Жени на работ од нервен слом: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Дејство: правописна исправка, replaced: зајаци → зајци using AWB
Ред 25:
“Soy infeliz” (шпански: несреќна сум), мелодраматична песна се слуша на најавната шпица, претставувајќи како Пепа се чувствува на почетокот на приказната.
 
Телевизиската актерка Пепа Маркос живее во својот голем апартман со многу кокошки, зајацизајци и други животни кои таа ги собрала. Нејзиното момче Иван тукушто ја оставил, па таа е во депресија и пие апчиња за спиење. Таа и Иван работат на синхронизација на странски филмови; гласот со кој ја придобива неа и многу други жени е истиот кој го користи во својата работа. Тој се спрема да оди на пат, најверојатно со друга жена, и ја замолува Пепа да му ги спакува сите негови работи од кај неа, за тој подоцна да помине да го земе куферот.
 
Пепа оди на доктор и добива важна вест, па прави сѐ што може да дојде до Иван за да зборуваат пред да оди на пат. Таа дури се јавува и на неговата поранешна сопруга Лусија, која е ментално нестабилна. Лута, Пепа спрема гаспачо, омилениот пијалок на Иван, и во него става 30 апчиња за спиење. Потоа, сакајќи да изгори спомен од нив двајца, го изгорува целиот кревет. Таа остава порака за Иван, но гледа како Лусија ја врла в ѓубре, па фаќа такси да ја следи. Таксистот е некој ексцентричен маж кој обожува мамбо музика и е голем обожувател на Пепа. Тие ја следат Лусија и ја откриваат нејзината адреса. Истата вечер, главната вест на вестите е дека група Шиитски терористи биле фатени, а тоа ја преплашува Кандела, најдобрата пријателка на Пепа, која почнува нервозно да ѝ се јавува. Пепа ја поминува цела ноќ пред станот на Лусија надевајќи се дека ќе го најде Иван. Иако тој не доаѓа дома, таа дознава нешто што пред тоа не знаела: Иван и Лусија имаат син – Карлос.