Дејан Станковиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 23:
}}
 
'''Дејан Станковиќ''', (роден на {{роден на|11|септември|1978}} година во {{роден во|Белград}}) е поранешен српски фудбалер кој наголемиот дел од својата кариера го помина во италијанската [[Серија А]] во [[СС Лацио|Лацио]] и [[ФК Интер|Интер]] и за српската репрезентација во фудбал, каде беше долгогодишен [[капитен]]. Тој игра на позицијата среден напаѓач, но исто така игра и на крилните позиции или пак може да биде само во одбрамбена улога. „Деки“ е неговиот прекар, и најмногу е познат по неговото ефективно, прецизно додавање, но исто така и по подвижноста и креативноста како и неговата вештина да постигнува голови од далечина. На 13-ти јуни 2010 година, Станковиќ стана првиот фудбалер кој претставувал три различни држави на [[Светско првенство во фудбал|светските првенства на ФИФА]], [[Југославија]], [[Србија и Црна Гора]] и [[Србија]].
 
== Ран живот ==
Ред 39:
На 7-ми мај 2006 година, Станковиќ го одигра стотиот натпревар за Интер.
==== Сезона 2006/07 година ====
Доаѓајќи од летниот настап на светското првенство од 2006 година, Станковиќ со себе носеше одлична форма од самиот почеток на сезоната 2006/07 година во [[Серија А|Серија А,]], постигнувајќи неколку одлучувачки погодоци. Неговиот погодок против [[ФК Катанија|Катанија]] и неговиот меморијален гол против градските противници, Милан само дополнително го зајакна неговиот пламнат углед кај навивачите на Интер. Според официјалните рејтинзи на спортскиот весник [[Ла Газета дело спорт]], Станковиќ пет пати за време на сезоната 2006/07 година во серија А беше одбран како играч на натпреварот. Тој на 2-ри февруари 2007 година го обнови договорот, со што обезбеди останување во Интер најмалку до 2010 година.
==== Сезона 2008/09 година ====
Со доаѓањето на [[Жозе Мурињо]] на позицијата менаџер на Интер во јуни 2008-та година, имаше многу гласини од медиумите за заменување на Станковиќ од црно-сивите (неро аѕурите) (заедно со [[Адријано]], [[Хернан Креспо]], [[Давид Суаѕо|Давид Суазо]] и [[Николас Бурдисо]]), бидејќи тие не беа угледувани на високо ниво од ново пристигнатиот португалски тренер. Исто така медиумите се фокусираа на пријателската врска на Станковиќ со поранешниот менаџер Мансини и помошникот Михајловиќ со прикриени озборувања дека врската помеѓу тренерското дуо беше тоа што го држеше српскиот среден играч во клубот и покрај тоа што неговите настапи не беа толку светли за време на претходната сезона 2007/08 година. Потоа на крајот од јуни по изјавите дека Мурињо му соопштил на Станковиќ дека нема да биде дел од подготвителните тренинзи пред сезоната во [[Саут Тирол]] и дополнителните изјави дека Станковиќ и Јуве се договориле за условите, изгледаше дека тој дефинитивно го напушта клубот. Изјавите на медиумите за доаѓањето на Станковиќ во Јуве кај навивачите на клубот предизвика протести и петиции на интернет со објаснување дека тие никогаш нема да му го простат веселото јавно славење за освојување на титулата во серија А за сезоната 2005/06 година, кога од Јувентус беше одземена титулата подоцна и беше врачена на Интер со одлуката за скандалот [[Калчополи]]. Договорот со Јуве пропадна за неколку денови поради различни причини, и Станковиќ неочекувано изјави дека ќе биде среќен ако остане во Интер. Сепак, разговорите за трансфер повторно беа присутни со предлозите на Мурињо во средината на јули 2008-та година кој изјави ,, Станковиќ не е истиот играч кој што беше во Лацио , што повторно беше знак дека деновите како играч на Интер му се одброени.
 
И покрај тоа, Станковиќ одлучи да остане да се бори за место во тимот на Мурињо кратко по почетокот на сезоната тој успеа да ја постигне својата цел. На 19-ти октомври 2008-та година, тој постигна прекрасен погодок на натпреварот со [[Рома]] под водство на [[Лучано Спалети]] на гостински терен на [[стадионот Олимпико]] дотолчувајќи ја со 4-0. По додавањето од [[Сали Мунтари]], тој ја стави топката во мрежата на голманот на Рома, неговиот 24-ти гол во сите натпреварувања за црно-сивите, исто така пребродувајќи ја едногодишниот период без постигнат гол. Олеснувањето и докажувањето по се што помина тоа лето беше очигледно прославувањето за тој гол и во интервјуата после натпреварот, Станковиќ говореше за неговата радост да биде целосно вратен во форма по неговата повреда во претходната сезона. Тој исто така му се заблагодари на [[Жозе Мурињо|Мурињо]] за дадената поддршка и покрај несогласувањата помеѓу двајцата за време на летниот период.
 
Во декември 2008-та година, Станковиќ стана незаменлив дел од средината на Мурињо, покажа друго светло од неговата повторно откриена форма против [[ФК Кјево Верона|ФК Киево]] од [[Верона]] на домашен терен, прво со долго додавање до [[Максвел]] кој го постигна погодокот што го отвори натпреварот, потоа следеше погодок кој тој го постигна за резултат од 2-0 со шут од прва од линијата на шеснаесетникот, и на крај со асистенција од десно крило за [[Златан Ибрахимовиќ]] со тоа што Интер забележа победа од 4-2. На 7-ми февруари 2009 година, Станковиќ го прослави 200-тиот настап за Интер во сите натпреварувања на натпреварот на гостински терен против [[Лече]]. Интер забележа голема победа против новопромовираниот клуб со 3-0 со што Станковиќ со глава го постигна третиот гол од наткрената топка од слободан удар кој го изведе [[Мајкон]]. Добрата форма на Станковиќ во целата сезона продолжи кога тој го постигна вториот погодок за Интер против Милан во 270-тото миланско дерби на 15-ти февруари. Тој излезе да биде победнички гол откако [[Алешандре Пато|Александре Пато]] имаше постигнато еден пред тоа. Интер ја освои 5-тата по ред титула, негов 5-ти трофеј од [[Серија А]].
 
Во лигата на шампионите, Интер едвај се извлече во втората рунда по губењето на последните два натпревари во групната стаза против [[Панатинајкос]] и [[ФК Вердер Бремен|Вердер Бремен]]. Во првата елиминациска рунда (осмина финалето) тие изгубија од [[Манчестер Јунајтед]] во рамноправно одиграни натпревари. На првиот меч кој се одигра на [[Сан Сиро]], Станковиќ играше цел натпревар, покажувајќи се во добро светло многу подвижен. На вториот натпревар на [[Олд Трафорд]], Станковиќ го започна натпреварот и имаше одлична шанса откако одигра дупли пас со [[Златан Ибрахимовиќ|Ибрахимовиќ]] и упати удар со надворешниот дел од ногата со одалеченост од 25 метри, што заврши само неколку сантиметри над десната статива на [[Едвин ван дер Сар]]. Две минути подоцна, Станковиќ имаше уште една вистинска можност кога го помина [[Патрис Евра]] од десната страна по додавањето од Ибрахимовиќ од левата страна, но србинот немаше доволно добар контакт со топката во ситуацијата еден на еден со Ван дер Сар и упатениот удар заврши зад пречката. Во 57-та минута со водство од Јунајтед со 2-0 Интер беше присилен да брка резултат, Мурињо го извади Станковиќ и го стави Адријано. Овој натпревар беше 63-ти настап за Станковиќ во лигата на шампионите со што изби на првото место пред [[Предраг Џорџевиќ|Предраг Ѓорѓевиќ]] на листата на српски играчи со најмногу настапи во ова натпреварување.
Ред 58:
 
== Репрезентативна кариера ==
Станковиќ неговото репрезентативно деби за старата екипа на Југославија го имаше на 22-ри април 1998 година против [[Јужна Кореја]], постигна два гола на тој натпревар и тие победија со 3-1. Тој играше на светското првентсво 1998-та година и на европското првенство во 2000-тата година кога српската репрезентација сеуштесè уште го носеше името Југослваија. Тој тогаш се докажа како важен играч. Пред почетокот на квалификациите за светското првенство во 2006 година, југославенската репрезентација го промени името во Србија и Црна Гора, и Станковиќ ги започна сите натпревари и постигна два погодоци, но тој не настапи на последниот квалификациски натпревар поради повреда. На светското првенство на ФИФА 2006 година, тој го носеше бројот 10, а [[Саво Милошевиќ]] беше капитен на новата репрезентација [[Фудбалска репрезентација на Србија и Црна Гора|Србија и Црна Гора]] во нивното прво светско првенство, но тие не постигнаа успех бидејќи ги изгубија сите натпревари во групата од [[Брегот на слоновата коска]], [[Аргентина]] и [[Холандија]]. Откако Милошевиќ се пензионира, тој ја презема улогата на капитен на новоформираната на Србија, што следеше по осамостојувањето на Црна Гора од Србија.
 
Во квалификациите за светското првенство во 2010 година, Станковиќ ги започна и беше капитен на сите освен на два натпревари за Србија. За прв пат како самостојна држава тие се квалификуваа на светско првенство. Тој беше вмешан во нивната неверојатна победа со фаворитите [[Германија]] со резултат 1-0, но тие не остварија некој поголем успех во наредната стаза поради катастрофалните порази од [[Гана]] и [[Австралија]].
Ред 166:
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Станковиќ}}
 
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Српски фудбалери]]