ФК Манчестер Сити: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (3) using AWB
Ред 66:
 
Сити се здобија со својата прва титула со освојувањето на Втората дивизија во 1899 година , а со тоа се здобија и со промоција во највисокото ниво на англискиот фудбал односно Првата дивизија. Тие ја освоија својата прва поголема титула на 23 април 1904 година победувајќи ги Болтон со 1 - 0 во Кристал Палас за да го освојат ФА купот. Сити за малку не успеваат да освојат двојна титула односно да ги освојат и ФА купот и лигата завршувајќи како втори , но Сити станаа првиот клуб од Манчестер што освоил голема титула.
Во текот на наредните сезони по освоениот ФА куп , клубот бил мета на обвиненија за наводни финансиски нерегуларности , кулминирајќи со суспензијата на 17 играчи во 1906 година , вклучувајќи го и капитенот Били Мередит кој како резултат на тоа се префрли во Манчестер Јунајтед. Пожар на Хајд Роуд ја уништи главната трибина во 1920 година и во 1923 година клубот се пресели на својот нов стадион на Мејн Роуд во Мос Сајд. Стадионот со капацитет од 100 000 гледачи ке има исклучителна историја и поради својот висок капацитет тој ке го добие прекарот Вембли на северот.
 
=== 1928 - 1965 ===
 
Во 30 - тите години , Манчестер Сити стигна до две последователни финалиња во ФА купот , губејќи од Евертон во 1933 година пред да го освои купот победувајќи го Портсмут во 1934 година. За време на натпреварувањето во ФА купот во 1934 година Манчестер Сити го скршија рекордот за најголема домашна посетеност од било кој клуб во историјата на англискиот фудбал кога 84 569 фанови го преплавија Мејн Роуд за шестата рунда од ФА купот против Стоук во 1934 година - рекорд кој е сеуштесè уште несоборен дури до денес. Клубот ја освои својата прва титула во Првата дивизија во 1937 година , но испаднаа од лигата веќе наредната сезона без оглед на тоа што постигнале повеќе голови од било кој друг тим во дивизијата.
Дваесет години подоцна тимот на Сити инспириран од тактичкиот систем наречен планот на Реви повторно стигна до две последователни финалиња во ФА купот , во 1955 и 1956 година , исто како и во 30 - тите тие го изгубија првото финале против Њукасл Јунајтед , но победија во второто финале. Во финалето од 1956 година каде што Манчестер Сити ги победија Бирмингем Сити со 3 - 1 , е едно од најпознатите финалиња и ќе биде запомнето по голманот на Сити, Берт Траутман кој продолжил да игра иако на натпреварот го скршил неговиот врат.
 
=== 1965 - 2001 ===
Ред 95:
 
Академијата на Манчестер Сити е задолжена за развојот на младинците при клубот , со цел да се развијат младите играчи за понатамошната иднина. Првиот младински тим во клубот беше основан од Алберт Александар во 20 - тите години познат како “А“ тимот . Од 1951 година “А“тимот се натпреваруваше во Ланкширската лига против резервните и младинските тимови на другите клубови од северо - западот на Англија. Од 1955 година се креираше вториот младински тим или “Б“ тимот типично составен од помлади играчи од тие на “А“тимот кој се натпреваруваше во Дивизијата два од Ланкширската лига.
Академијата е една од најпочитуваните во земјата и од својата нова инкарнација во 1998 година таа има произведено повеќе професионални фудбалери од било кој друг клуб во Премиер лигата , севкупно 35 играчи. 14 од тие играчи се сеуштесè уште во клубот , а во последните 2 години произлегоа уште осум играчи.
Од сезоната 2011 - 2012 резервите ќе се натпреваруваат во ново формираната НекстГен фудбалска серија , тоа ќе биде натпреварување од европски карактер во стилот на Лигата на шампионите или Европа лига со главна цел да им се даде шанса на младите европски фудбалери да играат еден против друг. Манчестер Сити одиграа клучна улога во создавањето на Премиер лигата и покрај се поголемите критики од страна на англиските медиуми дека англискиот фудбал не произведува доволно млади таленти. Покрај академијата , клубот се обидува да стапи во контакт со млади луѓе од околината на Манчестер преку нивната општинската хуманитарна програма во градот која обезбедува фудбалски школи и програми за бесплатно тренирање на одредени места во Манчестер.
 
Ред 145:
==== Алеа на славните на Манчестер Сити ====
 
Следните бивши играчи и менаџери се членови на алеата на славните на Манчестер Сити и се подредени според годината на нивното членство во алеата на славните.
 
{{cite web
Ред 311:
 
Манчестер Сити има голема навивачка група во однос на неговиот компаративен недостиг на успех на теренот. Од преместувањето на Сити стадиум , просечната посетеност на Манчестер Сити е во првите шест во Англија , вообичено има по 40 000 посетители . Дури во касните 90 - ти кога клубот беше два пати пратен во понизок ранг во период од три сезони и играјќи во третата лига на англискиот фудбал ( тогашна Дивизија два , а сега Фудбалска Лига еден ) домашната посетеност беше негде околу 30 000 споредена со помалку 8 000 , бројка вообичаена за таа лига. Истражување спроведено од Манчестер Сити во 2005 година пресметува дека клубот има навивачка база од околу 886 000 во Велика Британија , а вкупно околу 2 милиони навивачи низ цел свет.
Манчестер Сити има неколку навивачки организации од кои две се официјални признати : Навивачкиот Клуб на ФК Манчестер Сити ( 1949 година ) ( формиран од спојувањето на Официјалниот навивачки клуб и Стогодишната навивачка асоцијација во јули 2010 година ) и Интернационалниот Навивачки Клуб. Постојат неколку магазини издадени од страна на навивачите , со најдолг тираж е Кралот на Кипакс и тоа е единствениот магазин кој сеуштесè уште се издава.
Песната по избор на Навивачите на Сити е изведба на ,,Сина месечина’’ , која иако има меланхолична тема сепак таа e изведена со ентузијазам како да е херојска химна. Навивачите на Сити имаат тенденција да веруваат во непредвидлвиост и дека тоа е наследна карактеристика на нивниот тим , и ги означуваат неочекуваните резултати како ,,Типично за Сити“ . Настани кои се означени како ,,Типично за Сити“ се тоа што Сити се единствените англиски шампиони кои биле пратени во понизок ранг ( 1938 година ) , единствениот тим кој дал и примил преку 100 гола во една сезона ( 1957 – 1958 ) или поскорешниот пример во кој Сити беа единствениот тим кој ги победи Челзи во сезоната 2004 - 2005 во Премиер lигата , а сепак во истата сезона Сити беа елиминирани од Олдам Атлетик во ФА kупот , тим кој беше дури две дивизии пониско од Сити.
Најголемото ривалство на Манчестер Сити е со соседите Манчестер Јунајтед против кои го имаат Манчестерското дерби. Пред Втората светска војна , кога патувањето за натпревари во гости било ретко , многу навивачи од Манчестер ги гледале двата тима иако се сметале за навивачи на само еден тим. Оваа пракса продолжува во раните 60 - ти и како што патувањето станува полесно , а цените на билетите се зголемиле , гледањето на обата тима станало необично и ривалството само се зголемило .
Ред 334:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Фудбалски клубови од Англија|М]]