Македонска историографиjа: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Развоj: дополнување
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Развоj: дополнување
Ред 6:
Организираниот развој на македонската историографија, може да се следи од поново време, т.е. од периодот по [[Втората светска војна]] и создавањето на македонска држава во состав на Федеративна [[Југославија]]. Со кодификацијата на македонскиот литературен јазик и изградбата на првите национални и државни институции во новата држава, се создале поволни услови за развој и на историската наука. Македонците за првпат добиле можност самостојно и систематски да го проучуваат своето минато. Големите промени што настанале по 1991 година, пропаѓањето насоцијалистичките општествени односи, прогласувањето на независна [[Република Македонија]] довеле и до промена во поимањето и вопишувањето на историјата и на историското минато. Постепено започнал да се менуватрадиционалниот пристап кон историјата, базиран исклучиво на марксистичко ленинистичките традиции, а се забележувало и ослободување на историчарите оддотогашните идеолошко политички стеги и влијанија. Во услови на поголема плурализација и демократизација на општеството се создале услови за едно послободно и по објективно проучување на историското минато. Еден од предизвиците за македонската историографија денеска, секако претставува нејзиното дополнително и што е можно поголемо, ослободување од стегите на политиката. Во тој контекст, друг значаен предизвик со кој се чини ќе треба да се соочат македонските историчари во иднина, претставува потребата од ослободување на македонската историографија од претходно создадените идеализирани, глорифицирани и митологизирани претстави за настаните и личностите од минатото.
 
Со проучување на македонската историја, во прв ред, се занимавале соседните балкански историографии: бугарската, српската и грчката. Иако делата на западните автори се одликуваат со поголема објективност и професионална издржаност, сепак и кај нив, преовладувале едностраност и крајно контрадикторни и спротивставени толкувања со карактеристики слични на соседните балкански историографии. На пример, според Мајкл Р. Палаирет во тристрана расправија за Македонија, бугарскиот поглед е поблизу до објективната реалност на историјата отколку грчкиот или македонскиот, но македонската историографска верзија го нарушува историскиот запис многу повеќе од било грчката или бугарската страна.<ref>Michael Palairet, Macedonia: A Voyage through History (Vol. 1, From Ancient Times to the Ottoman Invasions), Cambridge Scholars Publishing, 2016, ISBN 1443888435, p. 16.</ref>
 
== Наводи ==