Никола Кињо: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Менува: sv:Nicolas-Joseph Cugnot
с s
Ред 4:
Кињо бил роден во [[Воад]], [[Моз]], [[Лотарингија (провинција)|Лотарингија]]. Бил обучен за воен [[инженер]]. Уште од [[1765]] експериментирал со функционални макети на возила на [[парен погон]] на француската војска, наменети за влечење на тешки [[топ]]ови.
 
Кињо бил првиот кој го оспособил движето напред-занад на парниот клип за вртливо движење. Првата негова кола наречена „Fardier à vapeur“ („парна кола“) проработела во [[1769]]. Следната година тој направил подобрена верзија. Неговото возило можело да влече 4 тони, а да вози со максимална брзина од 4 [[км/ч]]. Ова тешко возило имало две тркала подзади и едно напред, на кое се држел парен котел, а самото возило било управувано со кормило. Во [[1771]] возилото се удрило во ѕид, што ја чини првата [[автомобилска несреќа]] во историјата. Оваа несреќа заедно со финансиските проблеми му оневозможило на Кињо да продолжи со работата, меѓутоа во [[1772]], кралот [[Луј XV]] му доделил пензија од 600 [[Француски франк|франци]] за неговата иновативна работа.
 
Со [[Француска револуција|Француската револуција]] оваа пензија била укината во [[1789]], и Кињо морал да пребегне во [[Брисел]], каде живеел во беда. Кратко пред неговата смрт тој бил повикан назад во Франција од [[Наполеон Бонапарт]]. Тој се одзвал на овој повик и се вратил во [[Париз]], каде починал.