правило ја водело цела античка римска архитектура – еден полукружен свод е точно два пати поширок од неговата висина. Фиксен дел со импликации од такви размери не се појавил никаде во готската архитектура. Еден готски лак можел да биде проширен нагоре или пак срамнет до било кој дел кој одговарал на локацијата. Сводови од различни агли често се појавувале во рамките на иста структура. Немало поставени правила на пропорција кои би се применувале.
 
[[Податотека:Firenze.Duomo05.JPG|thumb|left|upright|Куполата на црквата [[Санта МариаМарија дел Фиоре]]]] Од набљудувањето на архитектурата на Рим произлегла желба за симетрија и внимателна пропорција во која формата и композицијата на градбата во целост и сите нејзини пропратни детали ќе бидат во фиксни односи, секој дел во пропорција со следниот, а архитектонските обележја ќе служат за да се дефинира што точно значат овие правила на пропорцијата. Брунелески се здобил со поддршката на многу богати покровители од Фиренца, како Козимо де Медичи и еснафот за преработка на свила.
 
'''Катедралата во Фиренца'''
 
[[Податотека:Einblick LH2 San Lorenzo Florenz.jpg|thumb|right|upright|Црквата Сан Лоренцо]]
 
Првиот голем архитектонски проект на Брунелески била огромната купола од тули што го опфаќала централниот дел од катедралата во Фиренца која е дизајнирана од [[Арнолфо ди Камбио]] во XIV век но останала без покрив. Иако често опишувана како првата градба на ренесансата, сепак смелиот дизај на Брунелески ги користи прочуениот готски лак и готските ребра. Се чини дека иако стилот е готски и во согласност со самата градба, структурата на куполата е правена по налик на познатата купола од Антички Рим, што Брунелески го искористил во потрагата по решение.
 
Куполата на Пантеон некогаш претставувала кружен храм, а денес е црква. Од внатрешната страна, куполата е вдлабната што во голема мера ја намалува тежината. Вертикалните прегради на вдлабнатините ефикасно послужиле како ребра, иако визуелно не доминираат. На врвот на куполата на Пантеон има отвор во пречник од 8 метри. Брунелески бил свесен дека купола од огромни размери би можела да биде конструирана и без темелник. Куполата во Фиренца е прицврстена со осум големи ребра и уште 16 внатрешни ребра поддржувајќи конструкција од тули накрсно наредени. Иако применетите техники се различни, и двете куполи во пракса сочинуваат густа мрежа на ребра кои поддржуаат многу полесни и потенки празнини, а и двете имаат големи отвори на врвот.
Ред 190:
Св. Андреја е исклучително динамична градба и однадвор и одвнатре. Нејзината фасада е обележана со екстремни контрасти. Проекцијата на редоследот на пиластри кои ги дефинираат архитектонските елементи, кои во основа се нефункционални, е многу плитка. Ова е во спротивност со длабоко вградениот лак кој што прави колонада од столбови пред главната врата. Големината на овој лак е во директен контраст со двата ниски квадратни отвора кои што го урамуваат. Светлото и сенката делуваат драматично на повшината на објектот поради плиткоста на корнизите и длабочината на порталот. Во внатрешноста Алберти не ги користел традиционалните патеки и странични бродови. Наместо тоа се забележува бавна и величенствена прогресија на наизменични високи лакови и ниски правоаголни влезови, следејќи го мотивот на “триумфален лак” од фасадата.
 
[[Податотека:Santa Maria Novella.jpg|thumb|left|Фасадата на [[Санта МариаМарија Новела]], 1456–70.]]Две од најпознатите градби на Алберти, палатата Рушелаи и Санта МариаМарија Новела, се наоѓаат во Фиренца. Кај палатата Рушелаи, Алберти користел класични редови на столбови на фасадата во три нивоа. Било барано од него да ја заврши и декорацијата за фасадата на Санта МариаМарија Новела. Дизајнот го завршил во 1456 година, но градбата останала недовршена се до 1470 година.
 
На долниот дел од објектот имало вдлабнатини во готски стил и типични полихромни мермерни украси. Морало да се земе во предвид и големиот окуларен прозорец кој бил поставен на крајот од страничниот брод. Алберти едноставно имал почит кон она што до тогаш било сработено и кон фирентинската традиција на употребата на полихром, која верно била одразена во црквата Св. Јован , една од најпознатите градби во градот. Кружните мотиви, кај кои се повторува формата на полукружен прозорец, и редовните прегради створиле еден вид распоред во декорацијата, која во суштина била рамна и најчесто од полихромен мермер.
 
На долниот дел од објектот имало вдлабнатини во готски стил и типични полихромни мермерни украси. Морало да се земе во предвид и големиот окуларен прозорец кој бил поставен на крајот од страничниот брод. Алберти едноставно имал почит кон она што до тогаш било сработено и кон фирентинската традиција на употребата на полихром, која верно била одразена во црквата Св. Јован , една од најпознатите градби во градот. Кружните мотиви, кај кои се повторува формата на полукружен прозорец, и редовните прегради створиле еден вид распоред во декорацијата, која во суштина била рамна и најчесто од полихромен мермер.
 
За првпат Алберти успеал да ги поврзе ниските покриви од страничните бродови со помош на два големи свитоци. Ова подоцна ќе стане стандардно ренесансно средство за решавање на проблемот на покривите со различни висини и за премостување на просторот помеѓу хоризонталните и вертикалните површини.
Ред 201 ⟶ 200:
[[Image:Venezia - Ospedale - Foto G. Dall'Orto, 2 lug 2006 - 03.jpg|thumb|[[Училиштето Сан Марко]], [[Венеција]]]]
 
Во XV век, судовите на одредени италијански држави станале центри каде што се ширела ренесансната филозофија,архитектура и уметност.
 
Во Мантова, во дворецот на Гонзага, Алберти дизајнирал две цркви, Св. Андреја и Сан Себастиано.
Ред 207 ⟶ 206:
Со новата изградена војводска палата, градот Урбино станал важен центар. Со неколку нови изградени палати како палатата од дијаманти и палатата Шифаноја за Борсо д’Есте, границите на Ферара под покровителство на Есте биле проширени. Во Милано под покровителство на Висконти е изградена Чертоза ди Павија, а подоцна под покровителство на Сфорца и Кастело Сфорческо.
 
Во Венеција, Сан Цакарија ја добила својата ренесансна фасада, чија изработка била започната во 1480-тите години од Антонио Гамбело и Мауро Кодуси. Џовани МариаМарија Фалконето, архитект-вајар од Верона, ја претставил ренесансната архитектура во Падуа со своето дело Лоџиа Корнаро во градината на Алвис Корнаро.
 
Во јужниот дел на Италија, ренесансните мајстори биле повикани во Неапол од страна на Алфонсо V од Арагон, по неговото освојување на Кралството Неапол. Најзначајни примери на ренесансна архитектура од овој град биле капелата Карачиоло која му се припишува на Браманте, и палатата Орсини ди Гравина, изградена од Габриеле д’Анџело помеѓу 1513 и 1549 година.
Ред 218 ⟶ 217:
[[Податотека:Milano Grazie 1.JPG|thumb|Св. Марија на благодарноста, Милано.]]
 
[[Донато Браманте]] ([[1444]]–[[1514]]), бил роден во [[Урбино]] и преминал од сликарство на архитектура. Повеќе од 20 години бил под покровителство на [[Лудовико Сфорца]], војвода од [[Милано]], за кого изградил голем број на објекти. По падот на [[Милано]] и неговото завземање од страна на [[Французи]]те во [[1499]] година, Браманте заминал за [[Рим]], каде што постигнал голем успех под покровителство на [[папа]]та<ref name= I.R.>Ilan Rachum, ''The Renaissance, an Illustrated Encyclopedia'', 1979, Octopus, ISBN 0706408578</ref>
 
Најдоброто архитектонско достигнување на Браманте во [[Милано]], бил неговиот прилог на крстосница и хор за црквата [[Црква Санта Марија деле Грацие|Св. Марија на благодарноста]]. Тоа било конструкција од тули, чија форма е правена според северната италијанска традиција на крстилници или цркви со правоаголни сводници. Новата зграда била централно планирана, освен што поради локацијата, заградениот простор источно од [[олтар]]от се протегал подалеку од страничните [[бродо]]ви. Полукружниот свод поставен попреку на околу 20 метри, поткрева скриен октогонален тапан продупчен на горната површина со заоблени класични отвори. Целиот екстериер има исцртани детали украсени со локалната теракотна орнаментија.
Ред 227 ⟶ 226:
 
===Сангало===
[[Податотека:Palais Farnese.jpg|thumb|left| [[Палатата Фарнезе]], [[Рим]] (1534–1545). Дизајнирана од [[Antonio da Sangallo the Younger|Сангало]] и [[Микеланџело]].]]
 
[[Антонио да Сангало Помладиот]], ([[1485]]–[[1546]]), потекнувал до семејство на воени инжињери. Неговиот вујко, Џулиано да Сангало, бил тој кој доставил план за обновата на [[Базилика Свети Петар]] и на некој начин бил ко-директор на проектот заедно со Рафаел<ref name= I.R. />.
Ред 250 ⟶ 249:
 
Најпознатото дело на Перуци е [[палата Масимо|палатата Масимо]] во [[Рим]]. Невообичаен елемент од оваа градба е нејзината [[фасада]] која нежно се искривува околу улицата со кривини. Во своето приземје има темна централна колонада од столбови поставена паралелно со улицата како еден полузатворен простор. Над ова се издигнуваат три неиздиференцирани катови, од кои двата горни се со идентични мали хоризонтални прозорци поставени во тенки рамни рамки кои се во еден чуден контраст со длабокиот портал, кој од врмето на неговата изградба служел како засолниште за сиромашните од градот.<ref name= Pevs>[[Nikolaus Pevsner]], ''An Outline of European Architecture'', Pelican, 1964, ISBN unknown</ref>
<br {{clear=all>}}
 
===Џулио Романо===
Ред 259 ⟶ 258:
===Микеланџело===
 
[[Микеланџело Буонароти ]] ([[1475]]–[[1564]]), бил еден од креативните гиганти чии дела ја одбележале високата ренесанса. Бил брилијантен во сите полиња на сликарството, скулптурата и архитектурата, а неговите достигнувања довеле значајни промени во секоја област. Неговата архитектонска слава се должи на две градби : ентериерот на [[Лаврентиска библиотека|Лаврентиската библиотека]] како и нејзиното лоби во манастирот Сан Лоренцо во [[Фиренца]] и базиликата Свети Петар во Рим.
 
Св. Петар била „''најголемата творба на ренесансата''“<ref name=BF />, за што биле заслужни голем број архитекти со своите вештини. Но при нејзиното завршување, дизајнот на Микеланџело бил најмногу застапен од дизајнот на кој било друг архитект.
Ред 265 ⟶ 264:
[[Податотека:Petersdom von Engelsburg gesehen.jpg|thumb|Црквата Св. Петар]]
 
Планот на Браманте за поставување на камен-темелник на Св. Петар бил усвоен во [[1506]] година. Низата архитекти кои го наследиле Браманте направиле различни промени на планот, но Микеланџело, кога го презел проектот во [[1546]] година, се навратил на планот на Браманте за поставување [[грчки крст]] и ги редизајнирал столбовите, ѕидовите и куполата давајќи им масивни пропорции на пониските носечки елементи , а елиминирајчи ги страничните бродови кај затворениот простор и идентичните трансепти. [[Хелен Гарднер]] вели: „Со неколу потези на четката Микеланџело ја претворил комплексноста на снегулката во масовна кохезивна целина“.<ref name= Gardner/>
 
[[Купола]]та на Микеланџело била дизајнерско ремек-дело, направена од два големи ѕидарски оклопи,поставени еден во друг, крунисани со една голема осветлена купола прицврстена на ребра, како што е традицијата во Фиренца. За надворешноста на градбата тој дизајнирал огромен редослед кој го дефинирал секој надворешен отвор, а целиот имот бил прицврстен со еден широк корниз кој непрекинато се протега околу целата градба како брановидна панделка.
Ред 284 ⟶ 283:
[[Џакомо дела Порта]] ([[1533]]–[[1602]]), бил познат како архитектот кој ја довел до реализација куполата на црквата Св. Петар. Промените во изгледот на куполата како модел и изградената купола, довело до шпекулации за тоа дали овие промени оригинално потекнувале од дела Порта или Микеланџело.
 
Дела Порта скоро цела своја кариера ја поминал во [[Рим]] градејќи вили, палати и цркви во манаристички стил. Едно од неговите најпознати дела била фасадата на [[Црква Ил Гезу|црквата ил Гезу]], проект кој го наследил од својот учител [[Барози да Вињола]].
 
Повеќето карактеристики на оригиналниот дизајн се задржани но суптилно изменети со цел повеќе тежина да се даде на централнио дел над влезната врата каде што дела Порта помеѓу другите мотиви искористил низок триаголен корниз прекриен со сегментален корниз.
Централниот дел, сличен како тој на Св. Андреја во Мантова, е базиран на триумфален свод, но има две јасни хоризонтални поделби како тој на Санта МариаМарија Новела. Проблемот со поврзувањето на патеките со страничниот брод бил решен со свитоците на Алберти, во споредба со решението на Вињола со кое се добило многу помали загради и четири статуи поставени над поврзаните пиластри кои визуелно ги влечеле надоле аглите на зградата. Влијанието на овој дизајн може да се забележи кај барокните цркви низ [[Европа]].
 
===Андреја Паладио===
Ред 312 ⟶ 311:
==Ширењето на ренесансната архитектура надвор од Италија==
{{Главна|Северна ренесанса }}
[[Податотека:Chambord-wide-2004.jpg|thumb|Француска ренесанса: [[Шамбор]] (1519–39)]]
 
[[XVI век]] бил век на политичката надмоќ на [[Франција]] и [[Шпанија]], а подоцна и на [[Холандија]], [[Англија]], [[Германија]] и [[Русија]]. Како резултат на тоа, овие земји почнале да го увезуваат ренесансниот стил како показател на нивната нова културна позиција. Ова исто значело дека од 1500-тата година, па и подоцна, почнале да се појавуваат знаците на ренесансниот архитектонски стил надвор од Италија. Иако италијанските архитекти биле мошне барани, како [[Себастијано Серлио]] во [[Франција]], [[Аристотиле Фиораванти]] во [[Русија]] и [[Франческо Фиорентино]] во [[Полска]], наскоро не-Италијанците азпочнале со изучување на италијанската архитектура и ја преведувале со свои сопствени идиоми. Меѓу нив биле [[Филберт де л’Орме]] (1510–1570) во [[Франција]], [[Хуан Батиста де Толедо]] (починал 1567) во Шпанија и [[Иниго Џонс]] (1573–1652) во [[Англија]].<ref name= Jan />
 
Книги или печатени украси со врежани илустрации на планови и орнаменти биле многу важни во ширењето на ренесансниот стил во Северна [[Италија]], во кое помогнале и автори како [[Андрует ду Черчу]] во Франција, [[Ханц Вредеман де Вриес]] во Холандија и можеби најекстремниот, германецот [[Вендел Диетерлин]] и неговата книга "''Архитектура од 1593-1594''".
Ред 320 ⟶ 319:
===Франција===
{{Главна|Францска ренесансна архитектура}}
За време на првите години од [[XVI век]] [[Французи]]те биле вклучени во војните во северниот дел на [[Италија]], па така не само што богатствата на ренесансната уметност ги вратиле во Франција како свој воен плен туку донеле и нови стилистички идеи.
 
Во долината на [[Лоара]], или "''Градината на Франција''", се осетил бран на нови градби и многу ренесансни замоци се појавиле во тоа време, како еден од најрано изградените бил замокот Амбоиз каде [[Леонардо да Винчи]] ги поминал последните години од својот живот.
Ред 330 ⟶ 329:
Како и на сликарството така и на ренесансната архитектура и требало време за да стигне во Холандија, каде што сепак не ги заменила готските елементи во целост. [[Конели Флорис де Вриндт]], архитект под директно влијание на италијанските мајстори, го дизајнирал Градското собрание на [[Антверпен]], кое било завршено во [[1564]] година.Стилот кој бил познат и како “''Антверпен маниризам''”, чија целокупна структура на градбите била слична на градбите на доцниот готски стил но со поголеми прозорци и понатрупани декорации и детали во ренесансен стил, бил доста влијателен скоро низ цела Северна Европа, како на пример елизабетанската архитектура, и е дел од поширокото ширење на северниот маниризам.
 
Во почетокот на [[XVII век]] на [[Холандска Република|Холандската Република]], [[Хендрик де Кисер]] одиграл важна улога во развојот на ренесансниот стил во [[Амстердам]], кој имал локални карактеристики вклучувајќи ја и распространетоста на високи и тесни градски куќи, холандскиот фронтон и воведувањето на декоративен триаголен корниз наместо врати и прозорци кај кои врвот се издига многу пострмно отколу во останатата ренесансна архитектура но во согласност со фронтонот.
 
Делканите камени детали, карактеристика со оригинално потекло од школата на Франција. често биле неприкладни. Оваа карактеристика била пренесена во Англија.<ref name=BF /><ref name= W&M>Robert Erich Wolf and Ronald Millen, ''Renaissance and Mannerist Art'', 1968, Harry N. Abrams.</ref>
Ред 355 ⟶ 354:
{{Главна|Шпанска ренесансна архитектура}}
[[Податотека:Ventana2.jpg|left|thumb|Ескоријал, Шпанија.]]
Во [[Шпанија]] ренесансата започнала да се пресадува на готските форми во последните децении на [[XV век]]. Новиот стил бил наречен Платереске поради екстремно украсената фасада, која потсетувала на комплексно деталните дела на Платерос. Класичните редови и канделабра мотивите биле слободно искомбинирани во симетрични целини.
 
Од средината на [[XVI век]], под влијание на архитекти како [[Педро Макуча]], [[Хуан Батиста де Толедо]] и [[Хуан де Херера]] се забележувало поблиско придружување кон уметноста од Стариот Рим, понекогаш дури бил надминат и маниристичкиот стил. Примери за ова биле палатата на Чарлс V во Гранада и [[Ескориал]].<ref name=BF /><ref name=A.M /><ref name= W&M />
Ред 362 ⟶ 361:
{{Главна|Португалска ренесансна архитектура}}
[[Податотека:Evora-GracaChurch1.jpg|thumb|upright|Црквата Грача во [[Евора]], Португалија (1530-1540).]]
Како и во Шпанија, прифаќањето на ренесансниот стил во [[Португалија]] се одвивало бавно. Таканаречениот рачен стил (1490-1535), ренесансните елемнти преку површна примена на живописни орнаменти ги соединил со готските структури, слично како кај готската Изабела од Шпанија. Во примерите на рачен стилот спаѓаат кулата Белем, дефанзивна градба во готска форма украсена со лоѓии во ренесансен стил и [[Црква Јеронимо|црквата Јеронимо]] со ренесансни орнаменти, украсени портали, столбови и засводени ходници.
 
Првите „''чисти''” ренесансни градби се појавиле во времето на кралот Јаков III, како на пример капелата [[Носа Сенхора да Кончеичао во Томар]] (1532-1540), Порта Еспециоза на катедралата Коимбра и црквата Грача во Евора (1530-1540), како и засводените ходници на катедралата Визеу (1528-1534) и Манастирот на Исус во Томар (John III Cloisters, 1557–1591). Лисабонските градби на [[Црква Свети Рок (Лисабон)|црквата Свети Рок]] (1565-1587) и [[Црква Сао Висенте де Фора|манастирот Сао Висенте де Фора]] (1582–1629), извршиле силно влијание врз црковната архитектура во Португалија и нејзините столбови во следните векови.<ref name=BF />
Ред 368 ⟶ 367:
===Полска===
{{Главна|Полска ренесансна архитектура}}
[[Податотека:Krakow-Wawel-Courtyard.jpg|left|thumb|Дворот на [[замокот Вавељ]] пример за првиот период од полската ренесанса]]
 
Полската ренесансна архитектура се дели на три периоди. Првиот период (1500–1550) бил таканаречениот "''италијански период''". Повеќето од ренесансните градби биле изградени од страна на италијански архитекти вклучувајќи ги [[Франческо Фиорентино]] и [[Бартоломео Береци]] (дворот Вавељ, [[Сигизмундска капела]]).
 
Во вториот период (1550–1600), со почетоците на маниризмот и влијанието на Холандија, особено во [[Померанија]], ренесансната архитектура станала позастапена. Меѓу најпознатите градби биле салата Ново Платно во Краков и градските собранија на Тарнов, Сандомирц, Келм (срушен) и на Познан како најпознато. Во третиот период (1600–1650), зголемената моќ на Језуитите и на борбата против реформацијата го поттикнале развојот на маниристичката архитектура и барокот<ref>Harald Busch, Bernd Lohse, Hans Weigert, ''Baukunst der Renaissance in Europa. Von Spätgotik bis zum Manierismus'', Frankfurt af Main, 1960<br />Wilfried Koch, ''Style w architekturze'', Warsaw 1996<br />Tadeusz Broniewski, ''Historia architektury dla wszystkich'' Wydawnictwo Ossolineum, 1990<br />Mieczysław Gębarowicz, ''Studia nad dziejami kultury artystycznej późnego renesansu w Polsce'', Toruń 1962</ref>.
Ред 384 ⟶ 383:
Принцот [[Иван III (Русија)|Иван III]] со поканувањето на голем број архитекти од [[Италија]], кои со себе донеле новите градежни техники и ренесансни стилски елементи но и се придружувале до традиционалните дизајни на руската архитектура, ја вовел ренесансната архитектура во Русија. Во [[1475]] дошол архитектот [[Аристотеле Фиораванти]] од Болоњезе со цел да изврши обнова на [[Катедрала на Успението (Москва)|Црквата на Успението]] во [[Москва]], [[Московски Кремљ|Кремљ]], која била оштетена од [[земјотрес]]. Како модел му била посочена [[Катедрала на Успението (Владимир)|Црквата на Успението]] од [[XII век]] во [[Владимир]]. Комбинирајќи го традиционалниот руски стил со ренесансното чувство за пространост, пропорција и симетрија тој произвел нов стил.
 
Во [[1485]] година Иван III нарачал градење на кралскиот дворец Терем во рамките на Московскиот Кремљ, а првите три ката му биле доделени на архитектот [[Алозио да Милано]]. Алозио да Миално, како и другите италијански архитекти, во голема мера придонел за [[Кремљски ѕидини|ѕидовите]] и [[Кули на Московскиот кремљ|кулите]] во Кремљ.
 
Малата сала за банкети на рускиот крал, наречена [[Палата на аспекти]] поради многустраноста на нејзиниот горен спрат, покажува повеќе италијански стил и е дело на италијанските архитекти [[Марко Руфо]] и [[Пјетро Соларио]]. Италијанецот во Русија познат како Алевиз Фрајцин во [[1505]] година изградил 12 цркви за Иван III, вклучувајќи ја и [[Архангелска катедрала|катедралата Архангел]], значајна по нејзиното успешно спојување на руската традиција, православните барања и ренесансниот стил.
Ред 405 ⟶ 404:
{{рв|REnaissance architecture}}
*[http://www.greatbuildings.com/types/styles/renaissance.html Ренесансна архитектура]
 
 
{{Избрана}}
Ред 412 ⟶ 410:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Историја на архитектурата]]
[[Категорија:Ренесансна архитектура]]