Америка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 16:
По откривањето на Америка започнува масовно доселување на население од повеќе еропски земји: Англија, Франција, Шпанија, Португалија, Холандија, Италија, Гермнанија итн. Тие, колонизаторите, сурово го експлоатирале и физички го уништувале доморедечкото население, така што денес од домородечко население е останат само мал број. Во XVIII и во XIX век во Америка присилно бил донесен голем број црнечко население од Африка.
Во услови на забрзан економскир азвој, емиграцијата на белото население од Европа кон Америка се зголемувала. При процесот на колонизацијата, најголемо влијание извршиле Англичаните, Французите, Шпанците и Португалците. Токму затоа, денес во Северна Америка најголемо е англосаксонското и француското влијание. Во Средна и во Јужна Америка останало [[шпанското|Шпанија]] влијание, а во [[Бразил]] [[португалското|Португалија]]. Соодветно на тоа, во Северна АМерика се зборува англиски, во регионот Квебек во Канада - француски, во Средна и во Јужна Америка - шпанскиот јазик, а во Бразил португалскиот.
Денес на американските континенти живеат околу 794 милиони жители. Од нив во Северна Америка живеат околу 340 милиони жители, во Средна АМерикаАмерика - 190 милиони, а во Јужна Америка - 390 милиони жители.. Најгусто населени се средишните и источните делови ан САД, земјите на Средна Америка и приатланските брегови на Јужна Америка.
Природниот прираст во САД и во Канада се движи околу 6 промили. Во поголем дел од државите на Средна и на Јужна Америка природниот прираст изнесува над 28 промили, како на пример, во Мексико, Венецуела, Бразил, Боливија и други, а во некои е околу 20 промили.
Во државите на Америка денес се издифиренцирани посебни нации и народи, како што се Канаѓани, Американци (жители на САД), Мексиканци, Бразилци, Аргентинци, Кубанци итн. Во нив живеат разни народи, кои се доселени од многу земји од светот. Но, егзистира и мешано население, како што се мулати(помеѓу белци и црнци); местици(помеѓу белци и Индијанци); замбоси(помеѓу црнци и Индијанци). Мулатите се најзастапени во САД, местиците во Средна и Јужна Америка, замбосите во Бразил, а нешто помалку во другите јужноамерикански земји.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Америка