Хокеј на мраз: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 6:
 
Како динамичен спорт, хокејот на мраз е е најпопуларен во области кои се доволно ладни за природна,безбедна и сезонска ледена покривка како што се Канада, Чешка, Финска, Германија, Латвија, Норвешка, Русија, Словачка, Шведска, Швајцарија и САД. Со изградбата на затворени вештачки лизгалишта, хокејот на мраз стана хоби во текот на целата година во овие области. Во Северна Америка, Националната хокеј лига (НХЛ) е на највисоко и најпопуларно ниво за мажи. Кандската хокеј-лига за жени (CWHL) и Западната хокеј-лига за жени (WWHL), се на највисоко ниво за жени. Тоа е официјален зимски спорт на Канада, каде што играта е многу популарна. Првата организирана игра се одигра на 3 Март 1875 година во Монтреал, Канада. Иако Меѓународната хокеарска федерација (ИИХФ) има вкупно 68 членови, 162 од 177медали во ИИХФ Светското првенство се освоени од овие седум држави: Канада, Чешка, Финска, Русија, Словачка, Шведска и САД . Од 64те медали доделени на машките натпревари на Олимписко ниво од 1920 година, само шест медали не беа доделени на една од тие земји. Сите 12 Олимписки медали и 36 медали од ИИХФ Светско Првенство за жени, беа доделени на една од овие седум земји, а секој златен медал и во двете натпреварувања беше освоен од Канда или од САД.
 
 
== Историја ==
Ред 14 ⟶ 13:
 
Игрите со стап и топка се играле уште пред-христијански времиња. Вакви игри се играле и во Европа, како на пример Ирскиот спорт хурлинг, сличниот шкотски спорт шинти, и други видови на хокеј на трева, како на пример бенди во Англија. Европските доселеници во Канада со себе ги донесоа и ваквите игри и ги прилагодија на ладните климатски услови. Овој вид на забава често ја практикуваа британските војници. Според усните преданија, има докази од традиционалните игри со стап и топка која ја играле канадските индијанци Микмак во Источна Канада. Во книгата Микмашки Легенди(1984 година), Сила Ранд опишува игра со топка која се вика Туадиџик. Ранд, исто така опишува игра Волчамадиџик, која се играла после контактот со европската игра хурлинг.
Сликите од раниот 19ти век во Нова Шкотска, Канада ни ги покажуваат почетоците на хокеј на мраз, наречен Шини, кога се играл без некои одредени правила. Така, многу од овие рани игри ги попримија физичко-агресивните аспекти на она што Микмак го нарекоа Лакрос. Игрите Шини биле играни на заледените површини на реките Сен Лорен во Монтреал, Квебек и Кингстон, и на Отава во Онтарио. Обично голем број на играчи учествуваат во овие игри. Самиот термин „шини“ и денес се користи во Канада и означува рекреациони натпревари хокеј на лед или уличен хокеј.
 
Во 1825 година, поларниот истражувач Џон Франклин напиша дека „ Играта хокеј на мраз е утрински спорт ", за време на една од неговите арктички експедиции на Големата Мечка Езеро. Во 1843 година воено британско лице напиша : „ Почнете да лизгате оваа година, брзо усовршете се и имајте многу забава со хокеј на мраз “. Еден напис во вечерниот бостонски весник спомнува за такмичење во хокеј на мраз, што таа година се одржа во Халифакс во 1859 година.
 
Писателот Томас Ч. Хелибуртон во книгата The Attache: Second Serie, објавена во 1844 година, опишува игра слична на хокеј, што ја играле момчиња од Факултетот Кинг во Виндзор, Нова Шкотска, околу 1800 година кога тој бил студент таму (не подоцна од 1810-та година). Според Хелибуртоновите описи, модерниот хокеј потекнува од Виндзор, Нова Шкотска, односно од студентите на Факултетот Кинг, кои „први“ ја стандаризирале и играле оваа игра. Според други пак, потеклото на модерниот хокеј води потекло од областите Дартмут и Халифакс во Нова Шкотска.
Ред 22 ⟶ 21:
== Потекло на имињата ==
 
Во едно писмо на Виљем Пјер ле Кок од 1799 година, напишано во Бакингемшир, Англија, ги опишува основите на хокеарската игра: „Сите играчи имаат стап кој е искривен на крајот. На двата краеви од игралиштето има гол во кој треба да се внесе плочката која ја бркаат сите играчи “.
 
Зборот „хокеј“ беше спомнат во 1363 година, кога Кралот ЕдвардIII од Англија објави листа со забранети игри во кралството : " Понатаму, ви наредуваме да ги забраните со казна затвор сите различни фрлања со железо, камен и дрво; ракомет, фудбал, хокеј; или лов на зајци со пци, борби со петли, или други слични неактивен игри "
Од контекстот, зборот „хокеј“ е изведенка од зборот „hook“ (кука, јадица), што се однесува на обликот на хокеарската палка. Во иститот контекст зборот „hook“ за прв пат е спомнат во 1527 година во статут регистриран во градот Галвеј во Ирска, но како објаснување за обликот на палката која се користела во играта хурлинг во тоа време.
Според Остин хокеарската асоцијација, зборот плочка е е изведен од шкотско-галскиот збор „ puc", или ирскиот збор „ poc," што значат да бутка, турка или задава удар. Оваа дефиниција е попрецизно објаснета во книга објавена во 1910 година, со наслов: „ Англиски јазик како што го Зборуваат во Ирска" од П. В. Џојс.
 
== Развој на хокеј на мраз ==
Ред 42 ⟶ 41:
До 1893 година биле основани преку сто аматерски хокеарски екипи само во Монтреал, а биле основани и клубови и натпревари низ цела Канада. Играчите од Винипег во оваа игра воведоа вид на штитници за поголема заштита на колената на голманите. Мрежата на головите станала стандрдна карактеристика на хокеарските терени во 1900 година, потоа биле воведени и термините лев и десен одбрамбен играч.
 
Во овој период во САД бил популарен сличниотспорт поло на мраз но, првиот хокеарски натпревар е одржана во 1893 година помеѓу студентите на факултетот Јејл и Џон Хопкинс. Играњето на поло на мраз престана со појавата на хокеј на мраз. Бо 1896 година во САД беше формирана првата хокеј лига. Аматерската хокеј лига на САД беше основана во градот Њујорк, веднаш по отварањето на Свети Никола арената ( англ. St. Nicholas Rink) и лизгалиштето во неа.
 
Петте синови на Лорд Стенли го „донесоа“ хокејот на мраз во Европа во 1895 година, кога во Бакингемската палата нивната екипа ја победи екипата во која играле престолонаследниците Едвард VII и Џорџ V. До 1903 година била основана лига со 5 тимови. Во 1908 година, со цел да се одржуваат меѓународни натпревари на Европско тло е основана Меѓународна лига во хокеј на мраз (фр. Ligue Internationale de Hockey sur Glace). Првото Европско првенство го освои Велика Британија во 1910 година. Во средината на 20.век лигата прерасна во [[Меѓународна хокеарска федерација]] (МХФ или IIHF).
 
Повеќето од првите затворени лизгалишта биле урнати. Лизгалиштето Викторија било изградено во 1862 година, а било урнато во 1925 година. Лизгалиштето во Виндзор, Нова Шкотска кое било изградено во 1897 година, веројатно е најстаро и сеуштесè уште постои, ноповеќе не се употребува за хокеј на мраз. Павилјонот Абердин изграден во 1898 година во Отава се користел за хокеј на мраз во 1904 година, и е најстар постоечки објект во кој се одржале игри од Стенли Купот. Најстариот хокеарски терен кој и денес е во употребува е Матјус арената во Бостон, изградена во 1910 година.
 
== Професионален хокеј ==
 
Професионален хокеј на мраз постои уште од почетокот на 20ти век. Прва лига која отворено почнала да вработува професионалци била Западнопенсилваниската хокеарска лига во 1902 година. На оваа лига и се приклучиле и тимови од Онтарио и Мичиген, па така во 1904 година настанала Меѓународна хокеарска професионална лига (англ. International Professional Hockey League —IPHL). Лигата ангажирала голем број играчи од Канада, а за возврат Канадската лига започна отворено да плаќа играчи кои играа заедно со аматери. Во 1907 година лигата престанала да постои, до тогаш, неколку професионални хокеј лиги работеа во Канада, со лиги во Манитоба, Онтарио, Квебек и некои области на Канада.
Ред 60 ⟶ 59:
== Опрема ==
 
Бидејќи хокејот на мраз е динамична игра и напаѓање на противникот е дозволено, повредите се честа појава. Заштитна опрема е задолжителна и мора да се носи во сите натпревари. Опремата вклучува кацига ( со кафез на предната страна до одредена возраст), штитници за рамењата, колениците, лактовите и градниот кош , заштитни ракавици, а исто така и лизгалки за да се движат по мразот и палка да ја удираат плочката.
 
Најважен дел од опремата се лизгалките. Хокеј лизгалките се оптимизирани за повеќе функции, од кои голем дел му овозможуваат на играчот да ја постигне најголемата лизгачка брзина (види Тркачки лизгалки). Хокеј лизгалките се оптимизирани за физичко забрзување (маневрирање) што му овозможува на играчот брз почеток и застанување, да свртува и да ја промени насоката на лизгање. Дополнителна функција им е дека треба да бидат цврсти и тешки за да ја заштитат ногата на лизгачот од допир со други лизгачи, хокеј палки и плочки, од теренот и од мразот. Цврстината на лизгалките исто така го подобрува движењето на играчот. Должината на лизгалките, дебелината (ширината), заобленоста (рокер / радиус (попомага на предниот дел) и радиусот на вдлабнатината (низ ширината на острицата од лизгалката), се сосема различни од карактеристиките на лизгалките за уметничко лизгање. Хокеарите обично ги приспособуваат овие критериуми според нивната вештина, позиција и изглед на телото.
Ред 66 ⟶ 65:
== Повреди ==
 
Хокеј на мраз е многу динамичен спорт и носи голем ризик за повреди на играчите. Не само што играчите се движат со околу 30 – 45  km на час, туку и поголемиот дел од играта наложува физички контакт помеѓу играчите. Да се зголеми можноста за повреда придонесуваат и остриците на лизгалките, хокеј палките, рамената, колковите и хокеј плочките. Бројот на повреди е доста висок и вклучува рани, потрес на мозок, збрканост, повреда на лигаментите, скршени коски, хипертензии (висок крвен притисок), и истегнат мускул.
 
== Повреди на глава ==
Ред 80 ⟶ 79:
Исто така, играчите можат да ја пренасочат плочката со било кој дел од телото, ограничувајќи ја брзината. Играчите не смеат да ја држат плочката во рацете и им се забранува да ги користат рацете за да им ја предадат плочката на своите соиграчи, освен ако тие не се во одбранбена зона. Исто така, на играчите им се забранува да ја шутираат плочката во противничкиот гол, иако ненамерни пренасочувања на лизгалките се дозволени.
 
Хокеј на мраз е "офсајд" игра, што значи дека е дозволено да го нападнеш играчот од напред, за разлика од рагби. Пред 1930 година хокејот беше "онсајд" игра, што значи дека е дозволено да го нападнеш играчот само од назад. Со воведување на правилата за офсајд, да нападнеш играч од напред, хокејот на мраз стана вистински тимски спорт, каде тимското играње стана поважно во однос на индивидуалното . Со тоа сега играчите можат да бидат координирани низ целиот хокеј терен, а не само играчите на задниот дел од теренот.
 
Освен голманот останатите пет играчи најчесто се поделени на тројца напаѓачи и двајца одбранбени играчи. Позициите за напад го опфаќаат центарот и две крила: лево и десно крило. Истите три напаѓачи секогаш играат заедно. Одбраната обично останува заедно како пар, генерално поделен на левата и десната страна од теренот. Играчите од левото и десното крило на одбрана со своите хокеј-палки обично се наоѓаат на страните од теренот. Целосна замена на составот на тимот се нарекува line change. Во тимот обично има и алтернативни играчи за напад и парови за одбрана, кои влегуваат во игра како замена за играчите кои направиле прекршок. Замена е дозволено во секое време во текот на играта, иако за време на прекин на игра само на домашниот тим му се дозволува крајната промена на играчи. Кога се заменуваат играчи за време на игра, тоа се нарекува changing on the fly. Во сезоната 2005-2006, НХЛ додаде ново правило на игра кое не дозволува промена на составот на тимот, после забрането удирање на плочката или ајсинг (англ. Icing the puck)
Ред 87 ⟶ 86:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Хокеј на мраз| ]]
[[Категорија:Екипни спортови]]