Сиднејска опера: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
поврзница
с →‎top: правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште (4) using AWB
Ред 14:
| Link = http://whc.unesco.org/en/list/166
}}
'''Сиднејската опера''' е мултифункционална сала за сценски уметности која се наоѓа во Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија. Обмислена е и, во најголем дел, изградена од данскиот архитект Јорн Утзон. Отворена е во 1973 година после голем број на проблеми што започналеда се појавуваат уште кога проектот победил на конкурсот. Владата на Нов Јужен Велс, на чело со Џозеф Кеил, дала зелено светло за започнување со работа во 1958 година. Храбрата одлука на владата, да го одбере дизајнот на Утзон, честопати била засенета од скандалот кој следел.
 
Сиднејската опера е прогласена за дел од светското наследство на УНЕСКО на 27 Јуни 2007 год. Таа е меѓу најпрепознатливите градби на ХХ век и е една од најпознатите сали за сценски уметности во светот.
Ред 48:
Планирањето на Сиднејската Опера започнало во доцните четириесетти години, кога Јуџин Гусингс, директорот на Државниот музички конзерватприум на Нов Јужен Велс, лобирал за соодветна сала за изведување на големи театарски претстави. Дотогашната сала за такви претстави, Сиднејското градско собрание, не ја сметале за доволно голема. До 1954г. Гусингс успеал да ја добие довербата на Џозеф Кејл, премиерот на Нов Јужен Велс, кој побарал нацрти за оперска куќа. Гусингс исто така бил оној кој инсистирал Бенелонг Поинт да биде локација за Оперската куќа. Тој сакал зградата да биде сместена на или близу до железничката станица Винјард, северозападно од градската економска област.
Кејл распишал конкурс за проект на 13 септември 1955г. и примил 233 предлози од аехитекти од 32 земји. Критериумите барале голема сала со околу 3 000 седишта и мала сала со капацитет од 1 200 седишта, секоја да биде проектирана за различни намени, вклучувајќи големи оперски претстави, оркестарски и хорски концерти, масовни собири, предавања, балетски изведби и други настапи. Победникот, прогласен во 1857г., е данскиот архитект Јорн Утзон. Според една легенда проектот на Утзон бил спасен од пропаст после триесете одбивања од страна на познатиот фински архитект Еро Саринен. Наградата била 5 000 фунти. Утзон го посетил Сиднеј во 1957г. за да помогне во надгледувањето на проектот. Канцеларијата ја преместиле во Сиднеј во февруари 1963г.
Утзон ја добил Прицкеровата награда за архитектура во 2003г.
 
Цитатот на Прицкеровата награда гласи:
" Нема сомнеж дека Сиднејската Опера е неговото најголемо дело. Таа е една од најпрепознатливите градби на XX век, прекрасна убавина која стана позната низ цел свет- симбол не само на еден град, туку и на цела земја и континент."
 
 
Дизајн и изградба
Ред 58 ⟶ 57:
 
Прва фаза: Сцена
Првата фаза ја започнала градежна фирма Civil & Civic на 2 март 1959г.,а била нагледувана од инженерите Ove Arup and Partners. Владата вршела притисок работата да започне што поскоро плашејќи се дека паричните средства или јавното мнение би можеле да не одат во нивна корист. Сепак Утзон сеуштесè уште го немал завршено крајниот дизајн. Сеуште имало големи структурни проблеми. До 23 јануари 1961г. проектот веќе доцнел цели 47 недели, главно поради неочекивани потешкотии ( лошо време, потешкотии за избегнување на бури, започнување со изградба пред да се подготват соодветни нацрти, промени во оригиналниот договор и др.). Изградбата на сцената конечно била завршена во февруари 1963г. Принудното предвремено започнување на изгдабата довело до подоцнежни проблеми. Еден од нив е слабата потпора на столбовите на сцената, кои не биле доволно силни да го изджат товарот на кровната конструкција и морале да бидат одново изградени.
 
Втора фаза: Кров
"Школките" во првобитниот проект од конкурсот биле со неодредена форма, но во раните фази на дизајнерскиот процес,"школките" биле замислени како низ од параболи поставени на однапред префабрикувани бетонски ребра. Сепак инженерите од Ove Apur and Partners не можеле да изнајдат прифатливо решение за да ги конструираат. Оплатата за користење на бетон на местото на изградба би била премногу скапа, но бидејќи не постоело повторување во формите на кровните делови, градењето со префабрикувани бетонски елементи би било уште поскапо.
 
Од 1957г. до 1963г. Дизајнерскиот тим поминал низ најмалку дванаесет прилагодувања на формата на "школките" обидувајќи се да ја пронајде најекономичната форма (вклучувајќи ги нацртите со параболи, лачни ребра и елипсоиди) пред да пронајде практично решение. Проектирањето на "школките" вклучувала и една од најраните употреби на компјутер при структурната анализа, со цел да ги разберат сложените сили на кои "школката" ќе биде подложена. Кон средината на 1961г. дизајнерскиот тим пронајде решение за проблемот: школките се изработуваат како делови од сфера. Решението дозволува лаци со различна должина да се стават во еден калап, за подоцна одреден број од лачните сегменти со иста должина да бидат поставени еден до друг и да формираат сферен дел.
Ред 88 ⟶ 87:
Во јануарското издание на The Assessor Report од 1957г. стоело:
-„ Доставените нацрти се толку едноставни што личат како да се дијаграмски. Сепак, и покрај тоа што постјано се навраќавме на проучувањето на овие скици, уверени сме дека претставуваат концепт на една Оперска куќа која има потенцијал да стане една од најпрепознатливите градби во светот.“
Во првата фаза од проектот Утзон одлично соработувал со остатокот од проектантскот тим и клиентот, но како што напредувал проектот, владата на Кејл настојувала на големи промени. Тие исто така не ги почитувале доволно ни вложените средства ниту вложениот труд во проектирањето и изградбата. Напнатоста помеѓу клиентот и проектантскиот тим почнала да се зголемува кога било изнудено прерано отпочнување на проектот кој сеуштесè уште немал конечен дизајн. Ова резултирало со постојани одложувања и препреки додека неколку технички инженерски проблеми не биле решени. Зградата била специфична, па токму поради прераното започнување со работа без завршните планови настанале проблеми со дизјнот и зголемување на трошоците.
Откако Роберт Ескин бил избран за Премиер на Нов Јужен Велс во 1965г. односот на клиентот, архитектите, инженерите и грдежните работници станал многу тензичен. Ескин бил гласен критичар на проектот пред да дојде на власт. Новиот Министер за јавни работи, Дејвис Хјуџис покажувал уште помала наклонетост. Австралиската критичарка на архотктура, Елизабет Ферли, напишала дека:
-„за време на една свечена вечера во изборната ноќ во Мозмен,ќерката на Хјуџис, Сју Боргоњ, случајно кажа дека татко и наскоро ќе го отпушти Утзон. Хјуџис не беше заинтересиран за уметност, архитектура или естетика. Се покажа како тесноград измамниик кој беше разоткриен пред Парламентот и симнат од лидерската функција на Државната партија поради лажно тврдење дека има универзитетска диплома. Оперската куќа му даде втора шанска на Хјуџис. За него, како и за Утзон контролата бешре најважна, исто како и трумфот на домашната просечност над странскиот гениј.“
Ред 101 ⟶ 100:
-„Утзон имаше триесет и осум години кога победи на конкурсот за Операта...на кој начинработата на искусниот мајстор ќе ни ги збогатеше животите? Никогаш нема да дознаеме. Тоа е штетата што Сиднеј ја направи бидејќи не знаеше како да ја изгради Опера Хаус.“
Сиднејската опера им го отвори патот на многу комплексни форми во модерната архитектура. Нејзиниот дизајн беше еден од првите кои беа компјутерски потпомогнати за да се создадат сложени форми. Дизајнерските техники, развиени од Утзон и Аруп ,за Сиднејската опера уште повеќе се развивале и денес се користат во блоб архитектурата, како што се делата на Гери, и во повеќето градби од армиран бетон. Овој проект е еден од првите во светот на кој се користел аралдит за да се спојат префабрикуваните структурни елементи и со тоа ја потврдил исправноста на концептот за понатамошна употреба.
Оперската Куќа била прва и во машинското инженерство. Данската фирма, Steensen Varming, била одговорна за конструирање на нов погон за климатизација кој во тоа време бил најголем во Австралија и снабдувал со воздух повеќе од 17 000м3 во минута. Тоа било постигнато со употреба на иновативната идеја за искористување на заливската вода за да се создаде систем на топлинска пумпа со хидро-разладување која е сеуштесè уште во употреба.
 
 
 
Отварање
Ред 112 ⟶ 109:
Повеќе настапи биле прикажани откако била завршена изградбата на Операта, но пред официјалното отворање:
-Првиот рецитал на пиано го извела Ромола Константино во Концертната Сала на 10 април 1973г., пред поканета публика.
- Првата изведена опера била „Војна и Мир“ на Сергеј Прокофиев, во, како што тогаш бил познат, Опера театар на 28 септември 1973г. Диригент бил Едвард Донс, музички директор на Австралиската Опера. (Оваа чест требало да му припадне на делото, „Обреди за премин“ на Питер Скалторп, но тоа не било сеуштесè уште подготвено. „Обреди за премин“ доживеало премиера скоро една година подоцна на 27 септември 1974г.)
-првата вечерна оперска изведба била „Падот на Куќата на Ашер“ на Лери Ситски, диригирана од Рекс Хобкрофт.
- Првиот јавен концерт во Концертната сала се одржал на 29 септември 1973г. Тој бил концерт на делата на Вагнер изведен од Сиднејскиот симфониски оркестар, диригиран од Чарлс Мекерас во придружба на сопранистката Биргит Нилсон. Првата изведена музичка точка била Увертирата во Die Meistersinger von Nürnberg. Концертот завршил со сцената на жртвување.
- Првиот лид рецитал го дала Биргит Нилсон на 6 септември 1973 год, придружувана од Џефри Парсонс.
 
 
По отворањето:
Ред 129 ⟶ 125:
Многу важно е што новите ескалатори и јавниот лифт значано го олесниле пристапот на тешкопокретните лица, лицата со хендикеп и семејствата со детски колички.
Истиот ден Лоу Соваж била најавена како првиот амбасадор на пристапноста на Сиднејската опера. На овој начин таа дава совети за спроведувањето на Стратешкиот план за пристап до Сиднејската опера со кој луѓето со хендикеп би добиле уште поголеми предности.
 
Спорт
За време на Летните олимписки игри во 2000г. Операта била место на одржување на триатлонот. Тој се состоел од пливање (1,5км ) кај Фарм Коув, заедно со натпреварите во трчање и велосипедизам кои се одржувале во соседните Крласки ботанички градини.
 
{{Нормативна контрола}}
 
 
{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Светско наследство во Австралија]]
[[Категорија:Сиднеј]]