Сионска горница: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Zoranzdr (разговор | придонеси)
Преземени информации од fakulteti.mk каде има подробни информации за Сијонската Горница.
Ред 2:
'''Сионската горница''' е зграда во [[Ерусалим]], зграда во која се одржала [[Тајна вечера|Тајната вечера]] на [[Исус Христос]] и [[апостоли|апостолите]], според [[христијанство|христијанството]] како и многу други “конгреси“ за почетокот на [[христијанство|христијанството]].
[[Податотека:Jerusalem_Cenacle_BW_5.JPG|мини|десно|200п|]]
Сионската Горница во Ерусалим била одаја во куќата на Свети Јован Богослов каде не само што се одржала Последната вечера туку и многу други настани кои се значајни за историјата на Црквата. Називот Сионска Горница се однесува на просторијата која во Библијата се споменува според грчкиот збор „хипероион“ што во превод значи „Горна соба“, а Свети Ероним го превел на латински како „cenaculum“ што значи „трпезарија“. Таму според христијанската традиција била одржана Тајната вечера на Велики четврток, пред Исус Христос да биде уапсен, осуден и распнат на крст, по што воскреснал<ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.fakulteti.mk/news/17-04-19/najsvetata_prostorija_vo_hristijanstvoto_odajata_kade_shto_se_odrzhala_tajnata_vechera|title=Најсветата просторија во христијанството: одајата каде се одржала Тајната вечера|last=Б|first=Б|date=19.4.2017|work=fakulteti.mk|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>.
 
И не само тоа. Во таа просторија Исус им ги измил нозете на своите следбеници таа вечер, таму се појавил и по Воскреснувањето, а исто така таму се собрале и апостолите после Вознесувањето Господово (Спасовден). Во таа соба е избран и Свети Матеј да го замени Јуда како дванаесеттиот апостол, таму се спуштил и Светиот Дух врз апостолите на празникот Педесетница, на педесеттиот ден од Восреснувањето.
 
Затоа слободно може да се констатира дека Сионската Горница е првата христијанска црква на светот. Исто така, без двоумење, може да се каже дека не постои позначајна просторија во христијанството од Горницата.
 
Рана историја на градбата каде се наоѓа Горницата, не може со сигурност да се утврди. Некои сметаат дека била еврејска синагога, но не постојат археолошки докази за тоа. Многу поверојатно е дека навистина тоа била куќата на Јован Богослов, каде според христијанската традиција, подоцна живеела и Пресветата Богородица.
 
На крајот на 4. век, Свети Епифаниј Саламински пишувал дека зградата е поштедена при рушењето на Ерусалим од страна на легиите на римскиот цар Титус во 70 година; се чини дека веднаш до неа царот Теодосиј Велики ја изградил базиликата Аја Сион која подоцна настрадала од рацете на фатимидскиот калиф Ел Хаким.
 
Кога крстоносците ја ослободиле Светата земја и Ерусалим, на местото на поранешната византиска базилика подигнале готска катедрала, а куќата на Јован Богослов и Сионската Горница ги вметнале во внатрешноста на катедралата, обновувајќи ги во готски стил. Катедралата подоцна е срушена од страна на муслиманите, но Горницата останала поштедена.
 
За неа најпрво се грижеле сиријските христијани, а потоа и францисканите, сѐ до 1524 година, кога Османлиите ја одзеле градбата од христијаните, претворајќи ја во џамија. Затоа денес во Горницата има михраб, арапски натписи и други муслимански симболи.
 
Зградата е на два спрата и се наоѓа во поголемиот комплекс во [[Сион]]. Зградата може да биде посетена, но не и да биде користена за молитви и христијански обреди. Сионската горница била утврдена од францисканите во [[1335]] година по кои таа се користела како [[џамија]] и [[синагога]].
По посетата на [[Папа Јован Павле II]], израелските власти ја вратиле сопственоста на зградата на католичката црква, а како замена била добиена црквата во [[Толедо]], која била претворена во [[синагога]].