Изопштување: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 9:
 
Нека е проклет од Христа, синот на живиот Бог, во целата слава на својата големина и нека стане небото против него, со сиет сили кое тоа ги придвижува, нека го проколнат и осудат, ако тој не се покае и не ја исправи својата вина! Амин! Нека биде така, така нека биде! Амин.<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 327.</ref>
 
Во една постара формула која датира од [[XI век]], покрај клетвите на сите органи и делови од телото на изопштениот, постои и следниов текст: „Нека го проколнат сонцето и месечината, инебесните ѕвезди и птици, и рибите морски и четириножните, и тревите, и дрвјата, и секој Христов створ! Нека неговиот труп го јадат пците и дивите птици и нека не биде погребан! Господ нека испрати на него глад и жед, и гнев и маки, и несреќи и злобните ангели, додека не стигне во длабочините на [[пекол]]от, каде што е вечен мрак, непресушен оган, вечен чад, тага непрекината и каде од ден во ден расте секакво зло!“ Во продолжение се наброени клетвите на сите [[Библија|библиски]] патријарси и пророци (наброени поединечно), а формулата продолжува со зборовите: „Нека неговите синови бидат сирачиња, а жената негова - вдовица! Нека синовите негови се грчат во [[сиромаштија]], и нека бидат прогонети од своите домови!“<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 328.</ref>
 
Текстот на екскомуникацијата го изговарал [[епископ]]от во [[Црква (објект)|црквата]], придружен од 12 [[Свештенство|свештеници]] кои во рацете држеле запалени [[Свеќа|свеќи]]. Откако текстот ќе бил прочитан, тие ги фрлале свеќите на земја и ги газеле со нозете, а тоа симболизирало дека изопштениот нема да ја доживее светлината на спасението. Оваа постапка се задржала до крајот на [[XIX век]]. Притоа, проучувањата покажуваат дека текстот на формулата за екскомуникација се надополнувал со текот на времето, при што анатемата станувала сè покрволочна, а кулминацијата ја доживеал во [[XII век|XII]] и [[XIII век]].<ref>Aron Gurevič, ''Problemi narodne kulture u srednjem veku''. Beograd: Grafos, 1987, стр. 329-330.</ref>
 
== Наводи ==