Француска инвазија на Алжир: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште using AWB
Ред 19:
== Позадина ==
 
Освојувањето на Алжир било иницирано во последните денови на [[Бурбонци|Бурбонската реставрација]] од страна на кралот [[Шарл X]] во обид да се зголеми неговата популарност меѓу францускиот народ. Територијата на денешен [[Алжир]] формално била под контрола на Османлиите до [[1830]] година. Во [[Отомански Алжир]] земјата била управувана од еден гувернер и неколку бејлици, а остатокот од земјата биле под управа на локалните берберски и арапски лидери. Самиот управител бил [[де факто]] независен, иако бил подржан или контролиран од јаничарските војници кои се наоѓале во земјата. Алжир на запад граничел со [[Марокански султанат|Мароканскиот султанат]], а на исток со [[Отомански Тунис]].
 
За време на Наполеонските војни Алжир имал голема корист од трговија со [[Медитеран]]от каде биле увезени големо количество на храна од [[Франција]] која алжирските власти го купиле со кредит. [[Французи]]те го ограничиле своето тргување бидејќи Медитеранот бил управуван од страна на [[Велика Британија]]. Владетелот на Алжир се обидел да ги зголеми даноците кое довело до нестабилност во земјата и започнување на Првата берберска војна и Втората берберска војна.
 
Во 1795-1796 Франција имало склучено договор за купување на пченица за француската армија од два еврејски трговци во Алжир. Овие трговци имале долгови кон [[Хусеин Деј]], како османлиски управител на земјата и тој побарал доколку Франција сака да тргува, нивните долгови да бидат исплатени од [[Франција]]. По неуспешните преговори, Алжир го затворил пристаништето кое траело три години на штета на француските трговци, додека берберските трговци сеуштесè уште ја имале можноста да ја избегнат блокадата. Во [[1829]] година францускиот крал го испратил својот амбасадор на преговори, но алжирскиот деј одговорил со топовски оган насочен кон францускиот брод. Франција по овој чин започнала преговори со египетскиот управител [[Мехмед Али Паша]] за поделба на [[Северна Африка]], но тој ја отврлил оваа можност поради британскиот притисок. Така, Франција решила сама да го нападне Алжир.
 
== Инвазија ==
 
Во 1830 година француската флота од 600 бродови отпатувала кон Алжир. Алжирскиот деј испратил 7.000 [[јаничари]], 19.000 војници од Константин и Оран, и 17.000 од Кабилија. Во битката француската армија издвојувала голема победа, а самиот управител побарал да ја прифати капитулацијата под услов да го задржи своето лично богатство. По пет дена тој заминал во егзил во [[Неапол]] со своето семејство, а јаничарите се повлекле кон [[Турција]].
 
Со тоа завршило 313-годишното османлиско владеење на Алжир. Француското освојување на Алжир се одвило во периодот од [[1830]] до [[1847]] година. По успешната војна, конфликтите со новите владетели продолжиле до [[1847]] година.