Разлика помеѓу преработките на „Кичевија“

Одземени 75 бајти ,  пред 1 година
с
правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
с (правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB)
{{внимание}}
'''Кичевија''' — историско-географска област која ја опфаќа [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]], [[западна Македонија]]. Кон [[Полог]] граница е планината [[Буковиќ (планина)|Буковик]] (1.518 м); кон [[Мијаци|Мијаците]]те планината [[Бистра (планина)|Бистра]] (2.100 м); кон [[Дебарска Котлина|Дебарската Котлина]] и [[Дримкол]] планината [[Стогово]] (2.242 м); кон [[Дебарца]] планината [[Голјак]] (1.468 м), па [[Беличка Планина|Беличко]]-[[Пространска Планина (појаснување)|пространската планина]] (1.500-1.600 м); кон [[Демир Хисар]] (Железник) границата е на изворот на [[Црна река]], па на планината [[Лубен]] (1.762 м) и [[Стрмол]] (1.762 м); кон [[Крушево]] планината [[Венец (планина)|Венец]] (1.738 м); кон [[Прилеп]] планината Бушава (1.702 м); кон [[Порече]] планината [[Песјак (планина)|Песјак]] (1.744 м), па [[Челоица]] (1.896 м) и [[Добра Вода]] (2.082 м).
 
==Покраини==
 
* ''[[Кичава]] (Кичево)'' — го опфаќа дното на [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]] од село [[Туин]] до село [[Лисичани]]. Во средината на оваа покраина се наоѓа градот [[Кичево]]. Оваа покраина се дели на два дела: од [[Кичево]], па кон селото Туин се нарекува [[Горно Кичево]] (Горна Кичава); а другиот дел се нарекува [[Долно Кичево]] (Долна Кичава). Во Горно Кичево има и помали предели. Таков предел е [[Зајас]]. Пределот измеѓу [[Зајас]] и [[Кичево]] се нарекува [[Сатеска]].
 
* ''[[Копачка]]'' — го опфаќа изворот на реката [[Треска]] со притоките [[Студенчица]] и [[Беличка Река]]. Се дели на два дела: Горна Копачка е во долината на [[Студенчица]] и реката [[Треска]], а Долна Копачка во сливот на Беличка Река.
 
* ''[[Рабетино]]'' или ''Рабетинкол'' — го опфаќа сливот на [[Рабетинска Река]] и долниот тек на реката [[Треска]], од селата Лисичани и [[Челопеци]], па до селото [[Латово]]. Се дели на два дела: Горно Рабетино (сливот на Рабетинска Река), и Долно Рабетино.
 
* ''[[Краста]]'' или ''Горни Железник'' — го опфаќа пределот под планината Лубен. Краста е поврзана со [[Кичевска Котлина|Кичевската Котлина]] со долината на Беличка Река и превојот на планината [[Турла]].
 
==Типови села==
 
На дното на котлината постојат населби кои се настанати од големите поседи во [[Македонија во средниот век|средновековието]], турски наречени „[[Чифлиг|чифлици]]“. Селата по речните долини и на високите предели се од типот на [[Земјоделство|земјоделски]] и сточарски села. Се забележува дека многу села на речните долини зафаќаат неплоден крај. Овие села се повлечени од плодното земјиште за да остане што повеќе плодна земја за обработка. Селата по речните долини се тешко пристапни и скриени, а исто така се скриени и по долините и селата во Краста. Селата биле скриени од причина што селаните пробувале да се заштитат од разните војски кои го напаѓале македонскиот народ. Во врска со [[Сточарство|сточарствотосточарство]]то и [[Земјоделство|земјоделствотоземјоделство]]то, се создавале и привремени населби, во кои се чувала стоката, сточната храна, и земјоделските алати. Тие привремени населби биле во близина на селата.
 
Во Кичевската Котлина разликуваме разни типови на села. На дното на котлината и таму каде што биле големите поседи на [[Ага|агите]] и [[Бег|беговитебег]]овите селата се од чифлигарски тип. Тие биле збиени до кулата од агата или бегот, со високи огради и ѕидови, кои го издвојуваат имотот од соседната куќа, а измеѓу оградите имало „сокаци“ — криви селски улици. Околу куќите постоеле големи градини со овошје. Од улицата во дворот се влегувало на голема капија. Во дворот се забележувале згради за живеење, за стоката, за [[сено]], кошеви за пченка, амбари и земјоделски алати. Единечните куќи давале изглед на мали тврдини, особено во Горно Кичево. Во дворот имало бунар и покрај него големо корито. Кога навечер ќе се затвореле капиите, пристапот бил скоро невозможен од лошите песови. Во главно од овој тип е и [[Кичево]], како и селата; [[Црвивци]], [[Србица]], [[Арангел (село)|Арангел]], [[Туин]], [[Поповјани]], [[Јагол Доленци]], [[Зајас]], [[Длапкин Дол]], [[Трапчин Дол]], [[Колибари]], [[Србјани]], [[Челопеци]], [[Лисичани]], [[Миокази]], [[Пласница]], [[Преглово]], [[Вранештица]] и [[Другово]].
 
Селата од езерско потекло (Кичевската Котлина порано ја исполнувало езеро, во кое се влевале реките од планинските предели. Тоа езеро истекло создавајќи ја долината на реката [[Треска]], кон реката [[Вардар]]) се исто така збиени, но така што терасата им останувала слободна. Над селата постоеле „шумјаци“ за стоката. Оградите на куќите најчесто биле плотови, а поретко ѕидови. Такви села се: [[Раштани (Кичевско)|Раштани]], [[Осој (Кичевско)|Осој]], [[Ериновци]], [[Стрелци (село)|Стрелци]], [[Шутово]], [[Премка]], [[Осломеј]], [[Горно Строгомиште|Горно]] и [[Долно Строгомиште]], [[Мидинци]], [[Колари]], [[Карбуница]], [[Бигор Доленци]], [[Атишта]], [[Челопеци]], [[Дворци]], [[Орланци]], [[Речани (Челопечко)|Речани]].
[[Податотека:Белица во јуни 2013 (13).JPG|мини|десно|Куќа во [[Белица]].]]
 
* Примитивната куќа во оваа котилина се викала ''изба''. Во избата живеела цела група. Денес тие места каде што се избите се викаат ''избишта''. Избата најчесто била изградена од камен, била во правоаголен облик и приземна. Во средината било огништето, и чадот излегувал низ кровот. Денес сеуштесè уште можат да се видат изби во Латово, Дујани, Рбетино и во други села кои не изгореле до темел во 1903 година.
Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај ''избиште'', се нарекува и ''стара куќа'' или ''куќишта''.
 
* ''Кошара''. Изгледа како буквата П. Кровот и зидовите се обвиткани со слама. Тука овчарите спиеле со стоката на зима, па и на лето. Кај некои покрај кошарата се сретнувале и мали зградички во форма на кружен шатор, цел од слама. Служел за одгледување на пчели.
 
* ''Бачилиште''. Мала колиба од гранки и стебла. Во неа летото го поминувал некој член на семејството со млечната стока, и произведувал млечни производи.
 
* ''Гумништа''. Места во близина на селата, со плевни за сено, слама или ''ченканица'', и ''шушлупки'' од пченки.
 
* ''Кош''. Засолниште за собраната пченка. Кошот најчесто стои покрај куќата или некаде во дворот.
 
* ''Амбар''. Најчесто стои покрај куќата, на чардакот, или пак издвоен е во дворот. Кога е издвоен, личи на мала кула и има мал дел за престојување, и тоа секогаш горе. Ако амбарот е покрај куќата, истакнат е заради промаја, односно претставува еден вид на балкон.
 
Во Кичевијата се распознаваат три типа стари гробишта.
 
* Во Горно Кичево тие се одликуваат по тоа што на нив ретко се гледаат украси и на нив не се забележуваат натписи. Таму надгробните плочи се огромни; долги се до 3 м. и широки 1,50 м. Таму се скоро сите крстови искршени од страна на муслиманите кои напаѓале по селата. Најтипични стари гробишта од овој тип можат да се забележат во село Осломеј, во близина на новата црква.
 
* Вториот тип на стари гробишта се забележува во Горна Копачка. Таму крстовите и надгробните плочи се исто во големи размери и се разликуваат во материјалот од оние во Горно Кичево. Слични се старите гробишта и во Долно Кичево и Долна Копачка, само што таму се забележува употреба на олово за затворање на гробовите.
 
* Третиот тип стари гробишта е со натписи и украси и ги има во Горно и Долно Рабетино. Во Орланци стојат уште неколку крстови од мермер на старите гробишта на семејствата Чупчевци, Коколовци и Мијовци.