Прогонување на христијаните во Римското Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 6:
Прв император кој започнал со прогонување на христијаните бил [[Нерон]], еден од најжестоките римски императори ([[54]]-[[68]]). Како повод за прогонување на христијаните послужил големиот пожар кој се случил во [[Рим]] во [[64]] година. Од пожарот бил уништен поголем дел од градот, а илјадници биле лишени од своите домови. Прогонот започнал на [[18 јули]]. Од четиринаесет реони во градот останале само четири. Според некои научници, самиот пожар бил предизвикан од [[Нерон]].
 
Нерон како главни причинители за пожарот ги обвинил [[христијани]]те. Претходно, самата римска заедница се однесувала студено кон [[апостол Павле]] бидејќи неговото движење се сметало за автентично како онаа во [[Ерусалим]]. Сепак, [[Послание до Римјаните|Посланието на Павле кон Римјаните]] предизвикало брзо [[христијанизација|ширење на христијанството]] во [[Мала Азија]].
 
Според [[Такит]], Нерон најпрвин самиот потврдил дека уапсените биле христијани. Потоа, водејќи се од информациите добиени од нив, голем број на други христијани биле осудени, но не поради наводно подметнување на пожар туку поради антиопштествени намери. Такит во својата книга ''Римски Анали'' јасно ги опишал омаложувањата над христијаните:
Ред 16:
== Диоклецијан==
 
[[Диоклецијански прогони|Диоклецијанските прогони]] или Големите прогони, претставуваат назив за поредните големи прогони на христијаните од страна на властите во [[Римска империја|Римската Империја]]. Тие започнале кон почетокот на [[4 век]], а името го добиле според тогашниот римски император [[Диоклецијан]], еден од владетелите во тогашната [[тетрархија]].
 
Во тоа време, четворицата императори, Диоклецијан, [[Максимијан]], [[Галериј]] и [[Констанциј Хлор]], издале едикт според кој секој граганин морал да се придржува кон римските обреди. Подоцна, овие едикти биле насочени против христијанското свештенство, кое пак довело до конфискација на нивните имоти и палење на црковните книги и текстови. Неговиот страв отишол дотаму што кога разбрал дека во [[Палестина]] постојат потомци на цар [[Давид]] од страв да не му го земат престолот наредил да бидат донесени во [[Рим]], но кога разбрал дека како [[христијани]] не очекуваат земно царство, дека се сиромашни и земјоделци ги ослободил.
 
Гонењата на Домицијан не биле само од религиозен карактер, туку и од политички, па така, многу римски граѓани под обвинение дека примаат „''безбожнички и јудејски обичаи''“ биле убиени, а нивниот имот предаден на државата. Под безбожници се подразбираат христијаните. Во овој период христијаните сеуштесè уште не биле разликувани од [[евреи]]те. Прогоните биле различни по интензитет и се преименувале во различни делови од империјата, на запад во [[Обединето Кралство|Британија]] и [[Галија]], каде прогоните биле делумно со мал интензитет, и на исток каде прогоните биле најжешки.
 
Како жртви од овој период најпознат е Флавиј Климент, роднина на самиот импертор.
Ред 38:
== Антониј Пиј==
 
За време владеењеето на Антониј Пиј, во [[155]] – [[156]] година бил запален [[Поликарп Смирнски]]. Традицијата вели дека огнот бил подготвен и запален од страна на незнабошците и јудејците со неверојатна брзина, но самиот Поликарп бил неверојатно смирен. Самиот си ги соблекол алиштата и обувките, принел благодарствена молитва на Бога за честа да пострада маченички, неговата смиреност и храброст биле толку големи што кога сакале да го оковаат за столбот од кладата тој им рекол:'' „Не ме оковувајте. Оној Кој ми дал сила да го издржам огнот, тој ќе ми даде и сила да останам неподвижен на кладата“''. Огнот бил запален, но пламенот образувал свод на Поликарп и воопшто не го допирал, по ова еден од оние кои го потпалиле огнот со меч го убил епископот по што неговата крв го изгасила огнот.
 
== Наводи ==