Лејтон Бол: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Лејтон Титерик Бол''' ({{lang-en|Leighton Teeterick Bohl}}, 23. јули 1889 година во Осиоло, О...
(нема разлика)

Преработка од 19:36, 19 април 2020

Лејтон Титерик Бол (англиски: Leighton Teeterick Bohl, 23. јули 1889 година во Осиоло, Охајо, САД - 1. јуни 1971 година во Провиденс, Род Ајленд, САД) е американски градежен инженер.[1] Тој беше професор на Брауновиот универзитет и ветеран на американската армија.

Бол дипломираше на Брауновиот универзитет во 1913 година. Во текот на неговата кариера освен како професор, работеше и за Американската локомотивна компанија, служел во американската армија и држеше повеќе функции во јавниот сектор. Од особено значење се неговите придонеси кон ревидирање на градежните регулации во Провиденс и кон изградбата на морска брана во Њупорт, Род Ајленд, САД. Во текот на Втората светска војна, Бол ја извршуваше функцијата директор на Дивизијата за инженерство на Брауновиот универзитет. Подоцна тој раководеше со програма на Христијанската асоцијација за млади мажи (англиски: Young Men's Christian Association, YMCA) за обучување на ветерани повратници од светската војна.

Наводи

  1. „Encyclopedia Brunoniana | Bohl, Leighton T.“. www.brown.edu. Посетено на 2020-04-19.