Пелагонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ознаки: Мобилно уредување Уредување од мобилен извршник Уредување од прилогот за Андроид
Одбиени последните 3 промени (од 185.100.245.70) и ја поврати преработката 3845340 на Elkost
Ред 1:
:''За статистички регион на Република Северна Македонија , видете [[Пелагониски регион]]''.
{{Инфокутија котлина
| name = Пелагонија
Ред 16:
| long_d = 21| long_m = 30 | long_s = | long_EW = E
| coordinates_ref =
| location = [[Република Северна Македонија]], [[Егејска Македонија]] (денес во [[Грција]])
| elevation = 600 м | elevation_m = | elevation_ft =
| elevation_ref =
Ред 31:
}}
 
'''Пелагонија''' — најголемата [[котлина]] во [[Северна Македонија]], која самата по себе образува и посебна релјефна целина во рамките на родопската група на релјеф. Сместена е во југозападниот дел на [[СевернаРепублика Македонија]] и северниотсеверозападниот дел од [[ГрцијаЕгејска Македонија]]. Опфаќа површина од околу 4.000 км²<ref>{{цитирана веб страница
| url = http://www.makedonskibiser.com.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=893%3A2009-11-29-18-36-54&catid=145%3A2009-09-08-21-26-45&Itemid=395&lang=mk
| title = Пелагонија
| publisher = www.makedonskibiser.com.mk }}</ref> и нејзиниот правец на протегање е меридијански, север - југ, зафаќајќи должина од 80 километри<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1128</ref> и продолжувајќи кон [[ГрцијаЕгејска Македонија]].
 
== Природно-географски и релјефни одлики на Пелагонија ==
[[Податотека:Pelagonian fields.jpg|мини|250п|лево|Пелагонија на зајдисонце.]]
Пелагонија всушност го претставува централниот западен дел на географскиот регионетничка [[Македонија]]. Таа денес се протега во две држави: [[СевернаРепублика Македонија]] и [[ГрцијаЕгејска Македонија]]. Се состои од [[Битолско Поле|Битолското]] и [[Прилепско Поле|Прилепското Поле]] во басенот на [[Црна Река]] и нејзините притоки во [[СевернаРепублика Македонија|Македонија]] и [[Леринско Поле|Леринското Поле]] во [[ГрцијаЕгејска Македонија]]. Поради својата пространост и големина, полињата во котлината се поделени на помали пределни целини како: Заградско Поле, Садово Поле, Српополе (Српот) во Прилепско, Гладно Поле на преодот и Ѓаватско Поле, Моштенски села (поле) во Битолско, Буф-кол во Леринско. Котлината е опкружена со планините [[Баба (планина)|Баба]], [[Бушева Планина]] од запад, [[Даутица]] од северозапад, [[Бабуна]] од североисток, [[Селечка Планина]] и [[Ниџе]] од исток, додека на југ и југозапад е оградена со падините на [[Нередска Планина]]. Во минатото во времето на терцијарот Пелагонија била заезерена поради што денес (особено во Битолското Поле) е голема застапеноста на хумусна и алувијална почва. Просечната надморска височина на рамнината изнесува 650 метри и се движи од 710 до 615 метри во Прилепското поле и од 610 до 540 метри во Битолското Поле со вкупна површина од 120,600 хектари. Низ Пелагонија тече Црна Река со притоките: [[Блата]], [[Шемница]], [[Драгор]] и [[Сакулева Река|Елешка (Сакулева) Река]]. Целата речна и водена мрежа претставува дел од егејското сливно подрачје.
 
Во делот за [[орографија]] во одделот за полињата, во својата книгата „Материјали по изучувањето на Македонија“ од 1896 година, македонскиот револуционер [[Ѓорче Петров]] дава опис за Пелагонија. Пелагониското поле е едно од најголемите и најплодните полиња во цела [[Македонија]]. Тоа е природна испакната рамнина, долга од север кон југ 14 часа, широка од исток кон запад 4 – 6 часа<ref name=gjorchepetrov>{{цитирана книга| last = Петров| first = Гьорче| title = Материали по изучванието на Македония| language=бугарски| publisher = Печатница Вълковъ| year = 1896 | pages = 22 и 225-231}}</ref>. Од сите страни е заградено со високи планини, како стени. Од исток го заградува Селечката планина и почетокот на [[Ниџе]], од запад – Пелистерската и Крушевската планинска верига, од југ – падините на [[Вич]] Планина, а од север и северозапад — [[Даутица]], [[Мукос]], Преслоп и [[Козјак]]. Според местоположбата и изгледот тоа се разделува на Прилепско, Битолско и Леринско Поле. Во Прилепското Поле течат реката Блато и Прилепската Река, Битолско-Леринското поле се наводнува од [[Црна Река]], [[Шемница]], [[Сакулева Река]] и потоците на [[Пелистер]]<ref name=gjorchepetrov>{{цитирана книга| last = Петров| first = Гьорче| title = Материали по изучванието на Македония| publisher = Печатница Вълковъ| year = 1896 | pages = 22 и 225-231}}</ref>. Бидејќи полето е рамно како тепсија, сите тие реки широко се излеваат за време на висок водостој, создавајќи околу себе блатести места.
Ред 44:
[[File:Pelagonija-MKD.JPG|thumb|250px|Глетка од Пелагонија во околината на селото [[Вашарејца]]]]
[[File:Pelagonija od Visoka.JPG|thumb|мини|250п|Поглед на Пелагонија од врвот Висока на [[Селечка Планина]]]]
[[Податотека:Prilepsko Pole, North Macedonia.jpg|мини|250п|Прилепско поле - северен дел на Пелагонија]]
 
=== Клима ===
Ред 102:
[[Податотека:Pelagonia-Bitolsko Pole.jpg|мини|250п|лево|Битолско поле - средишен дел на Пелагонија]]
 
Пелагониската Котлина, која претставува најголема рамница во СевернаРепублика Македонија, Преспанскиот езерски басен, како и специфичните климатски услови и поволната хидрографска мрежа се основни предуслови за развој на земјоделството во
овој регион. Токму од овие причини, овој регион е житница на СевернаРепублика Македонија и најголем производител на тутун, јаболка, но и најголем млекопроизводител. Пелагонија претставува најголема житница во [[Македонија]]<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1129</ref>. Во Пелагонија се остваруваат најголемите приноси на пченица и пченка во државата, а покрај нив од житните култури во значаен обем се одгледуваат и јачменот, овесот и 'ржта. Пелагонија е исто така и најголем производител на индустриските култури како тутун, сончоглед, шеќерна репка во [[Северна Македонија]]<ref>МАКЕДОНСКА енциклопедија. Том II, MАНУ, Скопје 2009. стр.1129</ref>. Целата котлина, а особено Прилепското Поле, претставува најголем производител на тутун во [[Република Северна Македонија|Северна Македонија]] и на Балканот. Од другите индустриски култури најзастапени се шеќерната репка, сончогледот и фуражните култури за сточна храна како детелина, луцерка, крмната пченка итн. Во повлажните предели со повеќе вода, по течението на [[Црна Река]], особено во западните предели на Прилепското и Битолското Поле во селата [[Бучин]], [[Обршани]], [[Бела Црква]], [[Кукуречани]], [[Могила]] во големи количества се одгледуваат кромид и пиперки (црвени-ајварки и зелени). Во западниот дел на Битолското Поле во подножјето на планината [[Баба (планина)|Баба]] во селата [[Буково]], [[Бистрица]], [[Лажец]], [[Породин]] се одгледуваат многу пиперки, особено од позната сорта на црвена пиперка со тенка лушпа која ситно се меле и се -прави познатиот зачин ''буковец''. Овоштарството и лозарството се застапени во помала мера, а претежно околу [[Битола]] и западниот дел на Битолското Поле.
[[File:Sonchogledi-vo-Pelagonija-MK.JPG|thumb|250px|Сончогледово поле во Пелагонија]]
Сточарството во Пелагонија е исто така доста развиено. Најразвиена гранка е краварството, особено во рамничарскиот дел на Битолското Поле и по течението на [[Црна Река]] каде што има голем број на тревнати ливади-утрини погодни за напасување на кравите. Покрај краварството се одгледуваат и голем број на овци, претежно во источните и северните предели кон [[Даутица]], [[Селечка Планина]] и [[Мариово]]. Козарството е застапено во најмала мера во крајниот северен дел на Прилепското Поле во подножјето на [[Даутица]] и [[Бабуна (планина)|Бабуна]]. Поради големиот број на крави и овци, во Пелагонија се произведува и најголемиот дел од млекото во [[Северна Македонија]]. Млекарството е застапено со повеќето млекарници „ИМБ Битола“, „Идеал Шипка“ кои се најголемите производители на млеко и млечни производи во Северна Македонија како и бројни други помали приватни млекарници итн. Поради одличните услови, во Пелагонија во голема мерка е застапено и свињарството при што голем број на домаќинства одгледуваат свињи, а во селото [[Породин]] се наоѓа и една од најголемите свињарски фарма во државата во сопственост на ЗИК „Пелагонија“.
 
[[Податотека:Pelagonia-Bakarno Gumno.jpg|мини|250п|Пределот Бакарно Гумно (Гладно Поле) познат како Тополчанска Греда - преод меѓу Прилепското и Битолското Поле]]
Ред 111:
Во Пелагонија најразвиена е прехранбената индустрија, а како најголема житница во Македонија, на нејзиното подрачје се наоѓаат и најголемите пекарско-мелничарски комбинати „Жито Битола“ и „Жито Прилеп“, како и повеќе приватни мелничко-пекарски претпријатија како што се „Млин Стојчев“, „Пелафино“ фабриката за тестенини. Во [[Прилеп]] се наоѓаат прехранбената индустрија „Витаминка“, Тутунскиот комбинат и Пиварницата, а во [[Битола]] се лоцирани Пиварницата, Шеќераната, фабриката за квасец и неколку млекарници итн. Доста развиена е и металската индустрија и во [[Битола]] и во [[Прилеп]], а развиени се и стакларската, идустријата за електрични апарати, градежни материјали итн.
 
Во Битолското Поле големи се резервите на јаглен, поради што работат два рудника за негово исцрпување: „Суводол“ и „Гнеотино“. Тука се наоѓа и најголемата термоелектрична централа во државата „ТЕЦ Битола“ која со своите 3 блока произведува 60% од електричната енергија во [[Северна Македонија]].
 
Од особено значење за економско-стопанскиот и индустрискиот развој на целиот регион е изградбата на Индустриската зона „Жабени“ која се протега на 85ha во близината на с.[[Жабени]], јужно од [[Битола]], како и ново-отворена индустриската технолошко-развојна зона „Прилеп“ кај селото [[Ново Лагово]], во кои веќе се изградени неколку производствени индустриски капацитети од странски инвеститори.