Росоман: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од Magdalena Trajkovska) и ја поврати преработката 3942591 на Vase20000
с Јазична исправка, replaced: == Економија == → == Стопанство == using AWB
Ред 18:
За потеклото на името на Росоман постојат различни легенди. Според една, некој трговец патувал со жена му од Прилеп кон Стоби, но патем застанувал во секој [[ан]], а жена му, со име Роса, постојано го карала за неговата неодговорност. Во тоа време, луѓето немале часовници, па затоа со себе си носеле мали петлиња, кои со своето кукурикање ги потсетувале на времето. Знаејќи за навиката на својот маж, Роса му ставила петле во торбата, но му го врзала клунот за да не може да пее. Така, човекот тргнал на пат, но петлето никако не пеело, така што тој постојано одел понатаму, без да направи одмор. Во мугрите, тој пристигнал до [[ан]]от кој се наоѓал на местото на денешнито Росоман и дури тогаш забележал што му направила жената. Сфаќајќи дека бил насамарен од жена му, тој почнал да офка: Росо аман, Росо аман...Оттогаш, сите трговци, кога се договарале каде да се чекаат, на шега велеле „кај Росо аман“ и така местото го добило името Росоман.
 
Според друга легенда, си била една убава девојка Роса, која сакале да ја потурчат. Не сакајќи да го прифати тоа, таа се фрлила во [[Црна Река]] и според нејзиното име, местото било наречено Росоман.
 
Постои и трета легенда, според која, најголемиот недостаток (маана) на Росоманското поле е [[роса]]та, која често ги зафаќа ливадите. Оттука, со спојување на именките роса и маана настанало името Росоман.<ref name="XIX 2015">Светлана Дарудова, „Пругата од Солун за Скопје го затворила пристаништето во Росоман“, ''Дневник'', година XIX, број 5752, вторник, 28 април 2015, стр. 12.</ref>
 
== Историja ==
За време на Отоманската империја, во близината на Росоман се наоѓало едно од двете речни пристаништа во Македонија. Од пристаништето во Росоман се превезувале земјоделски производи до Солун, а во Росоман имало и барутарница. Пристаништето било најактивно во втората половина на 19. век, кога Росоман бил означуван како „варошица“, со полуградски тип, бидејќи во него имало чаршија со дуќани. Значењето на Росоман започнало да опаѓа со изградбата на железничката пруга од Солун до Скопје во 1873 година, а особено по 1888 година, кога била изградена пругата кон Србија. Иако со послаба активност, пристаништето функционирало до 1912 година.<ref>Светлана Дарудова, „Пругата од Солун за Скопје го затворила пристаништето во Росоман“, ''Дневник'', година name="XIX, број 5752, вторник, 28 април 2015, стр. 12.<"/ref>
 
== Географиja и местоположба ==
Росоман е [[село]] коешто се наоѓа во Росоманското Поле, по долното течение на [[Црна Река]]. Низ Росоман поминува патниот правец Р-106 кој, преку [[Прилеп]] и [[Битола]] води за [[Охрид]], а до сите населби постојат локални асфалтирани патишта. Населбата е оддалечена 13 километри северно од [[Кавадарци]], 22,5 северозападно од [[Неготино]] и 32 километри северно од [[Велес]].
 
== ЕкономијаСтопанство ==
 
== Демографија ==
Ред 181:
== Надворешни врски ==
* [http://www.opstinarosoman.gov.mk/index.html Општина Росоман]
 
 
{{Општина Росоман}}
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Росоман