Разлика помеѓу преработките на „Костинци“

Одземени 1.033 бајти ,  пред 4 месеци
с
стилска исправка, replaced: е село во → — село во using AWB
с (стилска исправка, replaced: е село во → — село во using AWB)
 
== Географија и местоположба ==
Костинци е село во северниот дел [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] и [[Општина Долнени|Општината Долнени]], од десната страна на патот [[Прилеп]]–[[Македонски Брод]].<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref> Поточно, селото Костинци се наоѓа во прилепскиот крај, во крајниот северен дел на [[Пелагонија]]. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Костинци од источната страна се граничи со огранците на планината Бабуна спуштени спрема с.[[Слепче]], како и слепечкото поле, од север се граничи со атарот на с.[[Црнилиште]] и долгаечкото поле, а од запад зрзеското поле и благите огранци на планината [[Даутица]] кои се спуштаат паралелно со долината на местото наречено Бојаник. Од јужната страна селото и неговото поле се граничат со големата пелагониска котлина т.е. секиречкото поле. Расположено е на надморска височина од околу 620 метри. Од градот [[Прилеп]] е оддалечено 30 километри во северозападен правец.<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref>
 
Крај Костинци тече [[Строшка Река]], која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км<sup>2</sup> на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари.<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref> Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои и Илјадница.
 
== Историја ==
Селото Костинци за прв пат во пишаните историски документи се споменува во 1335 година под името ''Костино'', кога кралот [[Стефан Душан]] го приложил на [[Манастир Трескавец|манастирот Трескавец]].<ref name=jovantrifunoski>{{цитирана книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=српски| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 | pages = 373}}</ref>. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци.
 
Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]] на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“.
 
Недалеку од селото се местностите Езериште и Рибник. Во Рибник се ловела риба за манастирот [[Трескавец]] близу [[Прилеп]]. Потегот Езериште порано било црковен имот, кој потоа го завладеал еден чифлик-сајбија, за на крај тоа земјиште да го купат селаните. Селска и црковна слава е Мала Богородица. За време на турското владеење, воглавно во XIX век, во Костинци имало седум чифлици од кои еден бил во сопственост на жител од [[Зајас]] кај [[Кичево]], а другите биле од [[Прилеп]]. Како и во другите села, тие тука претходно биле полјаци и ќаи – чувари на стока. Сите селани работеле како момци и ортаци на чифлиците, а по 1912 година ја купиле земјата. Во средината на педесетите години на ХХ век Костинци поради својата средишна - централна местоположба било општина за поголем број села од овој северен крај на Прилепското Поле поради што во него тогаш биле изградени повеќе општествени и управни установи како: матична служба, пошта, здравствена амбуланта, дом на културата, продавница.
== Стопанство ==
[[Податотека:Сушење на тутун во Костинци (Прилепско).JPG|мини|десно|230п|Сушење тутун во селото]]
Според составот на атарот Костинци има изразита и исклучително поледелска функција<ref name=mitkopanov>{{цитирана книга| last = Панов| first = Митко| title = Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја.| language=македонски| publisher = Патрија| year = 1998 | pages = 159}}</ref>. На плодното рамничарско земјиште околу, населението како и во целиот прилепски крај најмногу одгледува тутун, жито - особено пченица и пченка, за кои има современ млин-мелница, сончоглед. За плодноста и родноста на земјата сведочи името на една местност со ниви која се нарекува „Илјадница“, а која што името го добила по тоа што на неа имало илјада снопови ожнеана пченица. Сите куќи имаат пространи дворови во кои има бавчи во кои жителите одгледуваат градинарски производи под пластеници и на отворено, од кои најмногу: пиперки, патлиџани (домати), краставици, компир, кромид, лук, бостан - лубеници, тикви, дињи, како и голем број на овошни дрвја како јаболка, круши, сливи и ореви. Доста е застапено и сточарството односно одгледување на крупен добиток. На самиот влез на селото постои новоизградена краварска фарма во која се одгледуваат десетици крави, а чиј сопственик дополнително обработува и 150 хектари државно земјоделско земјиште под разни насади и култури при што покрај за брашно и леб, се одгледуваат и фуражни култури за сточна храна. До 2013 во Костинци работела и продавница, а има и земјоделска задруга.
{{-}}