Григориј Турски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
→‎Творештво: ситна поправка
Ред 13:
Григориј од Тур пишувал на [[латински јазик]], но со често отстапување од класичните [[Латинска граматика|граматички]] правила,<ref>Sandys, John Edwin. ''History of Classical Scholarship'', Vol I. 434-435. Cambridge: CUP, 1903.</ref> мешајќи ги средниот и женскиот род и заменувајќи го женскиот со машкиот род<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 36.</ref> при што користел многу прост стил. На пример, во предговорот на житието на св. Мартин, Григориј признава дека почнал да пишува со страв и по долго колебање, зашто се чувствувал „неписмен, простак и незнајко“ (''inops litteris, stultus et idiota''). Меѓутоа, нему му се прикажала мајка му, убедувајќи го дека токму тој едноставен начин на пишување е исправен, зашто му е пристапен на народот и дека би било за осуда ако не го направи тоа благородно дело. Тагувајќи поради својата неукост, најпосле Григориј бил охрабрен од помислата дека [[Господ]], „за да ја уништи суетата на светската премудрост, не ги избрал [[Ораторство|ораторите]], туку рибарите, не ги одбрал [[филозоф]]ите, туку селаните“. Поради тоа, тој ги отфрлил „басните“ за римските богови и ги опишува чудата на божјите избраници за што не е потребно да се знаат граматичките родови и падежи. Исто така, во завршната глава на својата „Историја на Франките“, откако ги набројува своите дела, тој повторно ја нагласува недоделканоста на својот стил, но ги заколнува сите свештеници кои ќе управуваат со епархијата да не менуваат ништо од она што го напишал, туку да ги сочуваат неговите дела недопрени.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 35-36.</ref>
 
Важен дел од творештвото на Григориј заземаат [[Хагиографија|хагиографиите]], кои претставуваат т.н. мали книжевни форми, се одликуваат со концизно излагање, а нивната централна тема се чудата кои ги правеле светците. Од нив, најпознате се неговите „Книга за чудата“ (''Libri miracolorum''), „Книга за славата на праведните исповедници“ (''Liber de gloria beatorum confessorum'') и „Житијата на отците“ (''Vitae patrum'') во кои ги опишува чудата на [[Светец|светците]], како и „Четири книги за чудата на [[Св. Мартин од Тур|светиот епископ Мартин]]“ (''De miraculis s. Martini''). Тие се напишани на прост [[јазик]] и имале дидактичка улога, т.е. биле наменети за читање или прераскажување за време на црковните проповеди, вообичаено на [[празник]]от на конретниот светец. На пример, во „Книгата за чудата“, тој не наведува никакви теолошки аргументи во одбрана на верата, туку го опишува дуелот во кој аријанскиот еретик го предизвикува католикот да докаже дека е во право со помош на „божјиот суд“. За таа цел, двајцата наизменично да го извадат прстенот од казанот со врела вода; најпосле, откако долго време ја држел во водата, [[рака]]та на правоверниот останала неповредена, додека еретикот ја изгорел раката до [[коска]]та.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 41-42.</ref>
 
== Наводи ==