Ново Село (штипска населба): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с Јазична исправка, replaced: == Економија == → == Стопанство == using AWB
Ред 17:
== Географиja и местоположба ==
[[Податотека:Школото во кое учителствувал Гоце Делчев во Штип9.jpg|мини|лево|Училиштето во Ново Село во кое во периодот од 1894-1896 учителствувал [[Гоце Делчев]]]]
Ново Село се наоѓа во урбаното штипско подрачје и претставува предградие на [[Штип]]. Приодот до Ново Село е по течението на реката [[Отиња]], која во самото село се влева во Брегалница. Селото е сместено на двете страни од [[Брегалница]] при што поголемиот дел е на левата страна. Веднаш над Ново Село се наоѓа ридот на којшто е изградена штипската тврдина, [[Исар (Штип)|Исарот]].<ref name="ReferenceA">Александар Матески, „Ново Село“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 232, октомври 2017, стр. 106.</ref>
 
== Историja ==
[[Податотека:Stara Kukja Novo Selo.JPG|мини|лево|Традиционална архитектура во Ново Село]]
 
Ново Село е една од најстарите населби во [[Штип]]. Иако нема прецизни податоци за нејзиното формирање, се претпоставува дека Ново Село постоело како посебна населба уште пред [[13 век|XIII век]], а за тоа сведочат бројните цркви од тој период, меѓу кои е и црквата [[св. Спас]], која е најстарата црква во околината на Штип. Во текот на XIII и [[14 век|XIV век]], Ново Село било вакаф на султанот [[султан Бајазит|Бајазит]], а потоа, во времето на султанот [[султан Мурат|Мурат]], Ново Село било прогласено за војничка и чуварска населба, со што добило посебни права и привилегии. Според пописот од [[1519]] година, во Ново Село живееле 21 христијански семејства. Во пописните дефтери од 1570 година, во Ново Село биле регистрирани 30 христијански семејства, и 5 неженети, христијани. Бидејќи се попишувале само главите на семејствата, се споменуваат следниве имиња:
 
Пејо Поп, Стојко Нове, Нове Ѓуро, Стојко Донко, Марко Сиромах, Никола Станко, Михаил Стојко, Јован поп, Мицко Крагуј, Стојко Дејан, Димитри Данчо, Младен Изломиран, Бејто Сиромах, Павле Петко, Пејо Светко, Петко Никола, Илија Васил, Велчо Говедар, Ѓорѓ(е) Јове, Павле Дојчин, Миле Петро, Јован Војо, Никола Војо, Велчо Пројко, Бејто Домазет, Никола Папуџија, Стојко Продан, неженет, Стојко Дојчин, неженет, Јован Велчо, неженет, Миле Дојчин, неженет, Томчо Папуџија, неженет. <ref>Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од  1570 година, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр.75</ref>
 
Во [[19 век|XIX век]], Ново Село имало важна улога во будењето на националната свест и борбата против турското ропство, особено со доаѓањето на [[Дамјан Груев]] и [[Гоце Делчев]], кои во Ново Село работеле како учители.<ref>''ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот''. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 42-43.</ref>
 
== ЕкономијаСтопанство ==
 
== Демографија ==
Ред 34:
[[Податотека:Sv. Troica - Novo Selo cropp.jpg|мини|десно|Црквата „Св. Троица“ во Ново Село]]
 
Според пописот во 2002 година, населбата Ново Село има над 3.636 жители, сите [[Македонци]].<ref>Александар Матески, „Ново Село“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 232, октомври 2017, стр. 106.<name="ReferenceA"/ref>
 
== Општествени институции ==
Ред 43:
== Културни и природни знаменитости ==
;Цркви<ref>{{цитирана книга|last=Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски|title=Карта на верски објекти во Македонија|editor=Валентина Божиновска|publisher=Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи|location=Менора - Скопје|date=2011|isbn=978-608-65143-2-7|language=македонски}}</ref>
* [[Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Ново Село|„Успение на Пресвета Богородица“]] - главната селска црква, завршена во [[19 век]]. Таа е дело на [[Андреја Дамјанов]], а во неа посебно се истакнува [[балдахин]]от.<ref>Александар Матески, „Ново Село“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 232, октомври 2017, стр. 106.<name="ReferenceA"/ref>
*[[Црква „Вознесение Христово“ - Ново Село|„Вознесение Христово“]] - изградена е 1369 година од војвода Димитрие;
*[[Црква „Св. Јован Крстител“ - Ново Село|„Св. Јован Крстител“]] - мала еднокорабна [[Црква (објект)|црква]], изградена високо на карпите од десната страна на патот Штип - Ново Село;
Ред 59:
;Друго
*[[Музеј на ВМРО за Штип и штипско (1893-1934)]] — отворен на [[20 декември]] [[2014]] година кој се наоѓа во старата Андонска куќа.<ref>''Љ.Ш., „Утре во Ново Село ќе биде отворен музеј со восочни фигури на револуционери“, ''Дневник'', година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 21.''</ref>
* Гимназиската зграда во која е сместен ректоратот на [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]].<ref>Александар Матески, „Ново Село“, ''Економија и бизнис'', година 19, број 232, октомври 2017, стр. 106.<name="ReferenceA"/ref>
 
== Редовни настани ==