Несвесен ум: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (2) using AWB
Ред 4:
| image = [[File:Structural-Iceberg.svg|200px]]
}}
'''Несвесниот ум (или несвесното)''' се состои од процесите кои автоматски се одвиваат во умот и не се достапни за самоиспитување, вклучува и мисловни процеси, спомени, влијание и мотивација. Несвесното содржи мисли, спомени и желби кои се наоѓаат под површината на свесноста но сеуштесè уште имаат големо влијание врз однесувањето. Терминот бил создаден од германскиот филозоф од времето на романтизмот Фридрих Шелинг, а поетот и есеист Семјуел Тејлор Колериџ го внел во англискиот јазик. Австријскиот невролог Сигмунд Фројд го развил и популаризирал овој концепт. Емпириските докази предлагаат дека феноменот за несвесното вклучува поттиснати чувства, автоматски вештини, потсвесни перцепции, мисли, навики и автоматски реакции, а исто така можно е и да вклучува комплекси, скриени стравови и желби. Според психоаналитичката теорија, несвесните процеси се изразуваат во соништата во симболична форма, како и во лапсусите и шегите. Според ова, енсвесниот ум може да се гледа како: изворот на соништа и автоматски мисли (оние кои се појавуваат без видлива причина), складиштето на заборавените спомени (кои можеби се достапни за свесното во некој друг момент), и фокусот на имплицираното знаење ( нештата кои сме ги научиле толку добро што ги правиме без да размислуваме).
 
Се расправало дека врз свесноста влијаат други делови од умот. Тука спаѓаат: несвесноста како лична навика, да се биде несвесен и интуицијата. Термини кои се поврзани со полусвесноста се : будење, имплицирано памтење, подсвесни пораки, занеси, хипноза и хипногогија( премин од будност кон спиење и обратно). Од друга страна пак термините: сон, месечарење, сонување, делириум и кома можат да се поврзат со присуството на несвесни процеси кои не се самиот несвесен ум туку само негови симптоми.
Ред 14:
Разјаснувањето на идејата за несвесното, односно нешто што активно се негира во свеста, со јазични конструкции е процес кој луѓето го испитувале и врз кој влијаеле цел милениум. На пример, како примитивни идеи за влијанијата врз размислувањето кои се наоѓаат надвор од свеста на човекот се сметале искушенијата, божествената инспирација, а и доминантната улога на боговите кои влијаеле врз мотивите и дејствијата на луѓето. Идејата за интернализирањето на процесите во умот исто така се појавила во антиката и се испитувала во голем број култури. Несвесните аспекти на менталитетот биле наведени во Хинду текстовите познати како Ведрас во периодот 2500-600 година п.н.е. , а денес се застапени во Ајурведската медициа.
 
Парацелсус бил првиот кој го спомнал концептот за несвесното во своето дело “ За болестите ” , и неговата клиничка методологија денеска се смета за почетокот на модерната научна психологија. Вилијам Шекспир ја испитувал улогата на несвесното во голем број од своите претстави, не именувајќи го како таков концепт. И филозофите од Западот како Барух Спиноза, Готфрид Лајбниц, Артур Шопенхауер, Јохан Фишт, Хегел, Киркегард и Ниче, создале погледи на умот кои ги предвиделе теориите на Фројд. Психологот Жак Вон Рилаер посочил дека “ Фројд не го открил несвесното. ” Во 1890 година, кога психоанализата сеуштесè уште не била откриена, Влијам Џејмс во својата монументална расправа за психологија испитал како Шопенхауер, вон Хартман, Џенет Бинет и други психолози ги користеле термините “ несвесно ” и “ подсвесно ”. Историчарот на психологијата Марк Алтшул забележал дека, “ Тешко е, а можеби невозможно, да се пронајде психолог или психијатар од 19 век кој не го признавал несвесното како вистински концепт а и како концепт со најголемо значење. ”
 
== Погледите на Фројд за несвесното ==
Ред 28:
 
== Погледите на Јунг за несвесното ==
Карл Густав Јунг кој бил швајцарски психијатар го развил овој концепт понатаму. Тој се согласил со Фројд дека несвесното го одредува карактерот, но предложил дека несвесното треба да биде поделено на две нивоа: лично несвесно и колективно несвесно. Личното несвесно е резервоар на материјал кој еднаш бил свесен но е заборавен или потиснат, многу слично на типичното мислење на Фројд. Од друга страна, колективното несвесно е најдлабокото ниво на психата, сочинето од насобраните наследени психички структури и архетипни искуства. Според ова колективното несвесно е наследено и содржи материјал од цели видови а не од поединец.
 
И во поглед на структурата на несвесното, Јунг се разликувал од Фројд со тоа што тој не верувал дека сексуалноста е во основата на сите несвесни потреби. Според Јунг, секоја личност го дели колективното несвесно со целата човечка раса, велејќи дека: “ целото духовно наследство на еволуцијата на човештвото се раѓа одново во мозочната структура.” Тој ги нарекол овие прадедовски спомени архетипови. Јунг не ги опишувал архетиповите како спомени туку како слики со универзални значења кои се очигледни во употребата на симболите во културата.
Ред 48:
 
== Несвесното и соништата ==
Според Фројд, во рамките на несвесното, целта на соништата е да гледаат во несвесните нагони и незадоволените потреби и потсвесно да бараат исполнување на истите. Луѓето настојуваат да ги исполнат овие нагони преку сонувањето бидејќи не можат да ги исполнат во реалниот живот.На пример, доколку некој сака да ограби продавница и се чувствува виновен поради тоа, тие можат да сонуваат такво сценарио во кое нивните акции се оправдани и така се ослободуваат од вината.
 
Фројд тврдел дека аспектот на исполнување на желби може да се разликува според потешкотиите при разликувањето на манифестираната содржина од латентната. Манифестираната содржина се состои од заплетот на соништата кои се на нивото на површината. Латентната пак, се однесува на скриените и маскирани значења во настаните на заплетот. Таа ги содржи најнтимните информации од моменталните проблеми на сонувачот и неговите конфликти од детството.
Ред 64:
 
=== Несвесна обработка на податоци за фрекфенцијата ===
Голем број истражувања кои биле спроведени од страна на Хашер и Закс покажале дека поединците автоматски ги регистрираат информациите за честотата на настаните (надвор од свеста и без да вклучат свест во ресурсите за обработка на информации). Според тоа , примачите го прават ова несвесно, навистина “ автоматски ” и без оглед на наредбите кои ги примаат и целите кои сакаат да ги постигнат при обработката на информации. Интересно е тоа што способноста несвесно и релативно прецизно да се предвиде честотата на настаните има многу мала или нема никаква врска со возраста, образованието, интелигенцијата или карактерот на поединецот, според што таа во основа може да се смета за еден од темелите на човечката ориентација во животната средина и на евентуално стекнување на процедурални знаења или искуства.
 
== Види исто така ==
Ред 90:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Несвест]]
[[Категорија:Невропсихологија]]