Ивана Вулета: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: language=српски → language=sr using AWB
Ред 47:
{{MedalSilver|[[Континентален куп во атлетика 2014|2014 Маракеш]]|скок во далечина}}
}}
'''Ивана Шпановиќ''' (родена на 10 мај 1990) е [[Србија|српска]] атлетичарка која се натпреварува во дисциплината [[скок во далечина]]. Таа е моментален европски шампион во сала во својата дисциплина.
 
Во 2013 година, таа станала првата српска атлетичарка која освоила медал на [[Светско првенство во атлетика|Светско првенство]]. Таа е сопственик на српските рекорди во дисциплините: скок во далечина (на отворено и во сала), 60 метри во сала и седмобој.
 
Шпановиќ е актуелна европска шампионка од првенствата на отворено и во сала. Нејзин тренер е Горан Обрадовиќ и таа е член на атлетскиот клуб Војводина од [[Нови Сад]].<ref>{{cite news|last=|first=|title=AK Vojvodina - O klubu|url=http://www.akvojvodina.rs/o-klubu.html|accessdate=10 April 2015|newspaper=AK Vojvosina|date=2015-04-10|language=српскиsr}}</ref>
 
==Кариера==
Првиот медал во кариерата Шпановиќ го освоила на Светското кадетско првенство во 2007, каде со прескокнати 6.41 метри го освоила сребрениот медал. На Светското јуниорско првенство во 2008, таа го освоила златниот медал откако успеала да прескокне 6.61 метри, а веќе следната година се закитила и со златниот медал на [[Летна универијада 2009|Летната универзијада]] која се одржала во [[Белград]]. Шпановиќ исто така била успешна и на Европското јуниорско првенство кое се одржало во [[Нови Сад]], на кое таа успеала да го подобри својот личен рекорд на 6.71 метри со што го освоила сребрениот медал.
 
На [[Летни олимписки игри 2012|Летните олимписки игри 2012]] во [[Лондон]], Шпановиќ успеала да се пласира во финалето во дисцииплината скок во далечина, но во него завршила на последното 11. место.
Ред 64:
Во 2015 година, таа го освоила својот прв сениорски златен медал, на [[Европско првенство во атлетика во сала 2015|Европското првенство во сала 2015]], во [[Прага]], прескокнувајќи нов државен рекорд од 6.98 метри. На [[Светско првенство во атлетика 2015|Светското првенство 2015]], таа го освоила бронзениот медал постигнувајќи нов сопствен и државен рекорд од 7.02 метри.
 
Во 2016 година, во текот на сезоната во сала, Шпановиќ го освоила сребрениот медал на Светското првенство во сала подобрувајќи го својот државен рекорд двапати, 7.00 (во првата серија) и 7.07 (во петтата серија). Таа константно била во водство во сите серии на скокови но го загубила златниот медал во шестата серија на скокови кога американката [[Бритни Рис]] прескокнала 7.22 метри. Во сезоната на отворено, Шпановиќ најпрво го освоила златниот медал на Европското првенство со прескокнати 6.94 метри, а потоа на [[Летните олимписки игри 2016]] го освоила бронзениот медал со нов државен рекорд од 7.08 метри. Овој медал бил прв медал за Србија во атлетика по шеесет години.
 
Во 2017 година, таа го освоила златниот медал на Европското првенство во Белград, прескокнувајќи 7.24 метри, скок кој е трет најдолг во историјата на дисциплината, и најдобар во последните 28 години.<ref>[http://www.gol.mk/odbojka/shpanovikj-so-istoriski-skok-od-724-metri-go-odbrani-zlatoto-od-praga ВИДЕО: Шпановиќ со историски скок од 7.24 метри го одбрани златото од Прага] 5 март 2017; gol.mk</ref>