Психо: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 19:
| gross = $592.6 милиони
}}
'''''Психо''''' е [[САД|американски]] [[Трилер (жанр)|трилер]]/[[хорор]] [[филм]], еден од најпознатите на британскиот режисер [[Алфред Хичкок]]. Снимен е во црно-бела техника според истоимената новела на [[Роберт Блок]] од 1959 во која се опишува животот на [[Ед Ген]], [[сериски убиец|убиецот]] од [[Висконсин]]. Улогите во оригиналниот филм ги толкуваат [[Џенет Ли]], [[Ентони Перкинс]], [[Мартин Балзам]], [[Џон Гавин]], [[Вера Мајлс]] и [[Сајмон Оукленд]].
 
Филмот на Хичкок се смета за еден од најзначајните филмови на сите времиња и котира високо во речиси сите списоци за најдобри филмови. Причина за ова се влијанијата од европскиот [[уметнички филм]] што Хичкок ги внесува во приказната, [[камера|камерата]]та и [[монтажа|монтажата]]та, притоа внесувајќи графички нудизам и насилство до претходно невиден степен во [[Холивуд]]. „Сцената под тушот“ денес е икона во рамките на [[Поппоп-култура|поп-културата]]та и според многумина, претставува предвесник на [[слешер филм|слешер филмовите]]овите што ќе процветаат во текот на ’70-те.
 
Оригиналниот ''Психо'' има три продолженија со многу послаб успех (во 1983, 1986 и 1990) од кои последното е наменето за [[телевизија]]та. Ентони Перкинс ја повторува својата улога како Норман Бејтс во секој од овие филмови. Во 1998 година, [[Гус ван Сант]] го режира римејкот за кој добива две [[Златна Малина|Златни Малини]], награди за најлош римејк и за најлош режисер.
Ред 39:
Во чудните случувања во мотелот не може да поверува ниту локалниот шериф Ал Чемберс ([[Џон МекИнтаја]]). Тој е убеден дека Норман живее сам, дека мајка му е почината 10 години наназад и дека нема некој да оди да зборува со мајка му на Норман кога таа не е жива. Но Лила и Сем се поупорни, одат во мотелот на Норман и бараат сместување. Во собата во која претпоставуваат дека била сместена Мерион наоѓаат трага од хартии на кои пишувала лично Мерион. Норман покажува знаци на нервоза на провокативните прашања на Сем, додека истовремено Лила оди во куќата да ја пронајде Норма и поразговара со неа. Додека ја прегледува куќата во подрумот наидува на неуспешно препариран женски лик и почнува да вришти. Истовремено во подрумот влегува непозната фигура и со кујнски нож се обидува да ја масакрира Лила, но за среќа во последен момент наидува Сем и ја спасува Лила. Се доаѓа до констатација дека Норман е таа непозната сенка која извршила масакр над Мерион и Арбогаст преобразувајќи се како жена користејќи гардероба од неговата покојна мајка.
 
Полициската истрага како и психолошката анализа на Др. Фред Ричмонд ([[Сајмон Оукленд]]) покажала дека Норман, по смртта на својот татко откако мајка му пронашла нов партнер, љубоморно ги убил двајцата (ги отрул со [[стрихнин]]), а набргу мајка му ја извадил од гробот и се обидел да ја препарира со средствата кои ги користел за своето хоби. Од мочуриштето во близина, полицијата ги извлекува двете возила во кои се масакрираните тела на Мерион и Арбогаст. Во автомобилот на Мерион сеуштесè уште ги има 40.000-те долари.
 
== Улоги ==
Ред 75:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Американски филмови]]
[[Категорија:Филмови од 1960 година]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Психо