Трошок: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
 
== Трошоците како економска категорија==
Економската теорија ги набљудува трошоците од аспект на употребата на факторите на производството. Оттука, под трошоци се подразбираат цените на факторите на производството (материјалите, [[капитал]]ните добра и [[труд]]от) кои се употребуваат за [[производство]]то на определено количество од некој производ.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 155.</ref> Иако од практична гледна точка, трошоците ги претставуваат паричните издатоци кои се плаќаат за потрошените фактори на производството, набљудувано од економски аспект, зад паричните трошоци стојат реалните трошоци на производството кои ги претставуваат работниот напор и жртвата на учесниците во производството како и изгубеното време (чекањето) за да се добие определен производ во иднина.<ref>Alfred Marshal, ''Principles of Economics''. Amherts, New York: Prometheus Books, 1997, стр. 168.</ref> За разлика од [[сметководство]]то, во економијата под трошок се подразбира максималниот износ што производнито фактор може да го оствари при некоја друга употреба, односно трошокот ја претставува најповолната пропуштена добивка што може да се оствари при алтернативна употреба на [[Фактори на производство|производниот фактор]].<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 104-105.</ref> Притоа, економската наука прави разлика меѓу приватен и општествен трошок. На пример, ако една фабрика ја загадува околината, трошоците предизвикани од загадувањето не претставуваат трошок од аспект на фабриката, но тие мора да бидат вклучени во вкупните трошоци набљудувани од аспект на [[општество]]то. Оттука, за економистите се важни општествените трошоци. Според теоремата на [[Роналд Коуз]], во услови на [[Совршена конкуренција|совршена конкуренција]], приватните и општетсвенитеопштествените трошоци се еднакви.<ref>George J. Stigler, ''The Theory of Price'', third edition. New York: The Macmillan Company, 1966, стр. 110-113.</ref>
 
== Трошоци според производните елементи ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Трошок