Разлика помеѓу преработките на „Крушица (Кичевско)“

с
стилска исправка, replaced: е село во → — село во using AWB
(илустрирање)
с (стилска исправка, replaced: е село во → — село во using AWB)
}}
[[Податотека:Vraneštica Municipality.svg|thumb|right|290px|Карта на општина Вранештица со селските атари.]]
'''Крушица''' е село во [[Општина Кичево]], во околината на градот [[Кичево]].
 
== Географија и местоположба ==
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 28 семејства, 3 неженети и 1 вдовица, сите христијани.<ref>Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.225</ref>
 
Според податоците од 1873 година, селото имало 12 домаќинства со 26 жители христијани (Македонци).<ref>„Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.</ref>
 
Една статистика, која ја подготвил кичевскиот училишен инспектор Крсто Димчев во 1909 година, ги дава следниве податоци за Крушица:<ref>Стойчева, Станислава. Аспекти на грамотността на българското население в Македония (1878 – 1912), Македонски преглед, година ХХХVІІІ, 2015, кн. 2, с. 76.</ref>
 
Родови во селото се: ''Бурџиовци (7 к.)'' најстар род во селото, и основачи на денешната Крушица. Доселени се од некое село во [[тетовско]] во 1820 година; ''Здравевци (4 к.)'' доселени се одма после родот ''Бурџиовци'', доселени се од раселениот град [[Закамен]], [[Малесија|Малесија;]] ''Крстевци (11 к.)'' доселени се после родот ''Здравевци'', т.е околу 1830 година, доселени се од некое село во [[гостиварско]], ја знаат следната генеологија Софе (жив на 74 год. во 1961 година) Никодим-Петре-Крсте, основачот на родот кој се доселил.
 
 
Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: ''Буржијовци (10 к.)'' доселени се однекаде; ''Шути-Петковци (19 к.)'' доселени се од околината на [[Призрен]] во [[Република Косово|Косово]]. По некоја преселба. Некои се вратиле назад и царот ги помилувал. Но они не се населиле на старото место, туку избегале во ново место. Некој Крсто му бил нешто должен на некој Турчин шест гроша. Но бидејќи Крсто немал да му врати дошол турчинот и му ја запалил куќата, и потоа пребегнале најпрво во [[гостиварско]]. Од овој род потекнувал [[Кочо Куршумот]] ([[Куршума]]).<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://kicevo.mk/kicevija-tomo-smiljanic-bradina/|title=Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926)|date=2018-05-16|work=Кичево|language=mk-MK|accessdate=2019-10-27}}</ref>