Разлика помеѓу преработките на „Блек сабат“

Одземени 26 бајти ,  пред 8 месеци
с
правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (3) using AWB
с (P.Nedelkovski ја премести страницата Black Sabbath на Блек сабат: транскрипција)
с (правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (3) using AWB)
| Past_members = See: [[List of Black Sabbath band members]]
}}
 
 
Блек Сабат
 
Black Sabbath се англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од на Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Geezer Butler (бас гитара), и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има искусено повеќе промени во составот, единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath. Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Земја (Earth), а подоцнаво 1969 година преименуван во '''Блек сабат''' (Black Sabbath), бендот почна да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигна до повеќе платинумски плочи во 1970-тите. И покрај поврзаностa со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната.
Блек сабат (Black Sabbath), како и Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Дип П'рпл (Deep Purple), се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се дефинира жанрот со албуми како четирикратниот платинумски албум Paranoid, издаен во 1970 година. На МTV (Ем Ти Ви) беа рангирани како "најголем метал бенд" на сите времиња, и се најдоја на второ место во VH1 е "100 најголеми изведувачи на хард рок" листа, зад Лед Цепелин. "Ролинг Стоун" ја претпостави групата како "хеви метал кралеви на 70-тите години. Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. [9] Black Sabbath беа примени во "Рокенрол салата на славните" во 2006 година , а беа вклучени во листата на 100 Најголеми изведувачи на сите времиња на Ролинг Стоун.
Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Рејнбоу (Rainbow) Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалите и текстовите на Дио, Блек сабат претрпи повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија Обесчовечувач (Dehumanizer). Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо, Повторно соединување.Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под иметоРај и пекол (Heaven and Hell) и опстојуваа се до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година.
На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум. Бендот е закажан да настапува и да го предводи Даунлоуд фестивалот (Download Festival) на 10ти јуни 2012 година, по што ќе следува светска турнеја.
 
 
 
 
Историја
Блек сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8мо место на листата на албуми во Британија (UK Albums Chart), и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигна до 23то место на Билборд 200, каде се задржа повеќе од една година. Иако албумот доживеа комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија во Ролинг стоун Лестер Бенгс го опиша како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќисенад други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продаде во значителни бројки, изложувајќи го бендот на првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифициран платинум и во САД од Здружение на индустријата за снимање на АмерикаRecording Industry Association of America (RIAA),и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI).
За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се врати во студио во јуни 1970 година, оп само четири месеци откако го издадоја “Блек Сабат”. Новиот албум првично требаше да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го сменаја името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот, и Тони само го отсвири рифот од “Параноид”на гитарата и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигна до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигна до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година.
Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат”сеуштеСабат”сè уште беше на топ листите. Албумот достигна број 12 во САД март 1971 година,каде и ќе се продаде во четири милиони копии практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од на рок критичаритево тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic”го класифицираат “Параноја” како "еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња", и албум што го "дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата ". Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноја” му овозможи на бендот за прв пат да оди на турнеја во САДво октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот "Железен човек". Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, "Железен човек" останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД се до 1998 година кога го издадоја“Психо човек”.
 
“Господар на реалноста” (Master of Reality) и “4то издание” Volume 4 (1971–1973)
Бендот започна светска турнеја во јануари 1974 година, која кулминираше со фестивалот Калифорнија Џем во Онтарио, Калифорнија на 6 април 1974 година. Привлекувајќи повеќе од 200.000 фанови, Black Sabbath се појави заедно со рок и поп гиганти на седумдесеттите Дип П’рпл, Иглс, Емерсон, Лејк и Палмер, Рер ‘Рт, Силс и Крофтс, Блек Оук Арканзас, и Земја, ветер и огин (Earth, wind and fire).Делови на шоуто беа емитувани на “Еј Би Си”телевизија во САД, што го изложи бендот пред пошироката американска публика. Во истата година, бендот го смена менаџерот, потпишувајќи со озлогласениот англискиот менаџер Дон Арден.Овој потег предизвика договорен спор со поранешниот менаџерна Блек Сабат, а во меѓувреме на Ози му беше врачен налог за судски процес од времетраење од две години.
Во февруари 1975 година Блек Сабатпочна да работи на својот шести албум, повторно во Англија, воСтудијатаМорган во Вилзден, овој пат со одлучувачка визија да годиференцираат звукот на албумот од "Сабат крвав Сабат". "Можевме да продолжиме се така натаму, да станеме повеќе технички, со користење на оркестри и се друго што ние лично не го сакавме. Се погледнавме себеси и си рековме сакаме да направиме рок албум, што "Сабат крвав Сабат" и не беше. Саботажа беше издаден во јули 1975 година, а продуценти беа Блек Сабат и Мајк Бучер. Како и неговиот претходник, албумот доби позитивни критики, меѓу кои критиката на Ролинг Стоун:"Саботажа не е само најдобар албум наБлек Сабатпосле“Параноја”, туку можеби и најдобар досега".
“Саботажа”се пласира меѓунајдобрите 20 и во САД и во Велика Британија, но беше првиот албум на бендот кој не достигнаплатинумски статус во САД, туку доби само сертификат за златна плоча. Иако единствениот сингл од албумот “Дали полудувам” (Am I Going Insane) не се пласира на топ-листите, “Саботажа” ја содржи песната “Дупка во небото” (Hole In The Sky) и “Симптом на универзумот” (Symptom Of The Universe), кои се омилени меѓу обожавателите. Блек Сабат отиде на турнеја со “Саботажа”, а бендот “Бакнеж” (Kiss) отвраше како предгрупа. Меѓутоа, во ноември 1975 година, беа принудени накратко да ја одложат турнејата, бидејќи Озборн пукна мускул на грбот во несреќа со моторцикл.Во декември 1975 година, издавачките куќи на бендот објавијакомпилација “Албум со најголемите хитови” без да знае бендот, и ја именуваа “Си ги продадовме душите за Рок ен рол” (We Sold Our Souls For Rock ‘N’ Roll). Албумот беше на топ-листите цела 1976година, и на крајот се продаде во два милионикопии во САД.
 
“Техничка екстаза”(Technical Ecstasy)и “Никогаш не вели умри!” and (Never Say Die!) (1976–1979)
Рони Џејмс Дио ги напушти Блек Сабат во Ноември 1982 година за да започне со свој сопствен бенд, и го зеде тапанарот Вини Апајс со него. “Живо Зло” беше издаден во јануари 1983 година, но беше ставен во сенка од “Говорот на Ѓаволот” (Speak of the Devil) на Ози Озборн, албум во живо со платинеста продажба кој содржеше само песни на Блек Сабат, и беше издаден пет месеци порано.
 
“Повторно роден”(Born Again) (1983 – 1984)
 
“Повторно роден”(Born Again) (1983 – 1984)
 
Двата членови од оригиналната постава си заминаа, Тони Ајоми и Гизер Батлер, започнаа аудиција за нов пејач за следниот албум на групата. Ники Мур од Самсон и Џон Сломан од Лоун Стар доаѓаа во превдид. Бендот се задоволи со поранешниот пејач на Дип Парпл, Јан Гилан кој го замени Рони Џејмс Дио во Декември 1982 година. На почетокот, проектот не требаше да се вика Блек Сабат, но притисоците од издавачката куќа ја натера групата да го задржи името. Бендот влезе во Манор Студијата во Шиптон на Червел, Оксфордшир, во јуни 1983 година со Бил Ворд на тапани кој се врати трезен. По пуштањето во продажба, “Повторно роден” беше осуден од критиката. И покрај негативниот прием на албумот, тој стигна до место број четири на листите во Велика Британија и број 39 во САД. Дури деценија после тоа Едуардо Ривадавиа од Allmusic го нарече албумот “ужасен“, наведувајќи дека “меланхоличниот стил на Гилан и хумористичните текстови на песните беа комплетно некомпатибилни со господарите на уништувањето и суморноста“.
 
Таткото на Шерон Озборн, Дон Арден, ни беше менаџер. Негова беше идејата за да го имаме споменикот Stonehenge на сцена. Тој ги запиша димензиите и им ги даде на нашиот менаџер за турнејата. Тој ги запиша во метри но мислеше да ги запише во стапки. Луѓето што го правеа видоа петнаесет метри наместо петнаесет стапки. Тоа беше високо 45 стапки и немаше да одговара за ниту една сцена, па така ние моравме да ја оставиме во складиштето. Таа чинеше богатство да се направи но немаше зграда на Земјата во која што можеше да се смести.
 
 
“Пукнатина” (Hiatus) и “Седмата ѕвезда” (Seventh Star)(1984 -1986)
 
Еден пејач чиј статус е оспоруван, и внатре и надвор од Блек Сабат, е Христијански евангелиста и претходен фронтмен на Џошуа, Џеф Фенхолт. Фенхолт инсистирал дека тој бил пејач во Блек Сабат од јануари и мај 1985 година. Тони Ајоми никогаш не го потврдил ова, бидејќи тој работел на соло издание кое подоцна било именувано како албум на Сабат. Фенхолт дава деталенизвештај за неговото време со Ајоми и Сабат во книгата на Гари Шарп Јанг, Сабат Крвав Сабат: Битката за Блек Сабат.
 
 
“Вечниот Идол” (The Eternal Idol), “Безглавен Крст” (Headless Cross) и “ТИР” (ТYR) (1986 – 1990)
Блек Сабат почна да работи на нов материјал во октомври 1986 година во Еар студијата во Монтсерат со продуцентот Џеф Гликсман. Снимањето беше проследено со проблеми од почетокот, бидејќи Гликсман си замина после почетните сесии, и беше заменет со продуцентот Вик Коперсмит – Хевн. Басистот Дејв Шпиц си замина заради “лични проблеми“, а поранешниот басист на Рејнбоу, Боб Дејсли ги пресними сите бас траки, и текстовите на песните на албумот, но пред албумот да биде завршен, тој го напушти бендот за да му се придружи на придружниот бенд на Гери Мур, и земајќи го со него и тапанарот Ерик Сингер. После проблемите со вториот продуцент Коперсмит-Хевн, бендот се вратил во Морган студијата во Англија во јануари 1987 година за да работи со новиот продуцент Крис Цангаридес. Додека работеле во Велика Британија, новиот пејач Реј Гилен изненадно ги напуштил Блек Сабат за да го формира бендот Blue Murder со Џон Сајкс. Бендот го ангажирал поранешниот пејач на Alliance, Тони Мартин, за да ги пресними песните на Гилен и поранешниот тапанар на Electric Light Orchestra, Бев Беван, за да се завршат неколку дуплирања на перкусиите. Пред издавањео на новиот албум, Блек Сабат прифати понуда да настапат на шест концерти во Сан Сити, Јужна Африка за време на ерата на апартхејдот. Бендот ја навлече критиката од активистите и артистите вклучени во “Обединети уметници против Апартхејдот” (Artists United Against Apartheid), кои ја бојкотираа Јужна Африка уште од 1985 година. Тапанарот Бев Беван одби да свири, и го замени Тери Чајмс од Клеш.
 
После скоро една година продукција, “Вечниот идол” беше пуштен во продажба на 8 декември 1987 година и беше игнориран од современите рецензенти. Директните ревизии на интернет ерата беа измешани. Allmusic рекоа дека “силниот глас на Мартин додал нов оган на бендот“, а албумот содржел “некои од најтешките рифови на Ајоми.“ Блендер му даде на албумот две звезди, изјавувајќи дека албумот бил “Блек сабат само на име“. Албумот достигна на број 66 во Велика Британија, а на 168 место во САД. Бендот имаше турнеја за поддршка на “Вечниот идол” во Германија, Италија и за прв пат во Грција. За несреќа, делумно поради силната реакција на промотерите за инцидентот во Јужна Африка, другите Европски концерти беа откажани. Басистот Дејв Спиц го напушти бендот пред турнејата, и го замени Џо Барт од Вирџинија Вулф.
 
После слабиот комерцијален успех на “Вечниот идол”, Блек Сабат беа напуштени од Вертиго Рекордс и Ворнер Брос Рекордс, а потпишаа со И.Р.С. Рекордс. Бендот зеде одмор во 1988 година, а се врати во август за да започне со работа на нивниот следен албум. Како резултат на проблемите со снимањето на “Вечниот идол”, Тони Ајоми се одлучи самиот да го продуцира следниот албум на бендот. “Тоа беше комплетно нов почеток“ рекол Ајоми. “Јас морав повторно да размислам за целата работа, и одлучив дека нам ни е потребно повторно да изградиме извесен кредибилитет“. Ајоми го ангажирал поранешниот тапанар на Реинбоу, Кози Пауел, клавијатурист Николс и басистот Лоренс Котл, и изнајмил “многу евтино студио во Англија“.
 
Турнејата за “Обезглавен крст” (Headless Cross), со лоша судбина, започна во мај 1989 година со Kingdome Come и Silent Rage како предгрупи, но поради слабата продажба на карти турнејата беше откажана после само осум концерти. Европскиот дел од турнејата започнал во септември, каде бендот доживеа повторен успехот на топ-листите. После низа на концерти во Јапонија, бендот тргна на 23 дневна Руска турнеја со Girlschool. Блек Сабат беше еден од првите бендови кои имале турнеи во Русија, откако во 1989 Михаил Горбачов ја отвори земјата кон западните акти за прв пат. Бендот се врати во студио во февруари 1990 година за да го сними продолжетокот на “Обезглавен крст”. Иако технички не беше концептуален албум, некои од темите во текстовите на песните од албумот се базирани на Нордиската митологија. “ТИР” (TYR) беше издаден на 6 aвгуст 1990година и достигна место број 24 на листата на албуми во Велика Британија, но беше првото издание на Блек Сабат кое не влегло меѓу најдобрите 200 во САД. Албумот ќе се здобие со мешани рецензии на интернет, како забелешката на Allmusic дека бендот “меша мит со метал во едно тешко изложување на музичката синтеза“, додека Блендер му даде на албумот само една звезда, изјавувајќи дека Ајоми продолжува да го валка името на Блек Сабат со оваа незабележителна колекција“. Бендот направи турнеја за подршка на TYR со Circus of Power во Европа, но последните седум концерти биле откажани заради слабата продажба на карти. За прв пат во нивната кариера, турнејата не вклучуваше концерти во САД.
 
 
“Обесчовечувач” (Dehumanizer) (1990 – 1992)
Додека беше на неговата турнеја Lock Up The Wolves САД во август 1990 година , на поранешниот пејач на Блек Сабат Рони Џејмс Дио на бината во Минеаполис Форум му се придружи поранешниот басист на Блек Сабат Гизер Батлер за да ја изведат “Неонски витези“ (Neon Knights). После шоуто, двата покажале интерес за повторно обединување на Блек Сабат. Батлер го убедил Ајоми, кој за возврат ја распушти тековната постава, отпуштајќи го пејачот Тони Мартин и басистот Нил Мареј “Жалам за тоа на многу начини“ рекол Ајоми. “Ние тогаш бевме на добро место. Навистина не знам зошто, но одлучивме повторно да се обединиме со Дио. Имаше финансиски причини, но тоа не беше тоа. Изгледа мислев дека ние можеме повторно да го имаме она што го имавме“.
 
Рони Џејмс Дио и Гизер Батлер му се придружија на Тони Ајоми и Кози Пауел во есента 1990 година за да почнат да работат на следното издание на Блек Сабат. Додека вежбале во ноември, Пауел претрпел кршење на колкот кога неговиот коњ умрел, паѓајќи на нозете на тапанарот. Неспособен да го заврши албумот, Пауел бил заменет од поранешниот тапанар Вини Апајс, повторно обединувајќи ја поставата од времето на “Толпата владее” и бендот влегол во студио со продуцентот Реинхолд Мак. Процесот на снимање кој траел една година се соочил со проблеми, главно со тензијата помеѓу Ајоми и Дио за пишувањето на песните, и некои песни беа препишувани повеќе пати. “На “Обесчовечувач” му требаше долго време, тој едноставно беше тешка работа“ рече Луми. “Ни одзеде премногу време, не кошташе милион долари, а тоа е проклето смешно“. Дио подоцна го нарече албумот тежок, но вреден за напорите. “Тоа беше нешто што ние моравме да го исцедиме од нас самите, но јас мислам затоа тој успеа“ рече тој. “Понекогаш ви треба таков вид на тензија, затоа што ќе направите Божиќен албум“. Албумот “Обесчовечувач” беше издаден на 22 јуни 1992 година, а во САД на 30 јуни 1992 година од Reprise Records, бидејќи Рони Џејмс Дио и истоимениот бенд беа сеуштесè уште под таа издавачка куќа. Додека албумот прими мешани рецензии, тоа беше најголемиот комерцијален успех на бендот во последната деценија. Усидрен на топ 40 рок радио со синглот “ТВ Крајмс“, најдобриот пласман на албумот беше 44 место на Билборд 200. Албумот исто така ја содржи песната “Временска машина“(Time Machine), од која беше снимена верзија за филмот “Светот на Вејн” во 1992 година. Додатно, перцепцијата на многу фанови за сличноста со “вистинската“ Блек Сабат му го обезбеди на бендот потребниот импулс, кој му беше многу потребен.
 
Блек Сабат почна со турнеја за подршка на “Обесчовечувач” во јули 1992 година со Testament, Danzig, Prong, и Exodus. Додека беа на турнеја, претходниот пејач Ози Озборн го објави своето прво пензионирање, и ги покани Блек Сабат да бидат предгрупа за неговиот соло бенд на последните два концерти на неговата турнеја No More Tours во Costa Mesa, Калифорнија. Бендот се согласил, освен пејачот Рони Џејмс Дио, кој рече:
 
Дио ја напушти Блек Сабат после концертот во Оукленд, Калифорнија на 13 ноември 1992 година, една ноќ пред бендот да биде ангажиран да се појави на настапот за пензионирање на Озборн. Во последен момент им се приклучи Роб Халфорд, пејачот на Џудас Прист, настапувајќи два вечери со бендот. Ајоми и Батлер исто така му се придружија на Озборн и поранешниот тапанар Бил Ворд на бината за прв пат после концертот Live Aid во 1985 година, изведувајќи краток сет од песните на Блек Сабат.
 
 
 
“Цели на крстот”(The Cross Purposes) и “Забрането”(Forbidden)(1993 – 1996)
 
Во 1997 година, Тони Ајоми ја распушти тековната постава на бендот за официјално повторно да се обединат со Ози Озборн и оригиналната постава на Блек Сабат. Пејачот Тони Мартин изјави преговори за обединување на оригиналната постава имало уште од краткотрајното обединување на бендот на настапот на Ози Озборн во Коста Меса во 1992 година, и дека бендот ги издал наредните неколку албуми само за да го исполни нивниот договор за снимање со I.R.S. records. Мартин изјави дека “Забрането” беше еден од тие албуми за исполнување на договорот. “Сепак, во тоа време јас не ја знаев таа информација. ”I.R.S. records издаде компилациски албум во 1996 за да го исполни договорот на бендот, со наслов “Камењата на Сабат” (The Sabbath Stones), во кој се најдоја песни од “Повторно роден” и “Забрането”.
 
 
“Повторното обединување со Ози Озборн”(Osbourne Reunion) (1997 – 2006)
 
 
Во летото 1997 година, Тони Ајоми, Гизер Батлер, и Ози Озборн официјално повторно се обединија за заедно да го предводат фестивалот Озфест заедно со соло бендот на Озборн. Во поставата беа тапанарот на Озборн, Мајк Бордин, замена за Бил Ворд, кој не беше во можност да учествува заради претходните обврски во својот соло проект, Бендот на Бил Ворд. Во декември 1997 година, на групата му се придружи Ворд, правејќи го првото обединување со четворицата оригинални членови после шоуто за пензионирање на Озборн во 1922 година. Оригиналната постава сними два настапи на Birmingham NEC, кои што беа издадени како дупли албум во живо “Повторно Обединување” на 20 октомври 1998 година. “Повторно Обединување достигна” на број единаесет на Билбордот 200, и доби платинеста плоча во САД. Албумот го исфрли синглот “Железен Човек“, кој што ја доби првата и единствена Греми награда на Блек Сабат во 2000 за Најдобра Метал Изведба, 30 години откако песната беше првобитно издадена. “Повторното Обединување” исто така содржи две нови студиски песни, “Психо Мен“ и “Продавање на Мојата Душа“. И двете се пробија на топ 20 на листата Билборд Меинстрим Рок.
 
Во Март 2002, реалното шоуто “Озборнови” на Ози Озборн кое доби Еми, дебитираше на МТВ, и набрзина стана светски хит. Шоуто го претставуваше Озборн на пошироката публика и за да ја искористи издавачката куќа на претходниот каталог на бендот, Sanctuary Records издаде двоен албум во живо Past Lives, кој истакнуваше концертен материјал снимен во 70те години, кој го вклучуваше и претходно неофицијалниот албум Live at Last. Бендот остана во празнина (празен период) се до летото 2004 година, кога тие се вратија и го предводеа Озфест 2004 и 2005 година. Во ноември 2005 година, Блек Сабат беа внесени во Музичката Сала на Славните на Велика Британија, а во 2006 година, после единаесет години на квалификации, бендот беше внесен во Рок енд Рол Салата на Славните во САД. На церемонијата Металика отсвири две песни на Блек Сабат, “Дупка во Небото“ и “Железен Човек“ како признание за бендот.
 
 
“Годините со Дио”(The Dio Years) и “Рај и Пекол” (Heaven And Hell) (2006 – 2010)
 
Додека Ози Озборн работеше на материјалот на новиот соло албум во 2006, Рино рекордс го издаде “Блек Сабат: Годините со Дио”, компилација на песни одбрани од четирите изданија на Блек Сабат со Рони Џејмс Дио. За издавањето, Ајоми Батлер, Дио и Апајс повторно се обединија за да напишат и снимат три нови песни под името Блек Сабат. “Годините со Дио” беше издаден на 3 април 2007 година, достигнувајќи на број 54 на Билбордот 200, додека синглот “Ѓаволот Плачеше“ достигна до број 37 на листата на Меинстрим Рок Трекс. Задоволни од резултатите, Ајоми и Дио одлучија повторно да ја обединат поставата од времето на “Рај и пекол” за светска турнеја. Додека поставата со Озборн, Батлер, Ајоми и Ворд сеуштесè уште официјално беа нарекувани Блек Сабат, новата постава одлучи да работи под името “Рај и пекол, по албумот со истото име, за да се избегнува забуна. Тапанарот Бил Ворд првобитно требаше да учествува, но беше изоставен пред да започне турнејата заради музичките разлики со “неколку членови од бендот“. Тој беше заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс, и ефективно повторно ја обедини поставата која што беше на албумите “Толпата владее” и “Обесчовечувач”.
 
Додека Ози Озборн работеше на материјалот на новиот соло албум во 2006, Рино рекордс го издаде “Блек Сабат: Годините со Дио”, компилација на песни одбрани од четирите изданија на Блек Сабат со Рони Џејмс Дио. За издавањето, Ајоми Батлер, Дио и Апајс повторно се обединија за да напишат и снимат три нови песни под името Блек Сабат. “Годините со Дио” беше издаден на 3 април 2007 година, достигнувајќи на број 54 на Билбордот 200, додека синглот “Ѓаволот Плачеше“ достигна до број 37 на листата на Меинстрим Рок Трекс. Задоволни од резултатите, Ајоми и Дио одлучија повторно да ја обединат поставата од времето на “Рај и пекол” за светска турнеја. Додека поставата со Озборн, Батлер, Ајоми и Ворд сеуште официјално беа нарекувани Блек Сабат, новата постава одлучи да работи под името “Рај и пекол, по албумот со истото име, за да се избегнува забуна. Тапанарот Бил Ворд првобитно требаше да учествува, но беше изоставен пред да започне турнејата заради музичките разлики со “неколку членови од бендот“. Тој беше заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс, и ефективно повторно ја обедини поставата која што беше на албумите “Толпата владее” и “Обесчовечувач”.
 
“Рај и пекол” имаше турнеја во САД со Megadeth и Machine Head како воведни бендови, и снимија албум во живо и ДВД во Њу Јорк на 30 март 2007 година, под името “Во живо од Радио Сити Мјузик Хол”. Во ноември 2007 година, Дио потврди дека бендот планира да сними нов студиски албум, кој беше снимен следната година. Во април 2008 година, бендот ги објави следното издание и учеството на турнејата Метал Мастерс, заедно со Џудас Прист, Моторхед и Тестамент. Комплетот од албуми, “Правилата на Пеколот” (The Rules of Hell), кој ги содржеше преработените верзии на сите албуми на Блек Сабат со Дио како фронтмен, беше поддржан од турнејата Метал Мастерс. Во 2009 година, бендот го објави името на нивниот деби студиски албум, “Ѓаволот кој го Познаваш” (The Devil You Know), издаден на 28 aприл.
 
Блек Сабат беа домаќини на приватна церемонија на 11 ноември 2011 година во Whisky a Go Go во Холивуд, Калифорнија. Домаќин бил поранешниот пејач на Блек Флег, Хенри Ролинс, а настанот настапија сите четири оригинални членови на бендот Блек Сабат. После долготрајните гласини, на овој настан, Блек Сабат објавиле дека тие официјално ќе се обединат повторно. Повторното обединување требаше да биде проследено со настап на Фестивалот Даунлоуд во 2012 година, и ново сниманиот студиски албум од продуцентот Рик Рубин кој се очекува да биде издаден кон крајот на 2012 година. Кога Ролинс го прашал бендот зошто сега избрале да се обединат повторно, Ајоми одговорил “Тоа ќе биде сега или никогаш. Одлично се сложуваме. Се е навистина добро“. Батлер исто така коментирал дека новиот материјал звучи како стариот стил и звук на Сабат“. На 18ти ноември бендот објавил низа на концерти од Европската турнеја што треба да се одржат во мај и јуни 2012 година.
 
 
 
Музички стил
 
Блек Сабат биле толку влијателни во развитокот на хеви метал и рок музиката за да бидат дефинирачка сила во стилот. Групата го земала блуз-рок звукот од касните 60ти години, делата како Cream, Blue Cheer и Vanila Fudge,го успорувала темпото, истакнувајќи го басот, и нагласувајќи ги пискавите соло гитари и урлачките вокали полни со текстови на песните кои го изразувале душевното патење и грозни фантазии. Ако нивните претходници јасно се појавиле со една електризирана блуз традиција, Блек сабат ја доведе таа традиција во еден нов правец, и правејќи го тоа помогна да се роди музички стил кој продолжи да привлекува милиони обожаватели, децении подоцна.
 
 
Влијание и иновација
Во прилог на тоа што беа пионери на хеви металот, тие исто така имаа заслуги за поставувањето на темелите за под-жанровите на хеви метал, stoner rock, sludge metal, black metal, и doom metal. Сабат исто така беа едни од првите кои Готската музика ја направија во жанр.
 
Културно, Блек Сабат извршија огромно влијание и на телевизијата и на литературата и во многу прилики се наречени синоним со хеви металот. Во филмот Скоро Славни, Лестер Бенгс му дава на протагонистот една задача да го опфати бендот (заплет број еден) со реченицата: ’Дајте ми 500 зборови за Блек сабат’. Современата списание за музика и уметности, Trebuchet Magazine го практикува ова со тоа што на сите нови писатели им дава задача да напишат кратко дело (500 зборови) за Блек Сабат со цел да ја докажат нивната креативност и гласот на добро документиран предмет.
 
 
 
 
 
== Дискографија ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Black Sabbath| ]]
[[Категорија:Хеви метал]]