Разлика помеѓу преработките на „Шведски јазик“

Одземени 7 бајти ,  пред 1 месец
с
clean up, replaced: |language=Swedish → |language=sv using AWB
(embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information)
с (clean up, replaced: |language=Swedish → |language=sv using AWB)
'''Шведскиот''' (svenska) е [[Северногермански јазици|северногермански јазик]], од јазичното семејство на [[индоевропски јазици]], кој се зборува од околу 10 милиони луѓе,<ref name=speakers>{{cite web | title = Ethnologue report for Swedish | url = http://www.ethnologue.com/show_language.asp?code=swe | accessdate = 2009-02-09}} gives the number of 8,789,835, but is based on data from 1986. Sweden has currently a population of 9.5 million (2012 census), and there are about 290,000 native speakers of Swedish in Finland {{cite web | title = Statistics Finland – Population Structure | url = http://www.stat.fi/tup/suoluk/suoluk_vaesto_en.html | accessdate = 2009-02-09}}, based on data from 2007), leading to an estimate of about 9 to 10 million.</ref> воглавно во [[Шведска]] и [[Финска]]. Јазикот е сроден и многу сличен со [[норвешки]]от и [[дански]]от. Шведскиот моментално е најголемиот северногермански јазик по број на говорници.
 
Стандардниот шведски е национален и официјален јазик во Кралството Шведска и се базира на [[централношведски дијалекти|централношведските дијалекти]]. Шведскиот е официјален јазик и во Финска. Стандардната норма почнала да се развива во 19 век, а веќе во раниот 20 век бил стандардизиран. Зборовниот редослед на шведскиот јазик е [[подмет-прирок-предмет]], но овој редослед може понекогаш и да се измени. Шведската морфологија е слична со англиската, односно јазикот има неколку инфлекции, два рода, два падежа и два броја. Во јазикот постојат [[номинатив]]от и [[генитив]]от, но можат да се пронајдат и остатоци од [[акузатив]]от и [[датив]]от.
 
== Класификација==
 
Шведскиот е индоевропски јазик, кој е дел од подгупата на [[северногермански јазици]] од групата на [[германски јазици]]. Во рамките на северногерманските јазици, шведскиот е дел од [[источноскандинавски јазици|источноскандинавските јазици]], заедно со [[дански]]от. Дел од [[западноскандинавски јазици|западноскандинавските јазици]] се [[Фарски јазик|фарскиот]], [[Исландски јазик|исландскиот]] и [[Норвешки јазик|норвешкиот]]. Сепак, скорешни истражувања ја потврдуваат класификацијата на ''островски скандинавски јазици'' (фарски и исландски) и ''континентални скандинавски јазици'' (дански, норвешки и шведски).
 
Поради големата сличност меѓу континенталните скандинавски јазици, тие може да се сметаат за дијалекти на еден заеднички скандинавски јазик. Сепак, поради големото ривалство меѓу Данска и Шведска, вклучително и серија војни во 16 и 17 век, во 19 и 20 век се пројавиле националистичките идеи и со тоа јазиците се стекнале со различни правописни норми, вклучително и речници, граматики и регулаторни тела. Јазичарите понекогаш тврдат дека данскиот, норвешкиот и шведскиот сочинуваат [[дијалектен континум]] на еден (скандинавски) јазик.<ref name="crystal">{{Harvnb|Crystal|loc=''Scandinavian''}}</ref>
 
== Статус==
Шведскиот е официјално главен јазик во Шведска.<ref>{{cite web|url=http://www.sprakforsvaret.se/sf/fileadmin/PDF/spraklagen_200509.pdf|title=Språklagen|date=2009-07-01|work=Språkförsvaret|language=Swedishsv|accessdate=2009-07-15}}</ref><ref>{{cite web|url=http://www.thelocal.se/20404/20090701/|title=Swedish becomes official 'main language'|last=Landes|first=David|date=2009-07-01|work=The Local|publisher=thelocal.se|accessdate=2009-07-15}}</ref> Јазикот долго време се употребувал во локалната и државна власт, како и во образованието, но не бил прогласен со закон како официјален јазик во државата до 2009 година.
 
Шведскиот е официјален јазик во [[Оланд]] во Финска. Јазикот е исто така официјален на целата територија на Финска, покрај финскиот. Шведскиот е исто така официјален јазик во [[Европска Унија|Европската Унија]] и работен јазик во [[Нордиски совет|Нордискиот совет]].
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Шведски јазик|*]]