Македонска граматика: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот и вратена преработката 3575885 на P.Nedelkovski
с правописна исправка, replaced: зајаци → зајци using AWB
Ред 2:
{{македонски јазик}}
'''Македонска граматика''' — дел од науката за [[македонскиот јазик]], позната како [[македонистика]], која ги изучува формите и значењата на граматичките елементи во системот.
Македонската граматика се занимава со опишување, изучување и класификација на сложениот систем составен од [[Именки во македонскиот јазик|именки]], [[Глаголи во македонскиот јазик|глаголи]], [[Придавки во македонскиот јазик|придавки]], [[Предлози во македонскиот јазик|предлози]], [[Прилози во македонскиот јазик|прилози]], [[Заменки во македонскиот јазик|заменки]], [[Извици во македонскиот јазик|извици]], [[Честички во македонскиот јазик|честички]], [[Модални зборови во македонскиот јазик|модални зборови]] и [[Македонски броеви|броеви]]. Паралелно со тоа, оваа јазична дисциплина се дели на неколку големи гранки, во зависност од темата која се изучува, па така има [[Правопис на македонскиот јазик|правопис]] и [[Акцент во македонскиот јазик|правоговор]], [[Морфологија на македонскиот јазик|морфологија]], [[Синтакса на македонскиот јазик|синтакса]], [[Фонетика на македонскиот јазик|фонетика]] и [[Фонологија на македонскиот јазик|фонологија]], [[Лексикологија на македонскиот јазик|лексикологија]], [[Лексикографија на македонскиот јазик|лексикографија]], [[Стилистика на македонскиот јазик|стилистика]], [[Македонска дијалектологија|дијалектологија]] и [[Ономастика на македонскиот јазик|ономастика]].
 
Граматиката на [[македонскиот јазик]] и [[Македонски дијалекти|неговите говори]] била изучувана подолг период во минатото. Како прва печатена граматика на македонскиот јазик се јавува „[[Слогница речовска]]“, издадена во [[1880]] година во [[Софија]] од македонскиот преродбеник и револуционер [[Ѓорѓија Пулевски]].<ref>[http://www.manu.edu.mk/roots/roots.htm Ѓорѓија Пулевски] на страницата на МАНУ.</ref> „Слогница речовска“ е еден од првите обиди за опис на современата македонска граматика, која требало да излезе во неколку делови и била наменета за општо изучување на јазикот. Покрај „Слогница речовска“, важно е да се наведе и првата печатена македонска граматика во слободна [[Македонија]], односно граматиката на [[Круме Кепески]] издадена во [[1945]] година веднаш по стандардизирањето на јазикот. Меѓу овие две граматики се јавуваат и други значајни обиди за печатење на македонската граматика, кои се фокусирале на класификацијата и опишувањето граматика за општото изучување на јазикот. Денес постојат поголем број печатени македонски граматики, печатени на македонски или на некој од светските или европските јазици.
Ред 11:
{{Main|Историја на македонскиот јазик}}
 
Македонскиот јазик е јазик на [[Македонци]]те, официјален јазик во [[Македонија]] и малцински, службен јазик во [[Албанија]]. Јазикот го зборуваат над 3 милиони луѓе во Македонија, [[Грција]], [[Бугарија]], [[Албанија]] и во македонската дијаспора. Јазикот според лингвистичката категорија спаѓа во групата на [[јужнословенски јазици]] на [[словенските јазици]].
 
На територијата што денеска ја зазема, а што во блиско минато била поширока, македонскиот јазик се формирал од говорите на македонските племиња кои ја населувале територијата на [[етничка Македонија]], па се длабоко во териториите на денешните Грција, Бугарија и Албанија, но со самиот развој на државите тој регион се стеснал и македонските говори во тие краишта полека почнале да се заменуваат со други јазици. Денес во Албанија, македонски јазик се зборува најмногу во [[Мала Преспа]], [[Голо Брдо]] и скоро сите погранични места со Република Македонија. Во [[Приморска Македонија]], македонскиот јазик денес се зборува најмногу ви окрузите [[Воден (округ)|Воден]] и [[Лерин (округ)|Лерин]], а до релативно скоро бил застапен на најголемиот дел од нејзината територија. Во Бугарија, македонскиот јазик се зборува во [[Пиринска Македонија]] (од помалку од 3% од населението)<ref>[http://www.nsi.bg/Census/MotherTongue.htm Попис 2001]</ref>, а во [[Србија]] се зборува во пограничниот регион со Македонија и во областа Гора во [[Косово]].<ref>Историја на македонскиот јазик, Блаже Конески, стр: 7, Култура, Скопје, 1967</ref>
Ред 21:
{{Главна|Правопис на македонскиот јазик}}
 
[[Правопис]]от и [[правоговор]]от, познати како ''ортографија'' и ''ортоепија'', се стандардните јазични норми на секој јазик со кои се наведува правилниот говор и правилното пишување.
 
Под правопис се подразбира правилен начин на пишување т.е. правилна употреба на графичките знаци и на [[интерпункција]]та во даден јазик, како и правилна примена на сите законитости според кои се утврдуваат правилата. Сето ова се сфаќа како унифициран збир на правила за пишување на зборовите. Правоговорот се дефинира како правилен изговор на напишаното и на кажаното. Правоговорот налага секој зборувач на еден јазик да ги почитува правоговорните норми. Правописот на македонскиот јазик од моментот на својата стандардизација претрпел неколку измени, односно имало мали измени во правописот во [[1945]], [[1950]], [[1970]] и [[1998]] година.{{ref|Opsta}}
Ред 38:
 
Македонската азбука е официјално писмо на територијата на [[Македонија]]. Писмото е [[кирилица|кирилично]], со одредени прилагодувања во согласност со македонскиот фонетски систем. Современата македонска азбука се базира врз кириличната азбука на [[Крсте Петков Мисирков]], а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на [[Вук Караџиќ]], иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени ''графите'' за буквите ''љ'', ''њ'' и ''џ'', а сите останати специфичности се според препораките на [[Крсте Петков Мисирков|Мисирков]]. Истите букви присутни се и во азбуката на [[Крсте Петков Мисирков]], но со графички симболи л' и н'. Важно е да се напомне дека од азбуката на [[Вук Караџиќ]] се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.
 
 
<center>
Ред 104 ⟶ 103:
|
|}
{{IPA|[ə]}} (темен глас) се јавува во некои дијалекти и неколку изолирани примери, каде се означува со апостроф (’).
 
Самогласките во двосложни зборови се изговараат (реализираат) како долги, на пр. „се“ {{IPA|/sɛ/}} и сее {{IPA|/sɛː/}}.
Ред 186 ⟶ 185:
Македонскиот акцент е динамичен или ''експираторен'' и определен. Македонскиот акцент секогаш паѓа на третиот слог од крајот на зборот за третосложни или повеќесложни зборови (пр. ''тáт-ко-то'', ''тáт-ков-ци'', ''тат-кóв-ци-те'', ''ма-кé-до-нец''), на вториот слог на двосложни зборови (пр. ''дé-те, мáj-кa, тáт-ко'') и на единствениот слог кај едносложните зборови (пр. ''рóг, с'рп, к'рв''). {{ref|Opsta}}
 
При зголемување на бројот на слоговите кај еден ист збор, акцентот го менува слогот, при што пак се води сметка тој да биде на третиот слог од крајот на зборот.{{ref|Opsta}} Така имаме: '''учител - уч'ителот - учит'елите'' и сл.
 
;Отстапувања од третосложното акцентирање има:
Ред 217 ⟶ 216:
Зборовите во секој јазик претставуваат одделни единки, но според некои карактеристики тие се поврзани меѓу себе, формирајќи помали или поголеми групи. Така, тие можат да бидат поврзани според значење, според форма, според службата во реченицата итн. Така поврзаните зборови создаваат зборовни групи или класи. Во науката за јазикот има различен број класификации, но најчести се значенската или ''семантичка'', формалната или ''морфолошка'' и функционална или ''синтаксичка'' класификација.{{ref|Opsta}}
 
Според значенската класификација, во македонскиот јазик има единаесет зборовни групи и тие се: ''именки, придавки, броеви, заменки, глаголи, прилози, предлози, сврзници, честички, извици, и модални зборови.''
 
Според морфолошката класификација, единаесетте зборовни групи се класифицираат во две групи и тоа на менливи и неменливи зборовни групи. Менливите зборовни групи ја менуваат својата форма заради морфолошките потреби, а неменливите не. Менливите зборови ги опфаќаат: ''именки, придавки, броеви, заменки и глаголи'', додека неменливите ги опфаќаат ''прилозите, предлозите, сврзниците, честичките, извиците и модалните зборови''.
 
Според синтаксичката класификација зборовите се делат на полнозначни или отворени зборовни групи и службени или лексички и службени или функционални зборови. Во полнозначните се вметнуваат ''именките, придавките, броевите, заменките, глаголите, прилозите и модалните зборови'', додека во службените се вметнуваат ''предлозите, сврзниците, честичките и извиците''. Во вистинска самостојност се изделуваат именките, глаголите и дел од заменките (именските), а другите самостојни зборови имаат ограничена синтаксичка независност{{ref|Opsta}}.
Ред 225 ⟶ 224:
== Именки ==
{{Главна|Именки во македонскиот јазик}}
Именките се зборови со кои се означуваат суштества, предмети, појави и поими. Основен белег на именките во македонскиот јазик е определеноста. По традиција, именките се делат на општи и сопствени.
 
=== Определеност и неопределеност ===
[[Граматички член|Членот]] во македонскиот јазик е [[постпозитивен член|постпозитивен]], т.е. доаѓа како [[наставка]] на именката. Членовите во македонскиот јазик се само определени, односно нема неопределен член во македонскиот јазик. Карактеристично само за македонскиот јазик е тоа што има три форми на определен член, единствен словенски јазик со три определени члена. Определениот член има број и род.
 
* Членот -''ов'', -''ва'', ''во'' итн. служи за укажување на предмети блиски до говорителот: ''човеков'' (''овој овде'')
* Членот -''он'' итн. - за укажување на пооддалечени предмети, но во опсегот на нашите сетила: ''човекон'' (''оној онаму'')
 
* Членот -''от'' итн. иде најчесто во служба на општо определување, без однос спрема неговата пространствена позиција, но ќе се рече: ''на ти ја книгава'' (''оваа до мене''), ''дај ми ја книгана'' (''онаа што ја гледаме двајцата малце понастрана''); и од друга страна: ''дај ми ја книгата'' (''таа што е до тебе'', ''таа што ја држиш'') (членот -''от'' изразува и пространствено определување во случај кога се зборува за предмет што се наоѓа во дофатот на второто лице).
* Членот -''он'' итн. - за укажување на пооддалечени предмети, но во опсегот на нашите сетила: ''човекон'' (''оној онаму'')
 
* Членот -''от'' итн. иде најчесто во служба на општо определување, без однос спрема неговата пространствена позиција, но ќе се рече: ''на ти ја книгава'' (''оваа до мене''), ''дај ми ја книгана'' (''онаа што ја гледаме двајцата малце понастрана''); и од друга страна: ''дај ми ја книгата'' (''таа што е до тебе'', ''таа што ја држиш'') (членот -''от'' изразува и пространствено определување во случај кога се зборува за предмет што се наоѓа во дофатот на второто лице).
 
Само определени се сопствените именки и тие не се членуваат (''Петре'', ''Скопје'', ''Вардар'' итн.), но: ''Совчето'', ''Марето'', ''Надето'' (нијанса на интимност); ''Вардарот''.
Ред 267 ⟶ 264:
* на самогласка -''а'': ''слуга'', ''судија'';
* на самогласка -''о'': ''татко'', ''дедо'';
* на самогласка -''е'': ''вујче'', ''Јане'', ''Миле''
 
'''[[Вокатив]]''' (форма за повикување) се образува од општата форма на именката со наставка -''у'' или-''е'': ''мажу'', ''ќелешу'', ''коњу'', ''крају'' итн.; ''бику'', ''волку'', ''смоку'', ''човеку'' (и ''човече''), ''јунаку'' (и ''јуначе''), но: ''боже'', ''друже'', ''оче''; ''господине'', ''пријателе'', ''мајсторе'' (кај повеќесложните именки); од именката ''господ'': ''господи'', покрај ''господе''.
 
Машки и роднински имиња:
Ред 276 ⟶ 273:
* на -о: ''Велко'',
* на -а: ''Коста'',
* на -и: ''Методи'' (во народниот јазик обично ''Методија'').
 
Примери: ''Зборував со Стојана'', ''со Петрета'', ''со Велка''; ''Го видов Стојана'' итн.
 
Множински форми како: ''Петревци'', ''Велковци'' итн.
 
Роднински имиња:
Ред 286 ⟶ 283:
* на -''е'': ''вујче'', ''тате'', ''чиче'', ''брате''. Тие именки се деминутивни образувања со силен израз на интимност;
* на -''о'': ''вујко'', ''дедо'', ''стрико'', ''татко'', ''чичко''
* на -''а'': ''шура''
 
Форми на множината:
Избројана множина: ''три дена'', ''неколку дена''; ''два петла''; ''два кладенца'' итн.
 
Обична множина: ''Македонец'' - ''Македонци''; ''граѓанин'' - ''граѓани'', ''селанец'' - ''селани'', ''скопјанец'' - ''скопјани'', но ''Германец'' - ''Германци''; ''Турчин'' - ''Турци''; ''старец'' - ''старци''; ''театар'' - ''театри''; ''Грк'' - ''Грци''; ''ден'' - ''дни'', ''денови''; ''смок'' - ''смоци'', ''смокови''; ''крст'' - ''крстови''; ''леб'' - ''лебови''; ''нож'' - ''ножеви''; ''крај'' - ''краеви'', но: ''кеј'' - ''кејови''; ''крал'' - ''кралеви'' и ''кралови''; ''зет'' - ''зетеви'' и ''зетови''; ''меч'' - ''мечови''; ''ветар'' - ''ветрови''; ''оган'' - ''огневи'' и ''огнови'';
 
Збирна множина: ''дол'' - ''долишта''; ''крај'' - ''краишта''; ''роб'' - ''робје''; ''кол'' - ''колје''; ''друм'' - ''друмје''; ''камен'' - ''камење'', ''камења''; ''ремен'' - ''ремење'', ''ремења'' итн.; ''град'' - ''градје''; ''рид'' - ''ридје''; ''пат'' - ''патје''; ''паќе'' (=''патови'').
Ред 301 ⟶ 298:
# Имињата на -''ја'': ''Марија'' - ''Марије'', ''Маријо'';
# ''сваќа'' - ''сваќе''; ''попаѓа'' - ''попаѓе''
# Сите други именки на -''а'' образуваат [[вокатив]] само на наставка -''о'': ''душо'', ''жено'', ''Ангелино'' итн.; ''кума-лисо''
 
Губењето на вокативната форма е покарактеристично за именките од машки род на -''а'' (''војвода''), но и кај именките од женски род (''Емилија'', ''Мимоза'', ''Лиза''; ''Вера'' место ''Веро'').
 
Форми на множината:
Ред 311 ⟶ 308:
;Среден род
# на -''о'': ''село'', ''вретено'';
# на -''е'': ''поле'', ''лице'', ''лозје''.
 
Формите за множина: на -''а'': ''села'', ''лета'', ''вретена'';
* Посебни форми: ''рамо'' - ''рамена''; ''око'' - ''очи''; ''уво'' - ''уши''; ''небо'' - ''небеса'' (''неба''); ''чудо'' - ''чудеса'' (''чуда'');
* Збирна множина: ''крило'' - ''крила'', ''крилје'';
 
Образување на множината од именките на -''е'': на -''је'', -''ие'', -''це'': множина на -''а'': ''лозје'' - ''лозја'', ''влијание'' - ''влијанија'', ''лице'' - ''лица''; сите други именки на -''е'' во множината ја добиваат наставката -''иња'': ''пиле'' - ''пилиња''; ''име'' - ''имиња''; ''море'' - ''мориња'';
Ред 413 ⟶ 410:
:''Го положив ли испитот, те честам пијачка''.
:''Една вечер спав надвор''
 
 
Во прилог следува деклинација на глаголи од сите раздели и подгрупи:
Ред 472 ⟶ 468:
* ''слаба наредба''
* ''минати дејства кои биле повторувани некој период''
* ''подготвеност''
 
Некои примери за имперфектот се:
:''Јас ловев зајацизајци.''
:''Ако не брзаше, ќе немаше грешки.''
:''Да ми помогнеше малку?''
Ред 529 ⟶ 525:
 
==== Глаголска л-форма ====
{{Главна|Глаголска л-форма во македонскиот јазик}}
 
Името на простата глаголска л-форма е добиено по карактеристичната наставка ''-л''. Оваа глаголска л-форма има промена само по род и по број{{ref|Opsta}}.
Ред 548 ⟶ 544:
 
Формите на глаголската придавка се образуваат со наставките: '''-и''', '''-на''', '''-ни''' и '''-т''', '''-та''', '''-то''', '''-ти'''. Со наставката ''-т'' се образуваат глаголски придавки од глаголите со општ дел на н и се додаваат на основните вокали '''а''' и '''е'''.
:пр. ''викне - викнат, легне - легнат, падне - паднат.''
 
Освен глаголите од ''а-група'', основниот вокал а е застапен и кај некои глаголи од е-група, како на пример ''скине - скинат'', и од и-група како на пример ''задржи - задржан''. Покрај тоа, основниот вокал '''е''' го имаат и глаголите од ''е-група'' и ''и-група''.{{ref|граматика}}
Ред 564 ⟶ 560:
{{Главна|Глаголски прилог во македонскиот јазик}}
 
Формите на глаголскиот прилог се образуваат од несвршени глаголи со додавање на наставката ''-јќи''. Оваа наставка се додава на основниот вокал ''а'' кај глаголи од ''а-група'' и на основниот вокал ''е'' кај глаголи од ''е-група'' и ''и-група''. Така на пример имаме ''„гледајќи“, „носејќи“, „миејќи“'' и слично.
 
Глаголскиот прилог е неменлива глаголска форма. Овој прилог се јавува како определба на глаголот со кој оди, негов означувач за паралелно дејство со дејството на глаголот во лична форма. Така на пример имаме ''„Гледајќи те тажен, размислував како да ти помогнам“''.{{ref|граматика}}
Ред 911 ⟶ 907:
{{Главна|Заменки во македонскиот јазик}}
 
Заменките се менлива група на зборови кои се користат за означување или посочување на предмети, суштества или појави. Со нив се означува некој или нешто не со неговото именување, туку со укажување на него.{{ref|Opsta}} Според значењето, заменките се делат на три основни групи: ''лични, лично-предметни и показни''.
 
=== Лични заменки ===
Ред 1.009 ⟶ 1.005:
* ''кој'', ''која'', ''кое'', ''кои''; ''кого'', ''го''; ''кому'', ''му'';
* ''чиј'', ''чија'', ''чие''; ''чии'';
* ''што''; ''колкав''; ''каков''
 
;Односни заменки
Ред 1.018 ⟶ 1.014:
Неопределените заменки се користат за посочување неопределена ориентација/ состојба/ предмет/суштество во еден контекст. Тие не се однесуваат специфично на некој поединец или единка и некои неопределени заменки се:
* ''некој'', ''некого''; ''на некого'' (''некому''); ''некојси''; ''секој''; ''нешто'', ''сешто''; ''сèнешто''; ''сето'' (синоним на целото, во таква служба не може да стои ''сè'': ''за сето тоа'')
* ''кој било''; ''кој да е''; ''кој-годе''; ''што било'' итн., ''какав-годе'' итн., ''колкав-годе'' итн.
 
;Одречни заменки
Ред 1.055 ⟶ 1.051:
[[File:Types of adverbials in Macedonian.svg|thumb|400px|right|Видови прилошки определби.]]
Прилозите во македонскиот јазик се полнозначни зборови кои најчесто одат со глаголите и го определуваат дејството според некој признак. Покрај тоа, во некои случаи прилозите можат да дополнуваат и определуваат именки, придавки и други прилози. Оваа група зборови се неменливи, некои можат да се степенуваат, најчесто тие за количина и начин, а пак некои можат да се комбинираат со именки и добиваат членски наставки, како што е на пример прилогот ''повеќето''.{{ref|Opsta}}
Најголем број од прилозите во македонскиот јазик се произлезени од други зборовни групи, односно образувањето може да биде со преосмислување на некои стари падежни форми на именките и со поврзување и сраснување на два збора во еден, најчесто меѓу два збора или именка со прилог. Како примери за старите падежни форми се прилозите ''дење, ноќе, лете, зиме'' и слично, а како пример за сраснување се прилозите ''напладне, сосила'' и слично.
 
Според значењето, прилозите во македонскиот јазик можат да бидат:
Ред 1.092 ⟶ 1.088:
*составни: ''и'', ''па'', ''та'', ''не само што'' - ''туку и'', итн.
*спротивни: ''а'', ''ама'', ''ами'', ''туку'', ''пак'', ''а пак'', ''но'', ''меѓутоа'', ''само што'', ''камо ли'', итн.
*разделни: ''или'', ''или - или'', ''и - и'', ''било - било'', ''ем - ем'', ''ја - ја'', ''ни - ни'' (''нити - нити'', ''ниту - ниту''), ''ту - ту'', итн.
 
;Подредувачки сврзници
Ред 1.140 ⟶ 1.136:
}}
 
Модалните зборови се посебна група зборови кои служат да се изрази личен однос спрема одредено соопштување. Со други зборови, со модалните зборови во македонскиот јазик зборувачот кој ги користи истите зазема одреден став во дадената ситуација. Ваквиот став може да биде во вид на впечаток, некоја оцена во смисла на увереност, неверување, тврдење, претпоставување и слично. Според потекло тие не се посебна зборовна група, но тие се изделуваат како посебна според местото и службата во реченицата. Најчесто тие се образуваат од прилози, придавки, глаголи, именки и слично.{{ref|Opsta}}
 
Некои од модалните зборови во македонскиот јазик, според природата на зборовите, се:
Ред 1.151 ⟶ 1.147:
{{Главна|Македонски броеви}}
 
Броевите во македонскиот јазик претставуваат менлива и лексичка зборовна група. Тие се зборови кои означуваат количество, кое може да биде точно избројано (''пет, шест, седум'') или пак да биде приближно избројано (''петина, шестина, седмина''). Ваквата особина ги дели броевите на определена или ''точна'' и приближна бројност.{{ref|Opsta}}
 
По состав, броевите можат да бидат прости и сложени. Простите броеви се помалку и тие се броевите од 1 до 10 и бројот 100, а сите останати се сложени. Со простите броеви се формираат сложените броеви.{{ref|Opsta}} Броевите во македонскиот јазик имаат род и определеност, а се делат на обични и редни броеви. Првите десет обични и редни броеви се:
Ред 1.242 ⟶ 1.238:
Сликовито да се презентира составувањето на врзаниот текст, а почнувајќи од најмалите единици е следниот пример:
 
:''бран → голем бран → На крајбрежјето на Охридското Езеро се забележуваат големи бранови. → Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина, забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје. → Едно утро решив да се искачам на Самоиловата тврдина и да сликам фотографии по не знам кој пат. Иако одењето по старите и делумно стрми улици е тешко јас успеав и се искачив. Гледајќи и фотографирајќи од Самоиловата тврдина забележав дека големи бранови се приближуваа кон охридското крајбрежје''.
 
Така, од примерот може површно да се види со што и како се занимава синтаксата. Значи самата синтакса почнува со зборовите, иако со нив повеќе се занимава морфологијата (''бран''), потоа со комбинирање на повеќе зборови се добиваат зборовните групи (''голем бран''). Со комбинирање на повеќе зборовни групи се добиваат прости реченици (''На крајбрежјето на Охридското ...'') кои пак доведуваат до создавање на сложени реченици (''Гледајќи и фотографирајќи од ...''). Како крајна цел е создавање на врзан текст со кој се искажуваат поголеми и посложени дејства или настани (''Едно утро ...'').
Ред 1.257 ⟶ 1.253:
{{Главна|Фразеологија на македонскиот јазик}}
 
Зборовните групи кои во јазикот се користат како една целина се нарекуваат [[Фразеологизам|фразеологизми]], кои имаат посебни лингвистички карактеристики и вредности. Во реченицата зборовите можат да се поврзуваат, да се здружуваат во целости од различен вид. Така на пример, зборот ''[[орев]]'' може да оди со повеќе [[Придавка|придавки]] како на пример ''„голем орев“'' или ''„мал орев“'', со [[глагол]]и како на пример ''„јаде орев, купува ореви“'' и слично. Ова доведува до општите принципи на [[фразеологија]]та каде зборовите во реченицата можат слободно да се здружуваат односно да се наоѓаат во слободна врска. При ваква врска секој од зборовите си го задржува своето посебно значење, така што значењето на составот е еднакво на збирот на значењата на зборовите што влегуваат во тој состав. <ref name="македонска граматика">{{цитирана книга|coauthors=Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова-Ѓуркова, Живко Цветковски|title=Македонски јазик за средно образование|publisher=Просветно дело АД|location=Скопје|date=2001|pages=222 и 224|language=македонски}}</ref>
 
Во македонскиот јазик зборовните состави можат да се наоѓаат и во неслободна врска, односно постојана врска. Така на пример, зборот орев во реченицата ''„Ова е тврд орев, не се крши со заби“'' и зборот орев во реченицата ''„Ќе бидеме тврд орев за нашиот утрешен противник“'' нема исто значење. Во составите на овој вид ослабнува одделното значење на зборовите и се формира едно ново значење кое не е збир на значењата на составните елементи.<ref name="македонска граматика"/>
Ред 1.295 ⟶ 1.291:
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0013%20Horace%20Lunt_Macedonian%20grammar%201952.pdf Граматика на македонскиот литературен јазик] од [[Хорас Лант]] {{en}}
* [http://damj.manu.edu.mk/pdf/0011%20Makedonska%20gramatika-krume.pdf Македонска граматика] од [[Круме Кепески]] {{mk}}
 
 
{{македонска граматика}}