Савџи-бег: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 16:
Кога отоманските Турци го освоиле Едрене или Адријанопол, византискиот цар [[Јован V Палеолог]] апелирал до Западот за помош. Но, тој бил уапсен во [[Венецијанска Република|Венеција]]. Неговиот син Андроник, подоцна Андроник IV Палеолог одбил да плати откуп па Јован морал да се откаже од островот [[Тенедос]] по кое бил пуштен на слобода. По овој настан, Јован како свој престолонаследник го ставил неговиот помплад син Мануел, подоцна [[Мануел II Палеолог]].
 
Во [[1371]] година, Јован морал да се признае како вазал на османлискиот султан [[Мурат I]], а [[Византија]] во тоа време опфаќала територии околу [[Цариград]], [[Солун]] и мал дел од денешна [[Грција]]. Во 1373 година Јован и Мурат започнале војна против своите синови. Савџи-бег бил најмлад од синовите на Мурат и знаел дека шансите да стапи на престолот се минимални<ref>Nicolae Jorga: ''Geschiste des Osmanichen'' vol I, (trans: Nilüfer Epçeli) Yeditepe Yayınları, 2009, {{ISBN|975-6480-18-1}}, p 235</ref>.
 
Една кратка хроника од [[1377]] година соопштува дека Андроник во мај 1373 година го напуштил [[Цариград]] бегајќи од сопствениот татко и се сретнал со султановиот син. Бунтот започнал на [[25 мај]], но истиот бил задушен уште пред да започне. На [[29 септември]] [[1373]] година востание повторно подигнал султановиот син, по кое Мурат го заробил и наредил да биде ослепен, а Андроник бил затворен. Вестите за овој сојуз стигнале до [[Папа|папата]] во [[Рим]], кој во следните години го нарекол „''сојуз на нечестта''“, и покрај тоа што папата претходно не сакал да му помогне на византискиот цар<ref>Lord Kinross: ''The Ottoman Centuries'', (Trans. by Nilifer Epçeli) Altın Kitaplar, İstanbul,2008, {{ISBN|978-975-21-0955-1}} p.49</ref>.
 
Во [[1376]] година најверојатно со помош на [[Република Џенова|Џенова]], Андроник заедно со неговиот син и сопруга успеале да побегнат од затворот. Со помош на Отоманците тие успеале да влезат во Цариград и да ги поразат неговиот татко и брат Мануел и Теодор и да ги затворат. Како знак на благодарност тој ја дал својата сестра на отоманскиот султан. Султанот исто така го посакал Галиполи и Андроник му го предал полуостровот во 1377 година. Освен тоа, царот му платил и огромен данок.