Википедија:Песок: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ознака: Отповикано
Сменета буквата а од голема во мала.
Ознака: Отповикано
Ред 5:
 
 
КарикатуратАКарикатурата како специфично ликовно дело, со својот слободен, сиромашен (гледано од визуелно – естетска страна) и духовит цртеж, ја има таа основна функција – исмејувајќи, критикувајќи, па дури и жигосувајќи некои човечки или општествени, морални и карактерни недостатоци и некои негативни појави, да го насмее реципиентот –читателот. Оваа своја функција карикатурата ја постигнува со својот беспрекорно изработен стилизиран цртеж; внимателно избраната и обработена тема; со својата јасна, недвосмислена и оптимално дозирана порака; како и со својот јасен облик на ангажирано уметничко дело, дело што го засмејува реципиентот –читателот, го наведува на размислување, а потоа и на замислување.
Се разбира дека при нејзината изработка е потребно применување на
вообичаените методи и изразни ликовни средства, како што се: изместувањето на вредностите (деформирање на реалноста), претерувањето (до извесен степен), пред сè во ликовна, но и во идејна и логична смисла итн. Со овие методи се постигнува потребното ниво на духовитост, на смешното во критикувачкиот процес. Ова, од теориски аспект, условно може да се нарече позитивна претпоставка – позитивна теза во карикатурното творештво.