Разлика помеѓу преработките на „Македонска историографиjа“

дополнување
(илустрирање)
(дополнување)
== Развоj ==
Во периодот пред создавањето на македонската држава, тешко може да стане збор за постоење на систематско проучување на историјата во Македонија, или за македонски историчари во класична смисла на зборот. Сепак, [[Ѓорѓи Пулевски]], бил еден од првите кој се обидел да напише историја на Македонија. Тоа е познатата “[[Славјанско-маќедонска општа историја]]”. Македонските национални дејци, како: [[Крсте Мисирков]], [[Димитрија Чуповски]] и други, исто така, покрај другото, во своите литературни дела се интересирале и за историјата. Во периодот меѓу двете светски војни се појавиле две значајни дела со историска тематика. Тоа биле студијата на [[Васил Ивановски]], “Зошто ние Македонците сме посебна нација” и книгата на [[Коста Веселинов]], “Преродбата на Македонија и Илинденското востание”. И двете дела биле дел од марксистичка провиненција. Од периодот пред воспоставувањето на организираната македонска историографија, треба да се спомене и [[Павел Шатев]]. Имено, тој се открива и како историчар. со своето дело “Историја на Македонија”.
[[Податотека:Раѓањето на македонската нација.pdf|thumb|right|200px|Раѓањето на македонската нација од [[Драган Ташковски]], Скопиjе, 1967 г. Книгата опишува диференцијацијата на внатрешните сили во Македонија на национален план по создавањето на бугарската Егзархија и Берлинскиот конгрес во однос на афирмацијата на македонската свест и нација.]]
Организираниот развој на македонската историографија, може да се следи од поново време, т.е. од периодот по [[Втората светска војна]] и создавањето на македонска држава во состав на Федеративна [[Југославија]]. Со кодификацијата на македонскиот литературен јазик и изградбата на првите национални и државни институции во новата држава, се создале поволни услови за развој и на историската наука. Македонците за првпат добиле можност самостојно и систематски да го проучуваат своето минато. Големите промени што настанале по 1991 година, пропаѓањето насоцијалистичките општествени односи, прогласувањето на независна [[Република Македонија]] довеле и до промена во поимањето и вопишувањето на историјата и на историското минато. Постепено започнал да се менува традиционалниот пристап кон историјата, базиран исклучиво на марксистичко ленинистичките традиции, а се забележувало и ослободување на историчарите оддотогашните идеолошко политички стеги и влијанија. Во услови на поголема плурализација и демократизација на општеството се создале услови за едно послободно и по објективно проучување на историското минато. Еден од предизвиците за македонската историографија денеска, секако претставува нејзиното дополнително и што е можно поголемо, ослободување од стегите на политиката. Во тој контекст, друг значаен предизвик со кој се чини ќе треба да се соочат македонските историчари во иднина, претставува потребата од ослободување на македонската историографија од претходно создадените идеализирани, глорифицирани и митологизирани претстави за настаните и личностите од минатото.
 
3.654

уредувања