Сонце: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, removed: |ref=harv using AWB
Ред 59:
| data33 = {{val|2.009|e=7|u=W·m<sup>−2</sup>·sr<sup>−1</sup>}}
| label34 = Старост
| data34 = ≈4,6 милијарди години<ref name="Bonanno">{{Cite journal |last=Bonanno |first=A. |last2=Schlattl |first2=H. |last3=Paternò |first3=L. |date=2008 |title=The age of the Sun and the relativistic corrections in the EOS |journal=Astronomy and Astrophysics |volume=390 |issue=3 |pages=1115–1118 |arxiv=astro-ph/0204331 |bibcode=2002A&A...390.1115B |doi=10.1051/0004-6361:20020749 |ref=harv}}</ref><ref>{{Cite journal|url=//www.sciencemag.org/content/338/6107/651.full|title=The Absolute Chronology and Thermal Processing of Solids in the Solar Protoplanetary Disk|date=2 November 2012|accessdate=17 March 2014|doi=10.1126/science.1226919 |journal=Science|volume=338 |issue= 6107 |pages=651–655|bibcode = 2012Sci...338..651C }}{{Registration required}}</ref>
<!-- section break, rows 40-49 -->
| header40 = [[Вртење|Вртежни]] особености
Ред 113:
 
== Јадро ==
[[Сончево јадро|Јадрото]] на Сонцето е најважниот дел од него. Тоа е како мотор. Тој ја дава светлината, и тој ги дава тие честички внатре во Сонцето. Секогаш кога Сонцето свети, испушта енергија околу милион атомски бомби.Јадрото на Сонцето се смета дека се протега од центарот до 0,2 до 0,25 сончеви радиуси. Густината изнесува од 150 g/cm3 (150 пати повеќе од густината на водата на Земјата), а температурата изнесува приближно 13 600 000 К (додека на површината на Сонцето изнесува околу 5 800 К). Неодамнешна анализа на мисијата [[SOHO]] е наклонета кон побрзата стапка на ротација во јадрото отколку во остатокот од [[зрачен слој|зрачниот слој]]. Во поголемиот дел од постоењето на Сонцето енергијата се добива со [[нуклеарна фузија]] преку серија чекори наречени р-р (протон-протон); овој процес го претвора водородот во хелиум. Помалку од 2% од хелиумот создаден во Сонцето доаѓа од CHO циклусот. Јадрото е единственото место во Сонцето кое што произведува значително количество на топлина преку фузија: остатокот од ѕвездата се загрева со енергија која што се пренесува надвор од јадрото. Севкупната енергија добиена со фузија во јадрото мора да патува преку многу последователни слоеви до сончевата фотосфера пред да се ослободи во вселената како сончева светлина или кинетичка енергија на честичките.
 
Р-р низата се појавува околу 9.2 × 1037 пати секоја секунда во јадрото на Сонцето. Бидејќи оваа реакција користи четири протони, претвора околу 3.7 × 1038 протони (водород јадро) во хелиум јадро секоја секунда. Бидејќи при претворањето на водородот во хелиум се ослободува околу 0,7% од претворената маса како енергија, Сонцето ослободува енергија на стапка од 4, 26 милиони метрички тони во секунда за време на претворањето на материјата во енергија, 383 јотавати или 9.15 × 1010 мегатони на TNT во секунда.
Ред 123:
 
== Корона ==
[[Корона]]та e најодалечениот слој од сонцето<ref>http://www.nasa.gov/mission_pages/iris/multimedia/layerzoo.html</ref> <ref>http://www.thesuntoday.org/solar-facts/powering-the-sun/</ref> <ref>http://imagine.gsfc.nasa.gov/science/objects/sun1.html</ref>. Таа може да достигне температури повеќе од милиони [[Целзиус|°C]]. Короната (Сонцето) испушта енергија достигајќи 9,3 трилиони милји (околу 14484096000000 &nbsp;km), подалеку и од [[Плутон]]. Таа енергија всушност не штити од интергалаксичните ветрови. Истотака како и на Земјата, има посебна гравитација, па не ја пушта Земјата и останатите планети да се изгубат во просторот.
 
== Фотосфера ==
Ред 147:
[[Хелиосфера]]та се шири нанадвор покрај орбитата на Плутон па се до хелиопаузата каде што формира остра предна граница со меѓуѕвездена средна.
 
[[Хромосфера]]та, преодното подрачје и короната се многу пожешки од површината на Сонцето. Причината за тоа се уште не е докажана; доказите покажуваат дека Алфa брановите имаат доволно енергија да ја загреат короната.
 
Најладниот дел на Соцето е регионот на температурниот минимум кој се наоѓа на 500 &nbsp;km над фотосферата и изнесува 4 100 К. Овој дел од Сонцето е доволно ладен за да ги поддржи простите молекулите како што се јаглерод монoксид и вода, кои што можат да се забележат преку нивниот спектар на апсорбирање.
Над слојот на температурниот минимум се наоѓа слој 2000 &nbsp;km густ. Тој слој е наречен [[хромосфера]], кој доаѓа од грчкиот збор chroma што значи боја бидејќи хромосферата е видлива како обоена светлина на почетокот и на крајот на затемнувањето на Сонцето. Температурата на хромосферата постепено се зголемува во висина од и околу 20 000 К во близина на врвот. Во горниот дел од хромосферата хелиумот делумно се јонизира.
[[Податотека:Sun poster mk.svg|мини|десно|400п|Структура на Сонцето]]
Над хромосферата се наоѓа преодно подрачје тенко околу 200 км каде што температурата расте брзо од околу 20 000 К во горниот дел на хромосферата до милион К во короната. Зголемувањето на температурата е овозможено од целосното јонизирање на хелиумот во транзитниот регион кој во голема мера го намалува ладењето на плазмата. Транзитниот регион не се наоѓа на точно дефинирана висина. Поточно речено, тој формира еден вид на нимбус околу обележјата на хромосферата и е во постојано хаотично движење. Транзитниот регион не е лесно видлив од површината на Земјата, но лесно може да се набљудува од вселената преку инструменти чувствителни на екстремни [[ултравиолетови зраци]].
Ред 171:
Сонцето го наследило својот хемиски состав од меѓуѕвездената средина од која што и се создало: водородот и хелиумот во Сонцето се создале со Биг Бен нуклеосинтеза. Хемискиот состав на фотосферата вообичаено се смета за претставник на првобитниот состав на сончевиот систем. Сепак, откако е создадено Сонцето, хелиумот и тешките метали се отселиле од фотосферата. Поради тоа, фотосферата сега содржи помалку хелиум и само 84% од тешките металиотколу што содржело првобитното Сонце; првобитното Сонце содржело 71,1% водород, 27,4% хелиум и 1,5% метали.
 
Во внатрешните делови на Соцето, нуклеарната фузија го модифицирала составот со претворањето на водородот во хелиум, така што највнатрешниот дел на Сонцето сега содрчи околу 60% хелиум, со тоа што процентот на метали останал непроменет.
 
Изобилството на горенаведените тешки метали вообичаено се мерат со спектроскопија на фотосферата на Сонцето и со мерење на метеоритите кои никогаш не биле загреани до топење. Се смета дека овие метеорити го имаат истиот состав како и првобитното Сонце и поради тоа остануваат непроменети иако содржат тешки метали.
 
== Сончеви дамки ==
 
Кога Сонцето се набљудува со соодветна филтрација прво нешто што се забележува се неговите [[Сончеви дамки|дамки]] кои претставуваат јасно видливи делови на површината кои што изгледаат потемни од нивното опкружување поради ниските температури. Сончевите дамки претставуваат делови на висока магнетна активност каде што [[струење]]ти е инхибирано од силни магнетни полиња намалувајќи го преносот на енергијата од жешката внатрешност до површината. Магнетното поле овозможува силно загревање во короната кое што формира активни делови кои што претставуваат извор на сончеви пламени. Најголемите сончеви дамки може да имаат дијаметар долг 80 000 &nbsp;km. Бројот на видливи сончеви дамки не е постојан, но варира во текот на 11 годишниот циклус познат како сончев циклус. На вообичаен сончев минимум, неколку сончеви дамки се видливи, а повремено не може да се види ниту една. Оние кои што се појавуваат на високи сончеви висини. Како што сончевиот циклус напредува, бројот на сончевите дамки се зголемува и тие се приближуваат до екваторот на Сонцето. Ова е феномен кој е опишан според законот на Спорер. Сончевите дамки вообичаено се појавуваат во парови со спротивна магнетна поларност.
 
Сончевиот систем има огромно влијание врз времето во вселената како и врз климата на Земјата бидејќи светлината има директна врска со магнетната активност. Во 17 век, сончевиот циклус целосно запрел за време од неколку декади; многу малку сончеви дамки биле забележани за време на овој период. Овој период е познат и како минимумот на Маундер или [[Мало ледено доба]] во кое што Европа доживела многу ниски температури.
Ред 185:
Сонцето е создадено пред околу 4,57 милијарди години кога молекуларниот облак од водород експлодирал. Сончевото создавање се пресметува на два начина: сегашните последователни години на Сонцето се одредени со помош на компјутерски модели на ѕвездената еволуција и нуклеокосмохронологијата и изнесува дека постои околу 4,57 милијарди години. Ова речиси се совпаѓа со радиометричната дата на најстарата материја на сончевиот систем која е стара 4,567 милијарди години.
 
Сонцето е на пола пат од неговата еволуција за чие што време реакциите на нуклеарна фузија во неговото јадро го претвораат водородот во хелиум. Секоја секунда, преку 4 милиони тони материја се претвораат во енергија во јадрото на Сонцето, произведувајќи неутрини и сончева радијација; досега Сонцето има претворено материја колку 100 пати по масата на Земјата во енергија. Сонцето ќе помине вкупно 10 милијарди години како ѕвезда на главната низа.
 
Сонцето нема доволно маса за да експлодира како супернова. Наместо тоа, за околу 5 милијарди години, ќе влезе во фазата на црвен џин, и неговите надворешни слоеви ќе се шират како што водородот во јадрото ќе се троши и јадрото ќе се собира и загрева. Фузијата со хелиум ќе започне кога температурата на јадрото ќе достигне околу 100 милиони К и ќе произведува јаглерод.
Ред 191:
Судбината на Земјата е несигурна. Како црвен џин, Сонцето ќе достигне радиус поголем од сегашната орбита на Земјата односно 250 пати повеќе од сегашниот радиус на Сонцето. Сепак, додека да стане асимптотска џиновска ѕвезда, Сонцето ќе изгуби 30% од сегашната маса благодарение на ѕвездениот ветер, така што орбитите на планетите ќе се движат нанадвор. Да беше само ова Земјата ќе беше поштедена, но најновите истражувања покажуваат дека Земјата ќе биде проголтана од Соцето благодарение на интеракцијата на плимата. Дури и ако Земјата избегне запалување од Сонцето, сепак целата вода на Земјата ќе зоврие и поголемиот дел од атмосферата ќе замине во вселената. Всушност, дури и за време на сегашниот животен циклус во главната низа, Сонцето постепено ќе станува се посветло (околу 10% на секоја милијарда години), а и постепено ќе се зголемува температурата. Сонцето порано било побледо и тоа е причината поради која живото на Земјата постои околу милијарда години на копно. Зголемувањето на сончевите температури е такво што за околу милијарда години површината на Земјата ќе биде толку жешка што течна вода нема да постои што ќе доведе до крај на Земјата.
 
Како што Сонцето ќе навлегува во фазата на црвен џин така силните термални пулсации ќе предизвикаат Сонцето да ги отфрли своите надворешни слоеви формирајќи [[планетарна маглина]]. Единственото нешто што ќе остане откако Сонцето ќе ги отфрли надворешните слоеви е екстремно жешкото ѕвездено јадро кое што полека ќе се лади и ќе избледе како бело џуџе за неколку милијарди години. Ова сценарио на ѕвездената еволуција е типично за ѕвездите од мала до средна големина.
 
== Сончево зрачење ==
Сончевото зрачење, во најширока смисла, е целосниот спектар на [[електромагнетна радијација]] која ја испушта Сонцето. На Земјата, сончевото зрачење се филтрира низ Земјината атмосфера, а соларна радијација гледаме кога Сонцето е над хоризонтот. Сончевото зрачење може да се измери со помош на апарат наречен [[пиранометар]] или [[пирхелиометар]]. Светската метеоролошка организација ја дефинира сончевата светлина како директно зрачење од Сонцето врз Земјата со најмалку 120 Њ•м−2.
 
Директното сончево зрачење има светлосен ефект од околу 93 лумени на ват, што вклучува инфрацрвено зрачење, видлива светлина и ултравиолетово зрачење. Сјајната сончева светлина има околу 100 000 кандели на квадратен метар на површината на Земјата.
Опстанокот на речиси сите животни форми на Земјата зависи од сончевата светлина. Растенијата ја користат сончевата светлина за процесот наречен фотосинтеза.
 
Животните индиректно ја користа сончевата светлина, преку внесување на растенија во својата исхрана. Релативно скорешните откритија на јаглен, петролеум и природен гас преставуваат употреба на сончевата светлина заробена во земјата милиони години. Фосилните горива се остатоци од древни растенија и животни, и претставуваат искористлив извор на дополнителна енергија на Земјата. Но, количеството на фосилните горива е огранично. Постојат повеќе теории кои зборуваат за алтернативни средства за добивање енергија на Земјава, но и за катастрофите кои би се случиле при недостаток на извори на енергија. Фосилно - нуклеарната ера е само една кратка епизода во историјата на човештвото. Таа се протега во епохата од почетокот на индустријализацијата до исцрпувањето на фосилните ресурси. Пред тоа човештвото живеело само од енергијата на Сонцето, но благодарение на новите технологии, ќе биде можно да се користи енергијата од Сонцето многу подобро и пофлексибилно.
 
== Сончев ветер ==
 
[[Сончев ветер|Сончевиот ветер]] претставува струја од честички испуштени при голема брзина од горните слоеви на сончевата атмосфера, во главно електрони и протони. Иако овој губиток на масата на Сонцето е безначаен а густината на сончевиот ветер е мала, честичките се движат со огромна брзина и вршат огромно влијание врз телата во сончевиот систем. Познати ефекти на сончевиот ветер се [[поларна светлина|оларната светлина]] и насочување на опашот на кометите спротивно од Сонцето.
 
Во близина на Земјата земјиното магнетно поле ги заробува честичките на сончевиот ветер и ги насочува кон магнетните полови. Доколку честичките на сончевиот ветер се движат со брзина од повеќе стотици километри на час, при сударот со честичките на Земјината атмосфера доаѓадо јонизирање на гас и појавата на светлина.
 
Оваа појава се сретнува и во поларните подрачја, и токму и поради тоа го добила и името поларна светлина или Аурора бореалис (односно Аурора аустралис на јужната земјена хемисфера). Доколку сончевата активност е поголема, зголеменото делување на сончевиот ветер може да доведе до појава на поларна светлост и на помала географска ширина. Во такви услови постои можност сметање или оштетување на радио-комуникативните уреди на Земјата и вештачките сателити.
Ред 213:
== Сончеви пламени ==
 
[[Сончев пламен|Сончевиот пламен]] претставува голема експлозија во атмосферата на Сонцето кој што ослободува 6 x 1025 џули енергија. Овој термин исто така се користи за да се означи сличен феномен во останатите ѕвезди, каде што терминот ѕвезден пламен се употребува.
 
Сончевите пламени влијаат на сите слоеви од сончевата атмосфера (фотосфера, корона и хромосфера), загревајќи ја плазмата до десетици милиони келвини и зголемувајќи ја брзината на [[електрони]]те, [[протони]]те и потешките [[јони]] речиси до брзината на светлината. Тие произведуваат радијација низ електромагнетниот спектар на сите бранови должини, од радио бранови до [[гама зраци]]. Повеќето пламени се создаваат во активните региони околу сончевите дамки, каде што силните магнетни полиња пенетрираат во фотосферата за да ја поврзат короната со сончевата внатртешност. Пламените се засилуваат со ненадејно ослободување на магнетна енергија складирана во короната. Ако сончевиот пламен е изворедно силен може да предизвика исфрлање на коронарна маса.
 
Рентгенските зраци и UV зрачењето ослободени од сончевите пламени може да влијаат на Земјината јоносфера и да ги прекинат радио комуникациите на далечина. Директните радио емитувања на дециметрични бранови должини може да влијаат на работењето на радарите и другите апарати кои што работата на овие фреквенции.
Ред 228:
* „Ќерката на Сонцето“ - кавкаска народна приказна.<ref>''Кавкаске бајке''. Београд: Народња књига, 1963, стр. 37-48.</ref>
* „Шуревите на Сонцето“ - унгарска народна приказна.<ref>''Мађарске бајке''. Београд: Народња књига, 1974, стр. 5-15.</ref>
* „Месечината и сонцето“ (''Мјесец и сунце'') - српска [[Народна литература|народна песна]].<ref name="ReferenceA">''Народне лирске песме''. Београд: Просвета, 1963, стр. 101.</ref>
* „Сонцето се ожени со девојка“ (''Сунце се с дјевојком ожени'') - српска [[Народна литература|народна песна]].<ref>''Народне лирске песме''. Београд: Просвета, 1963, стр. 101.<name="ReferenceA"/ref>
* „Додека трае сонцето“ - расказ на италијанскиот писател [[Итало Калвино]].<ref>Italo Kalvino, ''Nove kosmikomike''. Beograd: Rad, 1999, стр. 43-50.</ref>
* „Сончева бура“ - расказ на италијанскиот писател [[Итало Калвино]].<ref>Italo Kalvino, ''Nove kosmikomike''. Beograd: Rad, 1999, стр. 51-60.</ref>
Ред 255:
* „Деца на сонцето“ (''Deca sunca'') - песна на македонската група „[[Бастион (музичка група)|Бастион]]“.<ref>Bastion works & rew>>works, AG Records, PMG Recordings, Lithium Records.</ref>
* „Саботно сонце“ ([[англиски]]: ''Saturday Sun'') - песна на британскиот [[Поп-музика|поп]]-рок пејач [[Ник Дрејк]] (''Nick Drake'').<ref>[https://www.youtube.com/watch?v=QwaqO3i_eQA YouTube, Saturday Sun (пристапено на 25.3.2019)]</ref>
* „Зајдисонце во Ватерло“ (''Waterloo Sunset'') - песна на британската [[Рок музика|рок]]-група „[[Кинкс]]“ (''The Kinks'') од 1967 година.<ref name="youtube.com">[https://www.youtube.com/watch?v=Bs843y51Q_M The Kinks - Something Else 1967 (Full Vinyl 2003) (пристапено на 16.2.2019)]</ref>
* „Мрзливото старо сонце“ (''Lazy Old Sun'') - песна на британската [[Рок музика|рок]]-група „[[Кинкс]]“ (''The Kinks'') од 1967 година.<ref>[https://www. name="youtube.com"/watch?v=Bs843y51Q_M The Kinks - Something Else 1967 (Full Vinyl 2003) (пристапено на 16.2.2019)]</ref>
* „Доаѓа сонцето“ (''Here Comes The Sun'') - песна на британската група „[[Битлси]]“ од 1969 година.<ref name="discogs.com">[https://www.discogs.com/The-Beatles-Abbey-Road/release/2498807 DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)]</ref>
* „Кралот-Сонце“ (''Sun King'') - песна на британската група „[[Битлси]]“ од 1969 година.<ref>[https://www. name="discogs.com"/The-Beatles-Abbey-Road/release/2498807 DISCOGS, The Beatles ‎– The Beatles (пристапено на 27.6.2019)]</ref>
* „Кој го сака сонцето“ (''Who Loves The Sun'') - песна на американската [[Рок-музика|рок]]-група „[[Велвет Андерграунд]]“ (''Velvet Underground'') од 1970 година.<ref>[https://www.discogs.com/The-Velvet-Underground-Loaded/master/35308 DISCOGS, The Velvet Underground ‎– Loaded (пристапено на 19.12.2017)]</ref>
* „Изгрејсонце“ (''Sun Arise'') - песна на американскиот рок-музичар [[Алис Купер]] (''Alice Cooper'').<ref>Alice Cooper, Love it to death & Killer, Some Wax Recordings, SW 126-2, 2003.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Сонце