Чикаго Булс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (2) using AWB
Ред 32:
 
ОД 2012 Чикаго Булс е третата највредна франшиза во [[НБА]] според [[Форбс]], која изнесува 600 милиони долари. Булси исто така заработиле 59.4 милиони долари во 2011 година што ги прави втора највредна франшиза во [[НБА]].<ref>{{cite news |url=http://www.forbes.com/nba-valuations/list/ |title=The Business of Basketball |accessdate=24 февруари, 2013 |work=Forbes }}</ref> [[Мајкл Џордан]] и [[Дерик Роуз]] се единствените играчи на Булс кои ја имаат освоено титулата [[Најкорисен играч на НБА|највреден играч на НБА]] додека играле за Чикаго Булс.
 
 
==Историја за Франшизата==
Ред 46 ⟶ 45:
Летото 1984 година тимот на Булс ја измени својата иднина засекогаш со тоа што го доби третиот избор на играч на драфтот 1984 год. по тимовите на Хјустон и Портланд кои ги добија првиот и вториот избор на играч.Тимот ,,Рокетс’’ го избраа Хаким Олаџувон, ,, Блејзерс’’ го избраа Сем Боуви, а пак тимот на Булс го избра Мајкл Џордан со позиција бек. Тимот со ново оформеното раководство на сопственикот Џери Рајнсдорф и генералниот менаџер Џери Краус одлучи да направи целосна реконструкција на тимот, со што Џордан беше во преден план. Џордан постави рекорди во франшизата уште во неговите дебитантски години, трет играч во лигата по погодени поени и четврт во украдени топки.Тој уште во првата година се избори и ги одведе Булс на Плејофот таа сезона, но за жал изгубија во првото коло од тимот на ,,Милвоки Бакс’’.Тој за неговиот труд таа година беше почестен со две награди, место помеѓу вториот тим на најдобрите играчи во НБА (All-NBA Team-second team) и наградата за најдобар најмлад играч во лигата.
Во наредната сезона тимот го купи играчот Џон Паксон кој играше на позицијата организатор на игра, и на денот на драфтот Булс направи договор со тимот Кливленд за крилниот центар Чарлс Окли. Овие играчи заедно со Џордан и центарот Дејв Корзин придонесоа многу за нападот на тимот во наредните две години. По повредата на стапалото на почетокот на сезоната 1985/86 година Џордан заврши втор по погодоци во тимот по соиграчот Вулриџ. Џордан се врати во Плејофот, Булс го заземаа осмото место и се соочија со тимот на ,,Бостон Селтикс’’ предводени од Лери Брд. Во тоа време Булс беа петти во најлош рекорд за влез во Плејофот од сите тимови на лигата. Иако Булс изгубија, Џордан забележа плејоф рекорд со постигнување на 62 поени во еден натпревар од плејофот (Овој рекорд се уште не е соборен), поточно на вториот натпревар против Селтикс тоа коло.Играчот од Селтикс Лери Брд изјавил за тој натпревар дека Господ бил маскиран како Мајкл Џордан.
Во сезоната 1986/87 година, Џордан го продолжи својот напад на книгите со рекорди во НБА, со просек од 37.1 поен по натпревар и првиот играч од тимот Булс кој бил избран помеѓу најдобрите играчи во лигата (All-NBA First Team).Булс ја завршија таа сезона со резултат од 40 добиени и 42 изгубени натпревари кој беше добар за квалификување во Плејофот. И покрај тоа тие беа поразени повторно од Селтикс во плејофот. На драфтот 1987 година Краус го одбра центарот Олден Полинис осми по оценки и крилниот центар Хорас Грант десети по оценки.Додека сеуштесè уште траеше изборот на играчи, Полинис кој не беше заиграл за Булс беше продаден во тимот од Сиетл.Со ова тимот на Булс го доби правото на избор на Скоти Пипен со позиција крило.
Со Паксон и Џордан во одбрамбената зона, Бред Селерс и Окли во напаѓачките редови, Корзин како силен центар и младите играчи Пипен и Грант влегуваа во игра како измени , Булс таа сезона направи голема фама со 50 добиени натпревари и влез во полуфиналето од Плејофот во источната конференција, каде за жал беа поразени од тогашниот шампион на истокот ,,Детроит Пистонс’’ во пет натпревари. Како и да е, за своите напори Џордан беше повторно награден со најголемата и најпрестижната награда во НБА, наградата за највреден играч. Истата награда тој ќе ја добие уште четири пати во неговата кариера. Оваа сезона исто така и го забелжува ривалството кое заполнало помеѓу Пистонс и Булс во 1988 година. Сезоната 1988/89 год. исто така забележи големи промени како претходната во периодот пред почетокот на сезоната.Познатиот крилен центар Чарлс Окли, кој беше предводник во лигата по скокови во одбрана и напад сезоните 1987 и 1988 год, ноќта на драфтот 1988 година беше заменет во тимот на ,,Њу Јорк Никс’’ заедно со право на избор на играч на драфтот, кое Никс го употребија за Род Стрикленд. За возврат Булс го добија центарот Бил Картврајт и избор на играч од првото коло на драфтот, со кој го земаа центарот Вил Пердју во своите редови.Како дополнителна промена на тимот, Булс го купија и Крег Хоџес специјалистот за тројки од тимот на Феникс. Новата петорка која се состоеше од Паксон, Џордан, Пипен, Грант и Картврајт имаше време да се разигра.Без разлика на се тимот имаше помалце победи од претходната сезона, но сепак стигна до финалето на источната конференција од Плејофот беа повторно поразени во шест одиграни натпревари од шампионот Детроит Пистонс.
Во сезоната 1989/90 год. , Џордан беше најдобар стрелец во низа од четири сезона. Истата сезона Скоти Пипен му се приклучи во екипата на најдобрите играчи.Таа сезона имаше и голема промена во редовите на раководтсвото, каде што главниот тренер Даг Колинс беше заменет со асистентот Фил Џексон.На драфтот таа сезона Булс ги одбраа дебитантите Стејси Кинг со позиција центар и Б. Џ. Армстронг со позиција организатор на игра. Со овие играчи и почетната петорката од минатата сезона, Булс повторно стигнаа до конференциското финале каде што беше играна и дури седми натпревар, но сепак Булси немаа среќа и изгубија и на ова финале.
Во сезоната 1990/91 год. Булс влегоа силно со една цел.Тие повторно поставија рекорд од 61 победа, буквално се прошетаа низ плејофот и во конференциското финале го победија ривалот Детроит Пистонс.Во финалето Булс се сретнаа со Лос Анџелес Лејкерс, предводени од Меџик Џонсон.По пет одиграни натпревари Булс беа победници.
 
 
==1990-1993: Први три титули во низа==
Наредната сезона, односно 1991/92 год. Булс ја освоија повторно титулата.Оваа сезона тие повторно поставија нов рекорд од 67 победи во регуларниот дел од сезоната. Во финалето таа година играа со тимот ,,Портланд Треил Блејзерс’’ предводени од Клајд Дрекслер во регуларни шест одиграни натпревари Булс беа доминантни и ја освоија титулата повторно.
Во наредната сезона 1992/93 година, Булс го направија она што ниеден тим по Селтикс во 60-те, трета титула по ред соочувајќи се со годинешниот највлијателен играч Чарлс Баркли од редовите на ,,Феникс Санс’’. Победата ја круниса Џон Паксон со што погоди тројка со само 3,9 секунди преостанати за игра во 6 натпревар, што заврши со резултат 99-98 и победа на Булс.
 
 
==1993-1995:Првото пензионирање на Џордан==
Ред 63 ⟶ 60:
 
==1995-1998: Вторa низа на титули==
Харпер, Џордан, Пипен, Родма и Лонгли како прва петорка и Кер, Кукоч, Венингтон, Бушлер и Ренди Браун како измени, Булс поставија една од најдобрите подобрувања во лигата во рок од една сезона и најдобриот рекорд во натпревари за една сезона, промена од добиени 47 и изгубени 35 натпревари на 72 добиени и 10 изгубени кој е сеуштесè уште најдобриот рекорд во НБА лигата. Џордан ја доби по осми пат наградата за погодени поени, Родман за петти пат наградата за скокови, додека Кер ја заврши сезоната како втор во погодени тројки во лигата.Џордан таа сезона ја собра наградата за највреден играч три пати, за време на регуларната сезона, за време на Ол Стар натпреварите и во Финалето.Краус беше назначен за менаџер на годината, Џексон за тренер на годината и интернационалецот Кукоч беше прогласен за најдобар шести човек на годината.
Пипен и Џордан таа година беа избрани во првиот тим на (All-NBA). Повторно Пипен и Џордан заедносо Родман беа избрани за одбранбениот прв тим на (All-NBA), со што Булс беа првиот тим во историјата со три играчи во одбранбениот прв тим на (All-NBA).
Покрај тоа, во 1995/96 година тимот има забележано други рекорди, како што се 33 добиени и 8 изгубени натпревари на гостински терен во регуларна сезона, најдобар почеток на еден тим во НБА со 41 победа и 3 изгубени натпревари, најдолгиот период без пораз на домашен терен (44 натпревари, 7 од минатата сезона), најдобар почеток на сезона на домашен терен со 37 победи и без порази. Булс исто така поставија и рекорд на втор тим во историјата по одиграни натпревари на домашен терен со 39 победи и 2 изгубени натпревари, пред нив во овој рекорд биле тимот на Селтикс во сезоната 1985/86 година со резултат од 40 побери и 1 изгубена на домашен терен.Булс таа година триумфирале над Гери Пејтон и Шон Кемп кои биле дел од тимот на ,,Сиетл Суперсоникс’’, со што тимот ја добил четвртата титула. Тимот на Булс од сезоната 1995/96 година е познат како еден од најдобрите тимови во историјата на кошарката.
Ред 76 ⟶ 73:
==2004-2007:Враќање во плејофот==
За време на предсезоната 2005/06 Булс на драфтот ги одбраа играчите Луал Денг и Крис Духон, и потпиша договор со интернационалецот Андрес Ночиони, кој покажал одлични резултати во Аргентинскиот национален тим. По лошиот старт на Булс со 9 порази, со подобрување во редот на одбраната и одлична игра од Гордон. Булс таа сезона завршија со резултат од 47 победи и 35 порази како трет тим во источната конференција, со што влегоа повторно во Плејофот по заминувањето на Џордан. Таа сезона Бен Гордон беше назначен за најдобар шестти играч, награда која во редовите на Булс беше последен пат освоена од страна на Кукоч во 1996 година.Таа сезона тимот се квалификува во плејофот, каде што беа поразени во првиот дел од Мајами Хит.
На НБА драфтот 2006 година, Булс го избраа Ламаркус Алдриџ кој веднаш беше заменет со тимот Портлант Треил Блејзерс за играчите Тајрус Томас и Виктор Крајапа со крилни позиции. Летото 2006 година Бен Валас потпиша договор со Булс вреден 60 милиони долари во траење од 4 години, со што Тајсон Чендлер беше продаден и се прогласи крајот на Краусовата ера во Булс.Сезоната 2006/07 Булс имаше одличен резултат од 49 победи и 33 порази. Како противник во плејофот го доби тимот на Мајами Хит повторно, но овој пат Булс беа победници. Тоа беше прва победа во плејофот по заминувањето на шампионската генерација.Како нареден противник во плејофот беше стариот ривал на Булси, Детроит Пистонс. Овие два тима се сретна повторно во плејофот по далечната 1991 година. Пистонс во натпреварите беа доминантни, со што тимот на Булс загуби.
 
 
 
== Состав ==
Ред 90 ⟶ 85:
 
|-----
|Марко Белинели || 27 || {{ИТА}} || 196 &nbsp;cm || бек
|-----
|Карлос Бузер <small>('''капитен''')</small> || 31 || {{САД}} || 206 &nbsp;cm || крилен центар
|-----
|Џими Батлер || 23 || {{САД}} || 201 &nbsp;cm || бек/крило
|-----
|Даекван Кук || 26 || {{САД}} || 196 &nbsp;cm || бек шутер
|-----
|[[Луол Денг]] <small>('''капитен''')</small> || 28 || {{ВБР}} || 206 &nbsp;cm || крило
|-----
|Таж Гибсон || 27 || {{САД}} || 206 &nbsp;cm || крило
|-----
|[[Ричард Хамилтон]] || 35 || {{САД}} || 201 &nbsp;cm || бек шутер
|-----
|Кирк Хајнрих <small>('''капитен''')</small> || 32 || {{САД}} || 193 &nbsp;cm || плејмејкер
|-----
|Назр Мохамед || 35 || {{САД}} || 208 &nbsp;cm || центар
|-----
|Јоаким Ноа <small>('''капитен''')</small> || 28 || {{ФРА}} || 211 &nbsp;cm || центар
|-----
|[[Владимир Радмановиќ]] || 32 || {{СРБ}} || 208 &nbsp;cm || крило
|-----
|Нејт Робинсон || 28 || {{САД}} || 175 &nbsp;cm || плејмејкер
|-----
|[[Дерик Роуз]] <small>('''капитен''')</small> || 24 || {{САД}} || 191 &nbsp;cm || плејмејкер
|-----
|Маркис Тигју || 20 || {{САД}} || 188 &nbsp;cm || бек
|-----
|Малколм Томас || 24 || {{САД}} || 206 &nbsp;cm || крило
|-----
|}
Ред 132 ⟶ 127:
* [http://www.sportsecyclopedia.com/nba/chicago/bulls.html Sports E-Cyclopedia]
 
{{Шаблон:НБА}}
 
[[Категорија:Клубови во НБА]]