Штефан Ефенберг: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ситна поправка
с clean up, replaced: language=German → language=de (2) using AWB
Ред 26:
}}
 
'''Штефан Ефенберг''' (роден на [[2 август]], [[1968]] година, во [[Хамбург]]) е [[Германија | германски]] фудбалски тренер и поранешен [[фудбалер]], [[Среден ред (фудбал)|играч од средниот ред]].
 
Во сезоната 2015-2016, Ефенберг ја водел екипата на [[ФК Падерборн 07|Падерборн]] и тоа за сега му е единствениот тренерски ангажман во кариерата.
Ред 32:
==Играчка кариера==
=== Клупска кариера ===
Ефенберг е роден во [[Хамбург]] и ја започнал својата кариера во малку познатиот клуб [[ФК Викторија Хамбург|Викторија Хамбург]]. Во 1986 година се преселил во младинскиот тим на [[ФК Борусија Менхенгладбах|Борусија Менхенгладбах]], каде одиграл една сезона, а веќе за следната бил промовиран во првиот тим. Во сезоната 1988-1989 на возраст од 20 години веќе станал стандарден првотимец на Борусија. Во [[1990]] преминал во [[ФК Бајерн Минхен | Бајерн Минхен]], каде го освоил Суперкупот на Германија и бил вицешампион во [[Прва Бундеслига (фудбал)|Бундеслигата]]. Следната сезона 1991-1992, Ефенберг бил еден од клучните играчи на Бајерн, завршувајќи ја сезоната со 10 постигнати гола. Меѓутоа со враќањето на [[Лотар Матеус]] во Бајерн, Ефенберг го напуштил клубот и потпишал за [[Италија|италијанскатаиталија]]нската [[ФК Фјорентина|Фјорентина]], каде им се приклучил на двајца одлични фудбалери [[Брајан Лаудруп]] и [[Габриел Батистута]] кои веќе настапувале таму. На општо изнендадување и покрај неколкуте одлични играчи во првата сезона на Ефенберг во Италија, Фјорентина испаднала од [[Серија А]]. Меѓутоа следната сезона во [[Серија Б]], тимот го покажува својот квалитет со одличните игри и освојувајќи ја титулата се враќа во [[Серија А]].
 
По завршувањето на [[Светско првенство во фудбал 1994|Светското првенство 1994]] Ефенберг се вратил во [[Германија]], во клубот во кој поникнал - [[ФК Борусија Менхенгладбах|Борусија Менхенгладбах]]. Во [[1995]] со Менхенгладбах го освоил [[Фудбалски куп на Германија|Купот на Германија]]. Во летото [[1998]] Ефенберг одново станал член на [[ФК Бајерн Минхен|Бајерн Минхен]] за да ги оствари најголемите успеси во кариерата, освојувајќи: три титули по ред во [[Бундеслига]]та, еден Куп на Германија и три Лига купови. Во сезоната 1998-1999 играл во [[Финале на Лигата на шампионите во 1999 година|финалето на Лигата на шампионите]], каде неговиот клуб во неверојатен натпревар бил поразен од [[ФК Манчестер Јунајтед | Манчестер Јунајтед]] со 1-2. Откако Матеус го напуштил клубот и заминал во [[САД]], тој ја презел [[Капитен|капитенската лента]] на Бајерн. Во сезоната 2000-2001 го одиграл своето второ [[Финале на УЕФА Лигата на шампиони во 2001 година|финале]] со Бајерн во [[УЕФА Лига на шампиони 2000/01|Лигата на шампионите]] против [[ФК Валенсија|Валенсија]], придонесувајќи за победата на својот тим со гол од пенал за конечниот резултат 1-1 во регуларниот дел од натпреварот; Бајерн победил по изведување на пенали. Ефенберг бил избран за фудбалер на годината во ова натпреварување. Меѓутоа, следната сезона 2001-2002 го загубил местото во стартната постава поради што одиграл само 17 натпревари.
 
Во летото 2002 заминал во екипата на [[ВФЛ Волфсбург|Волфсбург]], меѓутоа таму престојот не му бил многу успешен, бидејќи одиграл само 19 натпревари во сите натпреварувања. Последната сезона во кариерата (2003-2004) ја изиграл во дресот на [[Катар|катарскиоткатар]]скиот клуб [[Ал-Араби Спортс клуб (Катар)|Ал-Араби]], а по нејзиниот крај во [[2004]] година ја завршил кариерата.
 
===Репрезентативна кариера===
Ефенберг го направил своето деби за [[Фудбалска репрезентација на Германија|германската репрезентација]] на 5 јуни, [[1991]], влегувајќи како замена во поразот со 1-0 од [[Фудбалска репрезентација на Велс|Велс]] во [[Кардиф]] во квалификациите за Европското првенство 1992. Откако неговата репрезентација се пласирала на [[Евро 1992]], Ефенберг бил избран во составот на Германија кој настапил на првенството и постигнал еден гол, во победата со 2-0 над [[Фудбалска репрезентација на Шкотска|Шкотска]]. Исто така бил избран во идеалниот тим на турнирот.
 
Ефенберг бил повикан и за [[Светско првенство во фудбал 1994|Светското првенство 1994]]. Во натпреварот од групната фаза против [[Фудбалска репрезентација на Јужна Кореја|Јужна Кореја]], Ефенберг бил заменет а потоа покажал среден прст кон навивачите.<ref name="Репрезентација">{{cite web|url=http://app1.chinadaily.com.cn/star/2003/0515/sp29-1.html|title=Doing it his own way|accessdate=3 dicembre 2012|language=en|editor=Shanghai Star|data=15 мај 2003}}</ref> Оваа постапка го натерала селекторот [[Берти Фогтс]] да го исклучи играчот од средниот ред од репрезентацијата.<ref>{{cite web|url=http://www.uefa.com/news/newsid=27068.html|title=Effenberg's day of shame|accessdate=3 декември 2012|language=en|editor=UEFA.com|data=24 giugno 2002}}</ref><ref>[http://usa94.blogspot.com/2009/01/e_14.html Eфенберг изгонен заради среден пръст]</ref> После четири години пауза, Ефенберг се вратил во репрезентацијата и одиграл уште два пријателски натпревари во септември 1998 година.<ref name="Репрезентација" />
 
==Тренерска кариера==
По повеќе од десеттина години откако ја завршил својата играчка кариера, Ефенберг бил назначен за тренер на [[ФК Падерборн 07|Падерборн]] на 13 октомври 2015.<ref>{{cite web|title=Effenberg neuer Trainer des SC Paderborn|url=http://www.dfb.de/news/detail/effenberg-neuer-trainer-des-sc-paderborn-132725/|accessdate=13 October 2015|language=Germande}}</ref> На 3 март 2016 добил отказ.<ref>{{cite web|title=SC Paderborn trennt sich von Effenberg|url=http://www.dfb.de/news/detail/sc-paderborn-trennt-sich-von-stefan-effenberg-141014/|accessdate=3 March 2016|language=Germande}}</ref>
 
== Титули ==
Ред 75:
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ефенберг, Штефан}}
 
{{Нормативна контрола}}
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Ефенберг, Штефан}}
[[Категорија:Живи луѓе]]
[[Категорија:Германски фудбалери]]