Флоренс Најтингел: Разлика помеѓу преработките

Одземени 123 бајти ,  пред 2 години
с
правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
с (правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB)
}}
 
'''Флоренс Најтингел''' ({{lang-en|Florence Nightingale}}; {{роден на|12|мај|1820}} - {{починал на|13|август|1910}}) — позната [[англичани|англиска]] [[медицинска сестра]], социјален реформатор, писател и [[статистичар]].
 
Во својата работа како предводник на денешната професија медицинска сестра се истакнала за време на [[Кримска војна|Кримската војна]], каде што се грижела за ранетите војници. Поради неа оваа професија доби висок углед и Најтингел стана икона во викторијанското општество. Била нарекувана „Госпоѓата со ламбата“, поради нејзината навика ноќе да ги проверува ранетите војници.
Флоренс Најтингел била родена во богато, висококласно британско семејство со добри врски, во Вила Коломбаја, близу [[Порта Романа]] во Фиренца, Италија, и била крстена по градот на нејзиното раѓање. Постарата сестра на Флоренс, [[Франсис Партенопи]], исто така била крстена по градот во кој се родила, Партенополис, [[Античка Грција|грчко]] населено место коешто сега е дел од градот [[Неапол]].
 
Нејзини родители биле [[Вилијам Едвард Најтингел]] (1794-1874) и Франсис (Фени) Најтингел Смит (1789-1880). Мајката на Вилијам, Мери Еванс, била внука на Питер Најтингел. Според негови услови Вилијам го наследил неговиот имот Лиа Хурст во [[Дарбишир]], и го попримил името и грбот Најтингел. Татко на Фени бил аболиционистот [[Вилијам Смит]].
 
Инспирирана од еден момент што ѝ случил во февруари 1837 год., којшто таа го нарекува „повикот од Господа“, во 1844 год., додека била во [[Ембли Парк]], и покрај големата лутина и негодување од страна на нејзините мајка и сестра, Флоренс ја донела одлуката да започне со работата како медицинска сестра. Таа се бунтувала против улогата на жена која што ја очекувала со оглед на нејзиниот статус, а тоа значело да стане сопруга и мајка. Најтингеил работела напорно за да се образува и да стане медицинска сестра, и покрај спротиставувањето на нејзиното семејство и ограничувачкиот социјален код за богатите млади англиски жени.
Најпознатиот придонес на Флоренс Најтингел се случил за време на [[Кримска војна|Кримската војна]]. Извештаите кои што доаѓале во Британија за ужасната состојба на ранетите станале нејзин главен фокус. На 21 октомври 1854 год., таа и персонал од 38 жени, доброволни медицински сестри обучени од неа, вклучувајќи ја и нејзината тетка Маи Смит, биле испратени (со дозвола од Сидни Херберт) кај [[Отоманска Империја|Отоманската Империја]], околу 295 наутички милји (546 километри) преку [[Црно Море|Црното Море]] од [[Балаклава]] во [[Крим]], каде што се наоѓал главниот британски камп.
 
Во почетокот на ноември 1854 год., Најтингел приситигнала во [[касарна Селимије|касарната Селимије]] во Скутари (денес [[Усќудар]] во [[Истанбул]]). Таму, таа и нејзините медицински сестри виделе дека медицинскиот персонал лошо се грижел за ранети војници поради преголемата работа, а и поради незаинтересираноста на службените лица. Имало мали залихи на [[медицина|лекови]], [[хигиена|хигиената ]]та била запуштена, а чести имало и масовни [[инфекција|инфекции]], од кои голем дел биле смртоносни. Немало никаква опрема за приготвување на храна за пациентите.
 
На почетокот на 20-тиот век, се тврдело дека Најтингел, со подобрување на хигиената, како од нејзина страна, така и со помош од Санитарната комисија, ја намалила стапката на смртност од 42% на 2%. На пример, тоа се тврдело во првото издание на Речникот за национална биографија во 1911 год., но не и во второто издание во 2001 год. Сепак, стапката на смртност не исчезнала, напротив почнала да се зголемува. Бројот на смртност таму бил најголем од сите болници во регионот. За време на нејзината прва зима во Скутари, таму умреле 4.077 војници. Десет пати повеќе војници умреле од болести како што се [[тифус|пегав тифус]], [[стомачен тифус]], [[колера]] и [[дизентерија]], отколу од повреди кои ги добиле за време на битките. Условите во привремената болница на касарната биле многу опасни за пациентите поради пренатрупаноста, неисправните одводни канали на болницата и недостатокот од вентилација. Во март 1885 год., речиси шест месеци по пристигнувањето на Флоренс Најтингел, Британската влада морала да испрати Санитарна комисија во Скутари, којашто работела на чистење на одводните канали и подобрување на вентилацијата. Стапката на смртност нагло се намалила. За време на војната, Најтингел не мислела дека хигиената е најдоминантната причина за смртност. Таа никогаш не си припишала заслуга за тоа што помогнала да се намали стапката на смртност.
Подоцна, [[Xенри Водсворт Лонгфелоу]] со неговата песна „Св.Филомена“ од 1857 год. ја популаризирал оваа фраза:
 
„Во таа куќа на бедата, <br /> видов госпоѓа со ламба <br /> како поминува низ треперливиот мрак, <br /> и лета од соба во соба.“ <br />
 
=== Подоцнежна кариера===
Во 1883 год. Најтингел ја добила наградата Кралски [[Црвен крст]] од [[Кралицата Викторија]]. Во 1907 год. таа станала првата жена која ја добила наградата Орден за заслужност. Во 1908 год. таа добила награда и од градот Лондон. Нејзиниот роденден денес се слави како Меѓународен ден за подигање на свеста за синдромот на хроничен замор.
 
Од 1857 год. па наваму, Најтингел повремено била прикована за кревет и страдала од депресија. Поновата биографија како причина ја наведува [[бруцелоза|бруцелозата]]та заедно со [[спондилоза|спондилозата]]та. Според другото објаснување за нејзината депресија причината е нејзиното откритие по војната дека згрешила во врска со проценката за причините за високата стапка на смртност. Сепак, нема документирани докази за да се поддржи оваа теорија, којашто останува само голема претпоставка. Денес најприфатена е тезата дека Најтингел боледувала од особено силна форма на [[бруцелоза]], чиишто ефекти почнале да се зголемуваат во почетокот на 80-тите. И покрај нејзините симптоми, таа останала феноменално продуктивна во социјалните реформи. Во годините додека била прикована за креветот, таа ја предводела и работата во областа на болничкото планирање, којашто многу брзо се ширела низ Британија и светот.
 
=== Врски===
=== Професијата медицинска сестра===
[[File:Florence Nightingale - Project Gutenberg 13103.jpg|мини|десно|210п|Флоренс Најтингел кога била млада]]
Првата официјална програма за обука на медицински сестри, Училиштето на Најтингел за медицински сестри, било отворено во 1860 год. Мисијата на училиштето била да обучува медицински сестри кои ќе бидат способни да работат во болниците, да работат со сиромасите и да подучуваат. Намерта била дека студентите ќе се грижат и за луѓето во своите домови, нешто што сеуштесè уште се развива за углед и професионална можност на медицинските сестри денес.
 
Траен придонес на Флоренс Најтингел е нејзината улога во создавањто на денешната професија медицинска сестра. Таа поставила пример за сочуство, посветеност на нега на пациентот, и вредно и внимателно управување со болницата.
[[File:Florence Nightingale Statue, London Road, Derby.jpg|десно|мини|130п|Статуа на Флоренс Најтингел, Лондон Роад, Дарби]]
 
Статуа на Флоренс Најтингел има на самото [[шеталиште]] во Вестминстер, Лондон.
 
Три статуи на Флоренс Најтингел има и во [[Дарби]], една пред болницата London Road Community Hospital, порано позната како Кралска болница на Дарбишир, една на улицата ''St. Peter's Street'' и една над Одделот за грижа Најтингел-Мекмилан спроти Кралската болница Дарби. Куќа отворена за јавноста со нејзино име има близу до Кралската болница Дарби. Одделот за грижа Најтингел-Мекмилан сега се наоѓа во Кралската болница Дарби, порано позната како Градска болница Дарби.
 
=== Банкноти===
Во периодот од 1975 год. до 1994 год., на задната страна на [[банкноти|банкнотите]]те од 10 фунти, од серијата Д, издадени од [[Банка на Англија|Банката на Англија]], имало слика од Флоренс Најтингел. На банкнотите билa насликанa во болницата во Крим како ја држи нејзината ламба, а имало и нејзин портрет во стоечка положба.
 
=== Фотографија===
 
=== Друго===
Неколку цркви од Англиското Комуна ја комеморираат Најтингел со празник во нивните [[литургиски календар|литургиски календари]]и. Евангелистичката црква Лутеран во Америка ја комеморира како преродбеник на општеството на 13 август (Клара Маас).
Почнувајќи од 1968 год., Воздушните сили на Америка управувале со флота од 20 аеродинамични авиони за евакуација од типот C-9A „Најтингел“, базирани на платформата МекДонел Даглас DC-9. Последниот од овие авиони бил повлечен од употреба во 2005 год.
Во 1982 год. Сентара Хелткер го инагурирал својот медицински хеликоптерски сервис, официјално именуван „Најтингел“.
*{{Cite document |title=Una and Her Paupers, Memorials of [[Agnes Elizabeth Jones]], by her sister |work= with an introduction by Florence Nightingale |place=New York |publisher=George Routledge and Sons, 1872 |url=http://www.archive.org/stream/unaherpaupersmem00jone#page/n11/mode/2up |accessdate=6 July 2010 |postscript=<!--None-->}}. See also 2005 publication by Diggory Press, ISBN 978-1905363223
* ''Letters from Egypt: A Journey on the Nile 1849-1850'' (1987) ISBN 1-55584-204-6
 
 
==Извори==
* Webb, Val; ''The Making of a Radical Theologician'', Chalice Press (2002)
* Woodham Smith, Cecil; ''Florence Nightingale'', Penguin (1951), rev. 1955
 
 
==Надворешни врски==
* [http://www.sociology.uoguelph.ca/fnightingale/ University of Guelph: Collected Works of Florence Nightingale project]
* {{NRA|P21253}}
 
 
{{Нормативна контрола}}