Разлика помеѓу преработките на „Јужноафриканска Република“

с
нема опис на уредувањето
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
с
 
=== Холандска колонизација ===
Сепак почетокот на новата историја на [[Јужна Африка]] денеска се препишува на [[калвинизам|калвинистот]] [[Јан ван Рибек]]. На [[6 април]] [[1652]] година, по налог на Холандската источноиндиска компанија тој основал станица за снабдување на бродови. Благодарение на својата стратегиска позиција, таа станица би требало да служи за одмор на трговските бродови кои патувале од [[Европа]] кон [[југоисточна Азија]]. Кон втората половина на [[17XVII век]] и почетокот на [[18XVIII век]], таа холандиска станица односно населено место започнала да се зголемува. Во почетокот, населувачите се распространувале во регионот на [[Весткап]]. Во [[1770]] година истите престигнале до границата со племето банту, со кое започнала редица од војни. [[Холандија]] довеле голеа број на робови од [[Индонезија]], [[Мадагаскар]] и [[Индија]]. Во почетокот на [[1743]] година, бројот на т.н. црни робови бил значително поголем од бројот на местното население кое се населило на овие простори. Со текот на времето, наследниците на црните робови често пати се жениле со белите дојденци. Така, денеска заедно со бушманите тие сочинуваат 50% од вкупното население на Западната КапскаЗападно’ртската покраина.
 
=== Британска колонизација ===
[[Велика Британија]] врз областа зазела целосна контрола во [[1795]] година. Бидејќи веќе имала свои колонии во [[Австралија]] и [[Индија]], Велика Британија сакала [[Кејптаун]] да го користи како трговска станица за долгите патувања. Сепак, според Амбиенскиот мировен договор од [[1802]] година, Британија морала да ја врати територијата на Холандија, но во [[1806]] година тие повторно ја зазеле и повторно основале колонија, главно поради банкрот на Холандската источноиндиска копмпанија. На почетокот од [[19XIX век]], племето [[Зулу]] успеало да ги прошири своите територии. Во [[1833]] година, британската влада го забранила ропството, по кое следувале голем број на конфликти. Во тој период била основана Јужноафриканската република. Октривањето на дијамантот во [[1867]] година и златото во [[1884]] година на овие подрачја, дополнително придонело за економски развој и имиграција. Секојдневните конфликти доведувале до постојани војни помеѓу европското население и домородците. Следувале т.н. [[Бурски војни]]. Во [[Прва бурска војна|Првата бурска војна]] (1880-1881) местното население забележило определени резултати, но во [[Втора бурска војна|Втората бурска војна]] (1899-1902) сепак Британија била поуспешна.
 
По крајот на војните, во [[1910]] година бил основан [[Јужноафрикански сојуз]] од четирите колонии [[Натал]], [[Трансвал]], [[Фристејт]] и Капската[[’Ртска колонијаКолонија|’Ртската Колонија]]. Во [[1934]] година станало обединувањето на британската јужноафриканска партија со бурската национална партија во т.н. ''Обединета партија'' чија главна цел била помирувањето на белото и црното население. Тој сојуз се распаднал во [[1939]] година. По крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]], белото население успеало да ја зачува својата власт. Во втората половина на [[20XX век]] започнала војна помеѓу истите страни. Во [[1976]] година, органите на редот убиле 176 црни демонстранти и студенти. Но по големите притисоци од светската јавност, сепак во [[1994]] година се одржиле првите избори на кои Африканскиот нациопнален конгрес победил убедливо и од тогаш сѐ уште е на власт. [[Нелсон Мандела]] станал првиот црн претседател на земјата, кој во [[1993]] година добил нобелова наградаза мир.
 
== Географија и клима ==
Најстарите уметнички предмети се откриени во пештера во Јужна Африка. Тоа се мали школки во форма на полжав кои се нижеле на конец и служеле како ѓердан, а датираат од пред 75 000 години. Јужна Африка е лулка на човековиот род. Една карактеристика на нашиот род е уметноста ( потекнува од латинскиот збор ‘ars’ со значење изработена или составена од основен материјал ).
 
Распрснатите племиња на Коисан етничката група, која се населила во Јужна Африка 10 000 години п.н.е, имаат свој сопствен уметнички стил претставен на мноштвото цртежи во пештерите. Овие цртежи биле заменети со јазични уметнички форми на Банту етничката група. Во дваесеттиотXX век, традиционалните племенски уметнички форми биле заменети и повторно соединети со политиките на апартхејдот.
 
Нови уметнички форми се создале во рудниците и областите, динамична уметност која е претставена од пластични ленти до спица од велосипед. Уште од 1850-тите години, холандската народна уметност, која влијаела врз африканските Трекбоерс ( Trekboers ) и урбаните бели артисти сериозно ја следеле промената на европските традиции , воедно и придонеле за оваа еклектична мешавина која и ден денес се развива.
Херберт Бејкер, еден од највлијателните архитекти, ги дизајнирал Union Buildings во Преторија. Други позначајни објекти се Rhodes memorial и катедралата Свети Џорџ во Кејптаун и колеџот Свети Џон во Јоханесбург.
 
Во почетокот на седумнаесеттиотXVII век значајна е архитектурата на Холанѓаните од Западен Кејп , а самото име го дава потеклото односно дека првите населувачи на Кејп се Холанѓаните. Овој стил е сочинет во средновековна Холандија, Германија, Франција и Индонезија. Куќите градени по овој стил имаат различен и препознатлив дизајн, тие се големи, богати со кружни калкани кои потсетуваат на куќите од Амстердам градени по холандски стил.
 
Руралните пејсажи на Јужна Африка изобилуваат со традиционална африканска архитектура.