3.661
уредување
(→Развоj: дополнување) |
с (ситна поправка) |
||
Во периодот пред создавањето на македонската држава, тешко може да стане збор за постоење на систематско проучување на историјата во Македонија, или за македонски историчари во класична смисла на зборот. Сепак, [[Ѓорѓи Пулевски]], бил еден од првите кој се обидел да напише историја на Македонија. Тоа е познатата “[[Славјанско-маќедонска општа историја]]”. Македонските национални дејци, како: [[Крсте Мисирков]], [[Димитрија Чуповски]] и други, исто така, покрај другото, во своите литературни дела се интересирале и за историјата. Во периодот меѓу двете светски војни се појавиле две значајни дела со историска тематика. Тоа биле студијата на [[Васил Ивановски]], “Зошто ние Македонците сме посебна нација” и книгата на [[Коста Веселинов]], “Преродбата на Македонија и Илинденското востание”. И двете дела биле дел од марксистичка провиненција. Од периодот пред воспоставувањето на организираната македонска историографија, треба да се спомене и [[Павел Шатев]]. Имено, тој се открива и како историчар. со своето дело “Историја на Македонија”.
Организираниот развој на македонската историографија, може да се следи од поново време, т.е. од периодот по [[Втората светска војна]] и создавањето на македонска држава во состав на Федеративна [[Југославија]]. Со кодификацијата на македонскиот литературен јазик и изградбата на првите национални и државни институции во новата држава, се создале поволни услови за развој и на историската наука. Македонците за првпат добиле можност самостојно и систематски да го проучуваат своето минато. Големите промени што настанале по 1991 година, пропаѓањето насоцијалистичките општествени односи, прогласувањето на независна [[Република Македонија]] довеле и до промена во поимањето и вопишувањето на историјата и на историското минато. Постепено започнал да се
Со проучување на македонската историја, во прв ред, се занимавале соседните балкански историографии: бугарската, српската и грчката. Иако делата на западните автори се одликуваат со поголема објективност и професионална издржаност, сепак и кај нив, преовладувале едностраност и крајно контрадикторни и спротивставени толкувања со карактеристики слични на соседните балкански историографии. На пример, според Мајкл Р. Палаирет во тристрана расправија за Македонија, бугарскиот поглед е поблизу до објективната реалност на историјата отколку грчкиот или македонскиот, но македонската историографска верзија го нарушува историскиот запис многу повеќе од било грчката или бугарската страна.<ref>Michael Palairet, Macedonia: A Voyage through History (Vol. 1, From Ancient Times to the Ottoman Invasions), Cambridge Scholars Publishing, 2016, ISBN 1443888435, p. 16.</ref>
|
уредување