Историја на уметноста: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 12:
==='''Палеолит'''===
Првата уметничка манифестација во палеолитот се појавуваа во 25,000 п.н.е., достигнувајќи го својот врв во магдаленскиот период (+- 15,000-8000 п.н.е.). Првите траги на предмети создадени од човекот се појавуваат во јужниот дел на Африка, Западен Медитеран, Централна и Источна Европа (Јадранско Море), Сибир ( Бајкалското Езеро), Индија и Австралија. Главно како преработен камен ( кремен , опсидијан), дрво или коскени орудија. За да се наслика со црвена боја се користел железен оксид, за црна, манган оксид и за окер, глина. Преживеаната уметност од овој период се мали резби на камен или сликање на коски или во пештери, посебно од Франко-Кантабринската област; постојат слики со магично-религиски карактер и слики со натуралистичка смисла кои прикажуваат животни, особено во пештерите на Алтамира, Тројца Браќа, Шове и Ласко.Скулптурата е претставена преку т.н. украсни статуетки на Венера, женски статуетки кои веројатно се користеле во култови за плодност како што е [[Вилендорфска Венера|Вилендорфската Венера]]. Други дела од овој период се Човекот од Брно и Венера од Брасемпој.
 
 
==='''Неолит'''===
Ред 61 ⟶ 60:
[[Податотека:Hagia-Sofia-Int-01s.jpg|thumb|Ентериер во Аја Софија во Истанбул, Турција]]
До доцната пре-Класична ера, која започнала околу 400 година п.н.е., Олмечката култура веќе опаѓала но Централно Мексичкиот народ и Маите просперирале. Низ добар дел од класичниот период во Централно Мексико градот Теотихуакан напредувал, како и Чочикалко и Ел Тахин. Овие места изобилуваат со фантастични скулптури и архитектура. Други Централно Мексиканси народи биле Микстеки, Запотеки и луѓето кои живееле во Долината на Оаксака. Уметноста на Маите била на врвот во Класичниот период – име што е последица од Класилниот Европски период, кој започнал околу 200-та година. Главни Маиански наоѓалишта од оваа ера го вклучуваат Копан – каде безбројни резби биле пронајдени, и Киригва каде најголемите стелаи од Мезоамерика се лоцирани со зооморфични алтари. Комплексен систем на пишување бил развиен и огромен број на маиански манускрипти биле продуцирани на хартија направена од кора од дрво. Иако Маианските наоѓалиште постојат и денес, голем дел од овие места ги снемало околу 1000-та година.
Во времето на шпанското освојување на Јукатан за време на 16-от и 17-от век, Маите сеуштесè уште биле моќни, но многу заедници потпаднале под општеството на Ацтеките. Ацтеките многу просперирале во овој период, негувајќи уметности како вајарство, сликарство и мозаици од пердуви. Можеби најпознато дело на Ацтечката уметност е камениот календар, кој денес е национален симбол на државата Мексико. За време на шпанското освојување на Империјата на Ацтеките многу уметнички предмети биле испратени во Европа за подоцна да бидат распределени во уметнички музеи. Империјата на Ацтеките била базирана во градот Тенохтитлан кој бил речиси уништен во колонијалната ера. Тоа што останало од градот денес е закопано по Мексико Сити. Неколку градби од тоа време како Главниот Храм се проучувани од археолози но се во многу лоша состојба.
Уметноста во двете Америки од шпанските освојувања е микс на домородната и странската традиција, вклучувајќи Европски, Африкански и Азиски елементи.
Измешани со приказната за домородната уметност се движењата за сликарство, вајарство и архитектура како Hudson River School или Ashcan School во 19-от век, или Поп Арт и Абстрактен Експресионизам во 20-от век. Некои од најпознатите слики биле продуцирани од уметници од Американскиот Запад а некои од визуелно најкомплексните објекти биле креирани од афро американци.
Ред 112 ⟶ 111:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Историја на уметноста| ]]