Зевс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: language=English → language=en using AWB
Ред 16:
Во [[грчката митологија]], '''Зевс''' е крал на боговите, владетел на [[Олимп|планината Олимп]] и [[бог]] на [[небо]]то и [[гром]]от. Негови симболи се [[гром]]от, [[орел]]от, [[домашно говедо|волот]] и [[даб]]от. Поради неговото индо-евроско наследство, класичното „собирач на облаци“ доведува одредени иконографски особини од културите на [[Древниот Близок Исток]], како на пример [[жезло]]то. Зевс е често прикажуван од грчките уметници во две пози: стоејќи, исчекорено нанапред, со [[гром]] во неговата подигната десна рака или седнат на престол. Зевс имал блескав штит („егида“), направен од кожата на [[коза]]та што го хранела на островот [[Крит]], а во средината на штитот е прикажана главата на [[Горгона]].<ref>„Beleške“, во: Erazmo Roterdamski, ''Pohvala ludosti''. Beograd: Rad, 2016, стр. 110.</ref>
 
Зевс бил дете на [[Хрон]] и [[Рија]], а бил најмлад од своите браќа и сестри. Во повеќето традиции, тој е оженет со [[Хера]], иако кај пророкот на [[Додон]], негова придружничка е [[Диона]]: според ''[[Илијада]]'', [[Афродита]] е негова ќерка од Диона. Познат е по своите еротски лудории. Ова се резултирало во многу боженствени и херојски потомци, вклучувајќи ги [[Атена]], [[Аполон]] и [[Артемида]], [[Хермес]], [[Персефона]] (од [[Деметра]]), [[Дионис]], [[Персеј]], [[Херакле]], [[Елена Тројанска]], [[Минос]] и [[Музи]]те (од [[Мнемосина]]); што се однесува до деца кои ги имал со Хера, најчесто се вбројуваат [[Арес]], [[Хеба]] и [[Хефест]].<ref name="Hamilton1942">{{Цитирана книга|last=Hamilton|first=Edith|title=Mythology|publisher=Back Bay Books|location=New York|date=1942|edition=1998|pages=467|isbn=978-0-316-34114-1|accessdate=6-3-09|language=Englishen}}</ref>
 
На грчки, името на богот е {{Polytonic|Ζεύς}} ''Zeús'' {{IPA|/zdeús/ или /dzeús/}} (на модерно грчки /'zefs/) во [[номинатив]] и {{Polytonic|Διός}} ''Diós'' во [[генитив]]. Негов [[Римска митологија|римски]] еквивалент бил [[Јупитер (бог)|Јупитер]], а [[Етрурска митологија|етрурски]], [[Тиниј]]. Во [[Хинди|хинди митологијата]] негов еквивалент е богот [[Индра]], со оружје слично на [[гром]]от, кое тој можел да го држи како стап.
Ред 28:
 
Според [[Хесиод]]во „[[Теогонијата]]“, Зевс се женел седум пати, меѓутоа освен своите сопруги имал и многу љубовници.
# [[Метида (митологија)|Метида ]]
# [[Темида]]
# [[Еуринома]]
Ред 38:
== Зевс и Хера ==
[[Податотека:Arheologicheski-Hera.jpg|мини|Статуа на Хера од 2 век.п.н.е]]
Заедницата на Зевс и [[Хера]] претставува типичен пример на ''hieros gamos'' меѓу небесниот [[бог]] и земјената божица, што на убав начин е опишано кај [[Хомер]] во [[Илијада|Илијадата]]та. Во митовите, Хера е секогаш во кавга со својот сопруг поради неговите неверства, а често прибегнувала на сплеткарења и на ситни начини го понижувала Зевс. Забележано е дека таа против него соѕдала дури заговор со [[Посејдон]], [[Аполон]] и со останатите богово од [[Олимп]], во кој не учествувала само [[Хестија]], кои го заврзале во илјада јазли со нерскинливи каишки, така што не можел миту со прстот да мрдне. Поради тоа, Зевс ја обесил на небото и ја прицврстил со златни окови, а ја ослободил дури откако сите богови му се заколнале дека веќе нема да креваат буна.<ref>[[Robert Graves|Robert Grevs]], [[The greek myths|Grčki mitovi]], Nolit, Beograd, 1992, str. 51.</ref> Во [[уметност]]а, Хера е претставена како [[крал]]ица и матрона, често со кралски обележја како скиптар и круна. Хомер ја опишува како волоока и белолакта, епитети кои ја означуваат нејзината убавина.
 
== Децата на Зевс и Хера ==
Ред 44:
 
== Ѕевсовиот разновиден карактер ==
 
 
Ѕевс е бог љубовник тој се пари со многу божици и смртни жени затоа има големо потомство.
Ред 56 ⟶ 55:
 
{{Нормативна контрола}}
 
[[Категорија:Зевс| ]]
[[Категорија:Илијада]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Зевс