Разлика помеѓу преработките на „Сергеј Брин“

Одземени 10 бајти ,  пред 1 година
с
правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
с
с (правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB)
|URL = [http://www.karolinagoceva.net/ www.karolinagoceva.net]
}}
 
 
'''Сергеј Михајлович Брин''' ({{lang-ru|link=no|Серге́й Миха́йлович Брин}}; роден {{роден на|21|август|1973}}) е руски и американски [[Информатика|информатичар]] и [[Претприемништво|претприемач]], најдобро познат како соосновач, заедно со [[Лери Пејџ]], на [[Google]], најголемата [[Интернет]] компанија во светот.
Фамилијата на Брин живеела во трисобен стан во центарот на [[Москва]], заедно со неговата баба. Сергеј знаел дека неговиот татко не бил во можност да ја оствари кариерата која ја посакувал. Неговиот татко по враќањето од конференција во [[Варшава]], [[Полска]], им соопштил дека е време неговата фамилија да емигрира. На конференцијата тој бил во можност да комуницира со колеги од [[Америка]], [[Франција]], [[Германија]] и [[Англија]] и открил дека неговите интелектуални колеги од западот не биле чудовишта, како што биле претставени во Советскиот Сојуз.
 
Тие официјално аплицирале за излезна виза во септември 1978 година, и како резултат на тоа неговиот татко бил веднаш отпуштен. Поради истите причини, неговата мајка, исто така, морала да ја напушти својата работа. Следните осум месеци, без постојан приход, тие биле принудени да прифатат привремени вработувања додека чекале, од страв дека нивното барање ќе биде одбиено како што е случај со многу други. Во тоа време неговите родители покажале заедничка одговорност околу грижата за него и неговиот татко се научил програмирање. Во мај 1979 година, тие добиле официјални излезни визи и им било дозволено да ја напуштат земјата.
 
Во едно интервју во октомври 2000 година, Брин рекол: "Знам за тешките времиња што моите родители ги поминаа, а јас сум им многу благодарен што бев донесен во САД." Една деценија порано, во текот на летото на 1990 година, неколку недели пред неговиот 17-ти роденден, неговиот татко ја предводел групата на талентирани средношколци по математика, вклучувајќи го и Сергеј, на двонеделна програма за размена во Советскиот Сојуз. Какошто Сергеј се сеќава, патувањето го разбудило стравот од власта. На вториот ден од посетата, додека групата имала посета на саниториум во село во близина на Москва, Сергеј го викнал неговиот татко настрана, гледајќи го во очи и му рекол: "Ти благодарам за тоашто не изнесе сите нас надвор од Русија.
За време на студиите на Стенфорд, тој го запознал [[Лари Пејџ]]. Во едно неодамнешно интервју за списанието [[Економист]], Брин на шега рекол: "Ние сме и двајцата неподносливи." Тие не се согласувале на повеќето теми. Но, откако поминале одредено време заедно, тие станале интелектуални сродни души и блиски пријатели. Фокусот на Брин бил насочен на развојот на системи за податоци, додека Пејџ бил сконцентиран на концептот на заклучок на значењето на истражувачкиот труд од своите цитати во други документи. Заедно, и двајцата се автори на она што се смета дел од нивниот неоспорен придонес, труд со наслов [[Анатомија на голем Хипертекстуален веб пребарувач]].
 
Комбинирајки ги нивните идеи, тие ја преполниле нивната домска соба со евтини компјутери и го тестирале нивниот нов веб пребарувач. Нивниот проект се проширил доволно брзо за да предизвика проблеми во компјутерската инфраструктура на Стенфорд. Но, тие сфатиле дека успеале да создадат супериорна машина за пребарување на интернет и ги прекинале нивните докторски студии за да работат повеќе на нивниот систем. Барајќи средства од членовите на факултетот, семејството и пријателите, Сергеј и Лари собрале доволно за да се купат некои сервери и за изнајмување на фамозната гаража во Менло Паркот. Наскоро потоа, коосновачот на [[Sun Microsystems]], [[Endi Bechtolsheim]] напишал чек во висина од 100.000$ на [[Google Inc.]], но единствениот проблем бил тоа што [[Google Inc.]] сеуштесè уште не постоела - компанијата се уште не била инкорпорирана. За две недели, откако ги средиле документите, младите луѓе немале каде да ги депонираат парите.
 
Списанието Економист го опишува мислењето на Брин за животот, како и на Пејџ, врз основа на визијата сумирана во мотото на Google, “овозможување на сите светски информации да бидат универзално достапни и корисни“. Другите ја споредуваат нивната визија со влијанието на [[Јоханес Гутенберг]], изумителот на модерното печатење: "Во 1440, Јоханес Гутенберг воведе во Европа механичко печатење, печатење на Библии за широка потрошувачка. Технологијата овозможува книгите и ракописите, реплицирани со рака, да се печатат со многу побрзо темпо, со што се шири знаењето и помага да се влезе во ренесансата Европа. Google има направено слична работа". Споредбата била, исто така, забележана и од страна на авторите на приказната за [[Google]]: "Од Гутенберг наваму нема ниеден нов изум од овластени лица, и трансформиран пристап до информациите, толку добро како [[Google]]".
 
Не подоцна откако двајцата го создале својата машина за интернет пребарувања, тие почнаle да размислуваат за информациите кои се денес надвор од доменот на Интернет, како што се дигитализацијата на книги, како и проширување на здравствените информации.
 
== Личен Живот ==
Во мај 2007 година, Брин се оженил со [[Anne Wojcicki]], на [[Бахамите]]. Војцицки е биотехнолошки аналитичар и во 1996 дипломирала на Универзитетот [[Јеил]] и се здобила со статусот дипломиран студент по наука со отсек [[биологија]]. Таа покажала активен интерес во здравствената технологија, и заедно со Брин откриле нови начини за подобрување на пристапот до него. Како дел од нивните напори, тие го разгледувале проектот за човечкиот геном со водечките истражувачи. Брин инстинктивно ја разгелдувал генетиката како база на податоци и компјутерски проблем. Истото тоа го правела и неговата сопруга, која е коосновач на фирмата [[23andMe]], која им овозможува на луѓето да вршат анализа и споредба на нивните генетски состави (се состои од 23 пара [[хромозоми]]). Во неодамнешното соопштение на [[Zeitgeis]]t конференцијата на [[Google]], тој рече дека се надева дека еден ден сите ќе ги научат нивните генетски кодови, со цел да им помогне на лекарите, пациентите и истражувачите во анализирањето на податоците и обидите да се поправат грешките.
 
На мајката на Брин, Евгенија, и е дијагностицирана [[Паркинсонова болест]]. Во 2008 година, тој решава да даде донација на Универзитетот во Мериленд на [[Медицинскиот факултет]], каде што неговата мајка се лекува. Брин ги користел услугите на [[23andMe]] и открил дека иако Паркинсонова болест не е обично наследна, тој и неговата мајка поседуваат мутација на генот [[LRRK2]] (G2019S) кој покажува веројатност на развој на [[Паркинсонова болест]] и кај него во подоцнежните години помеѓу 20 и 80%. На новинарско прашање дали незнаењето е блаженство во случај на такви работи, тој истакна дека неговото знаење значи дека тој може да преземе мерки за да се заштити од болест. Уредникот во списанието [[Економист]] рекол дека г-дин Брин се однесува кон неговата мутација на LRRK2 како грешка во неговиот личен код, и на тој начин што не се разликува од грешките во компјутерските кодови, што инженерите на [[Google]] ги корегираат секој ден. Помагајќи на самиот себеси, тој може да им помогне и на другите. Тој смета дека имал среќа. Но, г-дин Брин постигна повисока цел. Зарем знаењето не е секогаш добро, а секако секогаш подобро од незнаењето?
 
Брин и неговата сопруга ја основаle [[Brin Wojcicki]] Фондацијата. Во ноември, 2011 Брин и фондацијата на неговата сопруга, доделиле 500.000 долари на [[Викимедија]] Фондацијата со што ја започнал својата осмогодишна кампања за прибирање на финансиски средства.
 
== Други Интереси ==
Брин работи на други, повеќе лични проекти кои се надвор од доменот на [[Google]]. На пример, тој и Пејџ се обидуваат да помогнат во решавање на проблемот со енергија во светот и климатските проблеми на филантропски [[Google.org]] на [[Google]], кој инвестира во алтернативни извори на енергија, индустријата да се најде пошироки извори на обновлива енергија. Компанијата признава дека нејзините основачи сакаат да се решат навистина голем број на проблеми со користење на технологија.
 
Во октомври 2010 година, тие инвестирале во голем прекуокеански развој на силата на ветерот за да им помогне електричната мрежа на источниот брег. Една недела претходно тие претставиле автомобил, кој со [[вештачка интелигенција]] може да се вози со помош на [[видео камери]] и [[радарски сензори]]. Во иднина, возачите на автомобили со слични сензори ќе имаат помалку несреќи. Овие побезбедни возила би можеле да бидат полесни и да бараат помалку потрошувачка на гориво. Тие се обидуваат од компаниите да се создадат иновативни решенија за зголемување на снабдувањето со енергија во светот.
 
Брин се појави во [[телевизиски емисии]] и многу [[документарни филмови]]. Во 2004 година, тој и Лери Пејџ биле именувани за лица на неделата од [[ABC]]. Во јануари 2005 година бил номиниран за еден од [[Светскиот економски форум]] млади глобални лидери. Тој и Пејџ исто така се извршни продуценти на филмот [[Скршени стрели]], [[2007 година]].
Во јуни 2008 година, Брин инвестирал 4.500.000$ во вселенски авантури, во [[Вирџинија]], компанија базирана на вселенски туризам. Неговата инвестиција ќе служи како депозит за резервација на еден од вселенските Авантуристички летови во 2011 година.
 
Брин е член на [[AmBAR]], мрежна организација за руски бизнис професионалци (и иселеници и имигранти) во [[Соединетите Американски Држави]]. Тој има зборувано на многу јавни настапи.
 
== Награди и Признанија ==
 
== Цитати ==
* Кога е премногу лесно да се добијат пари, тогаш се добива многу врева измешана со вистински иновации и претприемништво. Тешките времиња ги создадоа најдобрите делови од Силиконската долина. <ref>[“Директорот и основачите на Google, Шмит, Пејџ и Брин одржаа педавање на Zeitgeist” - Los Angeles Times, 2010-01-07]</ref>
* Дојдовме со идејата дека не сите веб страници се создадени подеднакво. Луѓето се - но не и веб страните. <ref>[“Гостин предавач, Беркли” – 5-ти октомври, 2005, 40 мин.]</ref>
* Поради еволуцијата на хардверот и софтверот, во можност сте да измерите речиси се. Тоа значи дека во нашиот живот секој може да има алатки со еднаква моќ. <ref>[Биографија и видео интервју на Сергеј Брин, Академија на Достигнувањата"]</ref>
 
== Референци ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Руси]]