Разлика помеѓу преработките на „Измир“

Додадени 19 бајти ,  пред 3 месеци
с
правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
(Бришење на "IzmirBBlogo.png", беше избришана од Заедничката ризница од страна на EugeneZelenko поради: c:Commons:Licensing: non-trivial logo.)
с (правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB)
Во [[железно време]] куќите биле мали, со една соба. Најстарата куќа, отворена во Бајракли, датира од периодот помеѓу 925 - 900 п.н.е. Ѕидовите на оваа добро сочувана куќа со една соба и димензии околу 2,45 на 4 метри, биле направени од печени тули, а покривот на куќата - од трска. Околу тоа време луѓето почнале да го штитат градот со дебели ѕидови, исто направени од сончево печени тули. Од тоа време градот добил статус на областен. Околу илјада луѓе живееле зад неговите ѕидови, а другите во куќи лоцирани во близина на градот, каде биле полињата од маслинови насади, лозја и работните простори, како и забавни објекти. Луѓето се занимавале со земјоделство и риболов.
 
Се тврди дека [[Хомер]] бил роден во [[Измир]].
 
=== Античка историја===
Во [[1425]] година [[Мурат II]] го освоил Измир по втор пат. За време на воената кампања Османлиите биле потпомогнати од силите на витезите кои го притискале султанот да им го предаде главниот дворец на пристаништето. Султанот ова барање го одбил и покрај тензиите меѓу двата табора и им дал дозвола да изградат друга палата во Петрониум - замокот во [[Бодрум]].
 
Градот станал типичен отомански санџак во огромната османлиска провинција на Ајдин. Во 1475 година градот бил нападнат од Венеција, додека по 1492 година како друг голем настан бил населувањето на еврејско население од [[Шпанија]], кои подоцна Измир го претвориле во еден од главните градови во земјите на [[Османлиско Царство|царството]].
 
Измир станал еден од најголемите трговски центри поради неговата клучна позиција во Заливот на Егејското Море. Како критичен период во неговата историја може да се забележи чума во [[1676]] година, земјотресот во [[1688]] и големиот пожар во [[1743]] година, но и покрај тоа се обновувал и продолжувал да расте. Во [[1866]] година Британците ги изградиле првите 130 километри од пругата на градот и областа. Од тоа време во градот живеело голем број западноевропско население - Французи, Англичани, Германци и други.
Измир има медитеранска клима која се карактеризира со долги, топли и суви лета и благи и врнежливи зими. Вкупните врнежи во Измир во просек се 686 милиметри на годишно ниво. Сепак, 77% од врнежите паѓаат во текот од ноември до март. Останатиот дел од врнежите паѓаат во текот на април до мај и септември до октомври. Постои многу малку врнежи од јуни до август.
 
Максималните температури во текот на зимските месеци обично се помеѓу 10 и 16  ° C (50 и 61  ° F). Иако тоа е ретко, може да падне снег во Измир во периодот од декември до февруари и да остане одреден период од време. Во текот на летото, температурата на воздухот може да се искачи високо до 40 °C (104  ° F) од јуни до септември, но просечно температурата се движи обично помеѓу 30 и 36 °C (86 и 97  ° F).
 
{{Weather box
Еден од најзначајните споменици е [[Саат-кула (Измир)|саат-кулата]] која се наоѓа во средината на плоштадот Конак со висина од 25 метри. Архитектот на кулата е Рејмонд Чарлс Пер и била завршена за 25-годишнината од искачувањето на престолот на Абдулхамид II во [[1901]] година. Кулата има четири фонтани поставени околу неа во кружна форма, а столбовите се инспирирани од северноафриикански теми.
 
Агора на Смирна е сместен заедно со античкиот театар на ридот Кадифекале, додека театарот сеуштесè уште не е откриен од археолозите. На врвот на Кадифекале се наоѓа еден од трите замоци на градот. Во Измир има 9 синагоги кои биле изградени во духот на 19 век, бидејќи или биле изградени или реставрирани токму во тоа време. Во Циглане има и резерват за птици, каде се одгледуваат и размножуваат повеќе од 200 видови птици.
 
== Култура==
=== Кујна===
 
Таа претрпела бројни измени и паднала под влијание на многу други народни кујни - француската, грчката и др. Множеството зеленчук кои се одгледуваат во регионот на Ајдинската провинција ја прават разновидна и егзотична измирската кујна. Традиционални јадења се супа тархан подготвена од цеден јогурт и домати, измирско ќофте, зерде, приготвено од засладен ориз и.т.н.
 
== Спорт ==
Акрас Измир е успешен клуб во одбојка во градот, откако ја освоил турската машка одбојкарска лига и турски куп на неколку пати и Челинџ Купот на ЦЕВ во 2008-09 година.
 
Најголем стадион во градот е стадионот Ататурк со 50.000 капацитет.
 
Градот може да се пофали на неколку спортски легенди, во минатото и во сегашноста. Во 1960 година во градот бил роден фудбалска ѕвезда [[Метин Октај]], со прекар „''некрунисаниот крал''“. Октај станал првиот турски фудбалер кој заиграл во странство, со [[Палермо]] во италијанската Серија А, во текот на сезоната 1961-1962. Две други познати фудбалски личности од областа Измир се [[Алпај Озалан]] и [[Мустафа Денизли]]. Алпај играл за ФК Астон Вила во периодот меѓу 2000 и 2003 година, а Денизли по долгата играчка кариера како капитен на ФК Алтај, имал успешна кариера како тренер како единствен менаџер во историјата на Турската Супер лига кој успеал да освои шампионска титула со секој од трите најголеми истанбулски фудбалски клубови: Галатасарај, Фенербахче и Бешикташ. Освен тоа, тој бил и селектор на националниот фудбалски тим во 2000 година.
Автобускиот превоз во градот го врши компанијата ESHOT која има околу 1.500 автобуси и околу 2.700 вработени. Освен оваа компанија, има и приватна фирма која врши превоз со 400 автобуси или минибуси.
 
'''Ферибот'''
 
Превозот преку ферибот од 2000 година го врши приватната фирма İzdeniz, која има 24 фериботи и врши превоз помеѓу 8 кејови на градот, започнувајќи од Бостанли, Каршијака, Алсанџак, Пасапорт, Конак, Ѓозтепе и Учкујулар. Во текот на летото се отвараат и посебни специјални линии за екскурзија на туристите.
 
'''Метро'''
 
Измир има изградено метро чија сообраќајна мрежа постојано се проширува преку нови линии. Метрото започнува од станицата Фехретин Алтај која се наоѓа во Балчова во јужниот дел на градското подрачје и води кон североисток. Како крајна дестинација е станицата во Борнова. Линијата е долга 20 километри. Станиците се: Фехретин Алтај, Полигон, Ѓозтепе, Хатај, Измирспор, Учјол, Конак, Чанкаја, Басмане, Хилал Халкапинар, Стадиум, Санај, Болге, Борнова, универзитет Еге и Евка 3.
'''Железнички пат'''
Компанијата İZBAN го обезбедува железничкиот превоз низ градот, како еден од најпрометните железнички превози во Турција, кои опслужуваат на околу 150.000 патници дневно<ref>[http://www.izban.com.tr/ İZBAN]</ref>. Основана во [[2006]] година, компанијата започнала со работа во 2010 година, со цел да го заживее железничкиот сообраќај во Измир.==Измир во медиите и уметноста==
 
 
== Медиум ==
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Измир| ]]
[[Категорија:Градови во Турција]]