Стар Египет: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (2) using AWB
Ред 34:
 
=== Старо Кралство ===
 
 
'''Главен напис:Старо Кралствo ''' [[Податотека:Menkaura-ColossalStatue MuseumOfFineArtsBoston.png|thumb|upright|статуа од алабастер од [[Менкаура]] во[[Музејот на уметност- Бостон|Boston Museum of Fine Arts]]]]
 
 
Запрепастувачките достигнувања во архитектурата, уметноста и технологијата биле реализирани за време на Старото Кралство. Биле мотивирани од земјоделската продуктивност и остварени од развиената централна администрација. Под контрола на везирот, државните власти собирале даноци , ги координирале проектите за наводнување за да се зголеми родот на културите, ги распоредувале селаните за работа на градежните проекти и воспоставиле систем на правдата со цел да ги одржат редот и мирот. Со вишокот ресурси, кој бил резултат на продуктивната и стабилна економија, државата била во состојба да ја спонзорира изградбата на огромните споменици и да го финансира производството на исклучителните уметнички дела во кралските работилници . Пирамидите кои биле изградени од страна на Џосерова, Хуфу и нивните наследници се најзначајните симболи на античката египетска цивилизација и моќта на фараоните.
 
Заедно со растечката важност на централната администрација се појавила нова класа на образовани писари и службеници на кои им биле доделени недвижнини од страна на фараоните како замена за нивните услуги. Фараоните исто така ин доделувале земја на мртовечниците и локалните храмови за да обезбедат дека овие институции ќе ги имаат потребните ресурси да го возвишуваат фараонот по неговата смрт. Кон крајот на Старото Кралство, петте века од оваа феудална практика полека ја намалиле економската моќ на фараонот кој повеќе неможел да си дозволи да ја поддржува големата централната администрација. Како што се намалувала моќта на фараонот, регионалните водачи наречени номархи почнале да ја предизвикуваат доминацијата на фараонот. Ова, во комбинација со неколку суши помеѓу 2200 година п.н.е. и 2150 година п.н.е. на крајот предизвикало земјата да влезе 140-годишен период на глад и неслога кој е познат како Прв Преоден Период.
 
 
[[Податотека:NarmerPalette ROM-gamma.jpg|thumb| [[Слика од Нармер]] Претставена е унификацијата на двете земји.<ref>Robins (1997) p. 32</ref>]]
Ред 51 ⟶ 48:
Откако се срушила централната управа на Египет, на крајот на Старото Кралство, администрацијата повеќе неможела да ја поддржува ниту стабилизира државната економија. Регионалните водачи неможеле да сметаат на помошта на кралот во кризни времиња. Недостатоците од храна и политичките спорови преминале во глад и мали граѓански војни. Сепак, и покрај овие тешки проблеми , локалните водачи кои воопшто не го почитувале фараонот, ја искористиле својата новонастаната независност за да основаат напредна култура во провинциите. Само што ја презеле контролата врз своите ресурси, провинциите станале економски побогати, факт кој се демонстрира од поголемите и поубавите гробници на сите социјални класи. Во екот на креативноста, занаетчиите од провинциите ги презеле и приспособиле културните мотиви, кои претходно биле наменети само за дворјаните во Старото Кралство. Писарите развиле литературни стилови кои ги изразувале оптимизмот и оригиналноста на периодот.
 
Ослободени од нивната лојалност кон фараонот, локалните владетели почнале да се борат еден со друг за територијална контрола и политичка моќ. До 2160 година п.н.е. вледетелите во Хераклеополис го контролрале Долен Египет, додека ривалскиот клан стациониран во [[Теба|Теба,]], фамилијата Интеф, ја мале контролата врз Горен Египет. Како што растела моќта на фамилијата Интеф, нивната контрола се проширила на север и судирот помеѓу двете ривалски династии бил неизбежен. Околу 2055 година п.н.е. Тебанските сили предводени од Небхеперте Ментухотеп II конечно ги победија владетелите на Хераклеополис, ги споиле двете земји со што започнал период на економска и културна ренесанса познат како Средното Царство.
 
=== Средно Кралство ===
Ред 57 ⟶ 54:
==== Главен напис: Средното Кралство во Египет ====
 
Фараонот од Средното Кралство ги вратил стабилноста и просперитетот на земјата, така, се стимулирала уметноста, литературата и изградбата на спомениците. Ментухотеп II и неговите наследници до 11-та динајстија владееле од Теба, но везирот Аменемат I откако го презел водството на почетокот на 12 –тата династија околу 1985 п.н.е. градот Итџтави кој се наоѓал во Фаијум го направил престолнина на државата.Од Итџтави, фараоните од 12-тата династија го започнале враќањето на земјата и составиле систем за наводнување за да се зголеми земјоделското производство во регионот. Во продолжение, војската ја освоила територијата во [[Нубија]], која била богата со каменоломи и златни рудници, а работниците изградиле одбрамбена структура, на источното устие, која се викала “Ѕидини на владетелот” за да го брани од надворешни напади.
 
Со воена и политчка сигурност и огромно земјоделско и минерално богатство, нацијата процевтала во уметнички и религиозен поглед.Спротивно од елитистичкото Старо Кралство, во поглед на боговите, во Средното Кралство дошло до фаза на зголемување на изразувањето на личните религиозни ставови и она што се нарекува демократизција на задгробниот живот според кој сите имаат душа и по смртта се добродојдени во друштвото на боговите.Во литературата, во Средното Кралство можеле да се најдат префинети теми и ликови напишани на веродостоен и елоквентен стил, а релјефот на скулптурите од тоа време покажуваат суптилни, индивидуални детали кои ги поставуваат стандардите на техничката совршеностна повисоко ниво.
Ред 81 ⟶ 78:
Околу 1279 година п.н.е., Рамзес II, познат и како Рамзес Велики, го наследил престолот, и започнал со изградба на уште повеќе храмови, подигнал нови статуи и Обелисци и бил татко на повеќе деца отколку кој било фарaон во историјата. Рамзес II бил храбар војсководец и ја предводел својата војска во [[Битка кај Кадиз|Битката кај Кадиз]] и откако се нашол во ќорсокак, тој конечно се согласил на првиот пишан мировен договор околу 1258 година п.н.е. Египетското богатство направиоло од Египет цел за освојување, особено за Либијците и прекуморските народи. На почетокот, војската имала сили да ги спречува овие инвазии, но на крајот Египет ја изгубил контролата врз Сирија и Палестина. Влијанието од надворешните договори се зголемило и влошило поради внатрешните проблеми како што биле корупцијата, ограбувањето на гробови и граѓанската непослушност. Врховните свештеници во храмот посветен на Амон во Теба се здобиле со огромно предели земја и богатство, а нивната растечка моќ ја расцепила државата за време на Третиот преоден период.
Околу 730 година п.н.е. Либијците од западот ја уништиле политичката обединетост на земјата.
 
 
[[Податотека:Third Intermediate Period map.svg|thumb|upright|карта на Египет од околу 730 година п.н.е.Доаѓањето на либијците од запад, го уништило политичкото единство на земјите.]]
Ред 106 ⟶ 102:
 
Грчката култура не ја потиснала египетската култура, бидејќи птоломејците ги поддржувале долготрајните традиции со цеј да стекнат лојалност и популарност. Тие граделе нови храмови во египетски стил ги поддржувале традиционалните култови и самите се портретирале како фараони. Некои традиции дури и се споиле бидејќи грчките и египетските богови се обединиле во заеднички божества како што е Серапис и класичните грчки форми на скулптури декорирани со египетски мотиви. Птоломејците се соочиле со народни востанија и покрај нивните напори а ги стивнат египќаните. Востанијата ги иницирале фамилијарни ривали и моќната народна маса во Александрија која се создала по смртта на Птолемеј IV. Во продолжение, бидејќи Рим се повеќе се потпирал на увозот на жито од Египет, римјаните почнали мноу да се интересираат за политиката во Египет. Постојаните египетски востанија, амбициозните политичари и моќните сиријски противници ја дестабилизирале земјата, и како резултат на тоа Рим испратил сили да ја спасат земјата као провинција на [[Римската Империја]].
 
 
[[Податотека:Fayum-22.jpg|thumb|left|100px|upright|The [[Портретите на мумијата Фајум]] го претставуваат ипреплетувањето на римската и египетската култура.]]
Ред 151 ⟶ 146:
=== Животни ===
 
Египќаните верувале дека урамнотежената врска помеѓу луѓето и животните е суштински елемент за вселенскиот ред. Така луѓето, животните и растенијата се сметале за членови на една целина. Животните, и домашните и дивите, исто така биле важен исзвор на духовност, придружба и стабилност за античките египќани добитокот бил најценетата стока. Администрацијата собирала данок за стока со вршење на редовни пописи , а големината на стадото ги покажувала престижот и важноста на имотот или храмот кој го поседувал. Освен добитокот античките египќани чувале овци, кози и свињи. Чувале и живина како што се шатки, гуски и гулаби кои биле заробени во мрежи на фарми каде биле хранети со сила со цел да ги здебелат. Нил обезбедувал гилемо количество на риба. Пчелите исто така биле припитомени од времето на Старото кралство и од нив се добивало мед и восок.
 
Античките египќани користеле магариња и говеда за носење на товарот, со нив исто така ги работеле полињата и ги саделе семињата во почвата. Колењето на дебелите говеда бил исто така значаен ритуал. Коњите ги донеле Хиксите во Вториот Преоден период, а камилите, иако биле познати во Новото кралство, сеуштесè уште не се користеле за носење на товар се до Доцниот период. Исто така постојат докази според кои слоновите биле припитомени во Доцниот период, но голем дел ја напуштиле територијата поради недостатокот на тревно земјиште. Кучињата, мачките и мајмуните биле чести домашни миленичиња, додека поегзотичните миленичиња биле донесени од Африка, на пример лавовите кои биле резервирани за кралските фамилии. Херодот заклучил дека египќаните се единствените луѓе кои ги чувале своите животни дома. За време на Преддинастичкиот период и Доцниот период , славењето на боговите во нивната животинска форма било многу популарно, вакви богови биле божицата –мачка Бастет и богот-Ибис Тот. Поради оваа причина овие животни биле одгледувани на многу фарми за ритуално жртвување.
 
=== Природни ресурси ===
Ред 165 ⟶ 160:
Египетскиот јазик е северен афро-азиски јазик кој е тесно поврзан со берберскиот и семитскиот јазик. Тој е втор јазик со најдолга историја( по сумерскиот), се пишувал од 3200 година п.н.е. до средниот век , а бил зборуван уште подолго. Фазите на страиот египетски јазик се стар египетски, среден египетски (класичен египетски), доцен египетски , демотски и коптски. Египетските записи не покажуваат разлики во дијалектот пред коптскиот јазик но најверојатно тој се зборувал во регионалните дијалекти околу Мемфис, а подоцна и Теба.
 
Страиот египетски јазик бил синтетички јазик, но подоцна станал поаналитички.Доцниот Египет развил и префикси и определени и неоределени членови кои ги замениле дргугите инфлексни наставки. Ова било промена од постарата формула *глагол субјект објект* во "субјект глагол објект". Египетските хиероглифи, хиератски и демотски записи, на крајот биле заменети со коптската азбука која била повеќе фонетска. Коптскиот сеуштесè уште се користи за време на литургиите во египетските православни цркви, а негови траги се најдени и во модерниот египетско-арапски јазик.
 
=== Звуци и граматика ===
Ред 176 ⟶ 171:
 
==== Секојдневен живот ====
 
 
Античките египќани одржувале богато културно наследство заедно со фестивали и веселби надополнети со музика и танц.
Ред 227 ⟶ 221:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Стар Египет| ]]
[[Категорија:Цивилизации]]