Разлика помеѓу преработките на „Јасон“

Одземени 39 бајти ,  пред 1 година
с
clean up, removed: |ref=harv (3) using AWB
с (clean up, removed: |ref=harv (3) using AWB)
[[File:Jason and Medea - John William Waterhouse.jpg|right|thumb|320px|Јасон и Медеја - на [[Џон Вилијам Вотерхаус]], 1907 година.]]
'''Јасон''' ([[старогрчки јазик]]: Ἰάσων) — херој од старогрчката митологија, водач на [[Аргонаути]]те, чија потрага по [[Златно руно|Златното руно]] била опеана во литературата. Тој бил посинок на [[Хејрон]], но порано бил познат и како [[Диомед]], синот на [[Ајсон]]. Тој бил ајтолски воин.
 
Според грчката митологија тој бил предводник на [[Аргонаутите]] во потрагата по [[Златното руно]]. Невозможната мисија, по многу тешки настани, жртвувања и тешкотии, дружината на Јасон ја исполнила со помош на [[Хера]] и [[Атена]] кои за тоа побарале помош и од [[Афродита]].
==Потрагата по Златното руно==
[[Image:Jasão e o Velo de ouro - Bertel Thorvaldsen - 1803.jpg|thumb|250px|Јасон со Златното руно, ремек дело на [[Бертел Торвалдсен]].]]
По смртта на алојскиот крал [[Кретеј]], престолот го зел синот на [[Посејдон]] и [[Тира]], [[Пелиј]], иако според законот престолот требало да му припадне на неговиот брат [[Ајсон]]. Наскоро, тој дознал за пророштвото дека ќе го убие потомокот на [[Ајол]]. Второто пророштво го информирало Пелиј да се варди од човекот со една сандала. Кога Јасон се појавил пред Пелиј, едната сандала ја имал загубено (според волјата на [[Хера]], која сакала да му се одмазди на Палиј) во калта на реката Анаур. Тогаш, Пелиј го прашал Јасон што би правел кога пророштвото би му назначило дека некој од сограѓаните ќе го убие. Без размислување, Јасон одговорил дека би го пратил да донесе златно руно.
 
Кога Пелиј му се претставил на Јасон, овој храбро го побарал престолот, а бидејќи имал силна потпора од другите владетели, Пелиј немал храброст да го одбие, но користејќи ја итрината побарал прво да ја ослободи земјата од проклетството и да го донесе [[Златно руно|Златното руно]] што висело во гората на Ареј Колхиѓанинот, каде го чувала [[змија]] што не спие ни дење ни ноќе.<ref>Robert Grevs, ''Grčki mitovi'', Nolit, Beograd, 1992, стр. 511 - 514.</ref>
 
Јасон не можел да го одбие барањето на Пелиј иго наговорил бродоградителот [[Аргус (аргонаут)|Аргус]] од [[Теспија]] да му направи [[Брод (пловило)|брод]] со педесет весла. Арг го соградрадил бродот од [[бор]]ови дрвја во шумата Пелион, а самата [[Атена]] на бродот „[[Арго]]“ на прамецот му поставила пророчки клун од [[даб]]от на [[Зевс]] од [[Дардана]].
 
Јасон во меѓувреме испратил гласници низ цела [[Грција]] за да соберат доброволци – јунаци да тргнат на неизвесното патување. Наскоро била формирана посадата на „Арго“, ја сочинувале најголемите јунаци кои се јавиле на предизвикот. Според името на бродот, морепловците биле наречени [[Аргонаути]], а некаде се спомнуваат и под името [[Минијци]], зашто некои од нив, како и самиот Јасон, биле потомци на ќерките на [[Минијад]].
 
Потрагата по Златното руно била долга, неизвесна и исполнета со многу непредвидени тешкотии и само благодарение на силната поддршка на [[Хера]] и [[Атена]], како и на јунаштвото на неговите сопатници, Јасон успеал да го донесе бродот до целта. Но и тогаш, мисијата би била невозможна доколку во неа не се вплеткале божествата. Патувајќи со Аргонаутите кон [[Колхида]], во потрага по златното руно, Јасон застанал патем на [[остров]]от [[Лемнос]] на којшто жените ги убиле сите мажи, а само Ипсипиле, служејќи се со измама, успеала да го спаси својот татко. Јасон успеал да ја заведе неа и ја оставил бремена.<ref name="Dante Aligijeri 1961">Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 109.</ref> Кога Јасон пристигнал на Колхида, кралот Ајет им задавал на Аргонаутите разни невозможни задачи, со цел да избегне да им го предаде руното. Но, и по исполнувањето на задачите, кралот Ајет одбил да го исполни ветеното и се заканил дека ќе го запали бродот „[[Арго]]“ што бил усидрен пред неговата престолнина [[Аја]] и дека ќе ја убие посадата. Тогаш, божицата [[Афродита]] издејствувала нејзиниот син [[Ерос]] да ја маѓепса ќерката на кралот Ајет, [[Медеја]], која се вљубила во Јасон и му помогнала да дојде до златното руно. Медеја ги повела Јасон и Аргонаутите во забранетата градина и со своето волшебништво го заспала чудовишниот [[змеј]] роден од крвта на [[Тифон]]. Јасон крадешкум го симнал руното, по што Аргонаутите се повлекле во својот брод и тргнале назад. Притоа, наспроти укажаната помош, неверниот Јасон ја оставил и Медеја.<ref> name="Dante Aligijeri, ''Pakao''. Beograd: Rad, 1961, стр. 109.<"/ref>
 
== Наводи ==
==Користена литература==
{{refbegin|32em}}
*{{cite book |last=Bacon |first=Janet Ruth |authorlink=Janet Ruth Bacon |year=1925 |title=The Voyage of the Argonauts |location=London |publisher=Methuen |ref=harv}}
*{{cite book |last=Braund |first=David |year=1994 |title=Georgia in Antiquity: A History of Colchis and Transcaucasian Iberia, 550&nbsp;BC–AD&nbsp;562 |location=Oxford |publisher=Oxford University Press |isbn=978-0-19-814473-1 |ref=harv}}
*{{cite journal |last=Lordkipanidze |first=Otar |authorlink=Otar Lordkipanidze |year=2001 |title=The Golden Fleece: myth, euhemeristic explanation and archaeology |journal=[[Oxford Journal of Archaeology]] |volume=20 |issue=1 |pages=1–38 |doi=10.1111/1468-0092.00121 |ref=harv}}
 
[[Категорија:Старогрчка митологија]]