Разлика помеѓу преработките на „Дивље“

Одземени 37 бајти ,  пред 10 месеци
с
нема опис на уредувањето
с
с
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Инфокутија за село во Република Македонија|
| слика=Pogled kon Divlje.JPG
| карта = Дивље во Општина Петровец.svg
}}
'''Дивље''' е село во [[Општина Петровец]], во областа [[Скопска Блатија|Блатија]], во околината на град [[Скопје]].{{Мак-никулец}}
 
== Географиja и местоположба ==
Тетка Василка, кога е во селото, се занимава со тоа што одгледува грашок, сорта тритон и малку кромитче. Немаат бунар во дворот, па не може да си дозволи нешто повеќе да засади. За разлика од нив, многу куќи имаат бунари. Пред неколку години, нивните комшии нашле бунар во нивниот двор. Почнале да го копаат, и излегло дека којзнае од кога е стар, но дека долго време бил запретан. Велат, сигурно повеќе од 100 години. Кога излегла камената конструкција на бунарот на виделина, чичко Гавро, кој му правел друштво на комшијата, си нашол едно старо грне во бунарот. Грнето сега е дел од колекцијата на Гавро. Тој има хоби да собира стари работи. Има најдено еден камен со хиреоглифи, кога копал гаража во дворот. Во тоа време му дошол некој студент по карпологија и го сликал каменот бидејќи, како што му рекол, стар е илјадници години. Сега Гавро не ни знае каде е каменот. Се трудеше да го најде, ама не можеше. Вели: "Којзнае каде е, некаде меѓу сите камења во дворот". Внатре во куќата тој има се и сешто. На sидот има еден стар нож од Балканските војни, кој се става на пушка. Го нашле во Пирава, во селото на Василка. "Којзнае што се е правено со овој нож!", вели Гавро, ама пак си го чува внатре, над сликата на дедо му, сликан како пасе овци. Дедо му на Гавро, се што имал му оставил. Едно котле старо 140 години од кое пиел козјо млеко, тава за пржење чварки со долга рачка, "копанка" каде се замесувало тесто за тиганици, "шарлаган" каде се чувал густ зејтин кој се користел само за Велигден и за слави, шарена торбичка која се носела кога се канело за свадби, бројаници.......Гавро не пие козјо млеко од котлето, ама кажува дека е многу здраво, зашто дедо му од тоа млеко живеел 103 години.
 
Селска слава е Св. Петка, на 8 август. Тогаш доаѓаат многу луѓе, но не само во него туку и во старата црква "Св. Богородица" и ево дна друга, која е долу, на патот кон селото - "Св. Недела". Се готви во манастирот кој се наоѓа на едното брдо, на местото каде то претходно имало крст. Манастирот му се сонил на некој пред многу години, дошол и го изградил. Сега крстот е внатре во манастирот. Навистина, претходно, вели Гавро, човекот лежел затвор, затоа што во комунизмот "ни на сон" не смеело да ти текне да градиш црква или манастир.
 
Секои петок, сабота и недела до селото оди автобус на ЈСП број "69". Имаат и улично осветление и телефон. Селото полека се претвора во монденско место, затоа што некои млади, чии родители имаат плацеви или стари куќи, сега градат големи и нови вили.
{{Општина Петровец}}
 
[[Категорија:Дивље| ]]
[[Категорија:Села во Македонија]]
[[Категорија:Скопски села]]