Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ги додадов насловите: Детство и рано образование, Хегелијанизам и рано новинарство, Париз, Брисел, Келн, Преселба во Лондон, и Њујорк Дејли Трибјун и новинарство, преведувајќи ги од англиската верзија.
Го додадов делот за Првата Интернационала, Граѓанската војна во Франција и Капиталот, главно преведувајќи од англиската верзија
Ред 106:
 
Неопходноста од финансии го принудила Маркс да се откаже од економските студии во 1844 година и да помине тринаесет години во работа на други проекти. Маркс секогаш се обидувал да се врати на економијата.
 
== Првата Интернационала, ''Граѓанската војна во Франција'' и ''Капиталот'' ==
Маркс продолжил да пишува статии за ''Њујорк Дејли Трибјун'' сè додека бил сигурен дека уредничката политика на ''Трибјун'' била сè уште прогресивна. Сепак, заминувањето на Чарлс Дана од весникот кон крајот на 1861 година и последователната промена во уредничкиот одбор донело нова уредничка политика. ''Трибјун'' веќе не бил силен аболиционистички весник посветен на целосна победа на Унијата. Новиот уреднички одбор поддржал непосреден мир меѓу Унијата и Конфедерацијата во граѓанската војна во Соединетите Американски Држави со ропството оставено недопрено во Конфедерацијата. Маркс остро се противел на оваа нова политичка позиција и во 1863 година бил принуден да се повлече како колумнист за ''Трибјун''.
 
Во 1864 година, Маркс се вклучил во Меѓународното работничко здружение (познато и како Прва Интернационала), во чиј Генерален совет бил избран на основањето во 1864 година. Во таа организација, Маркс бил вклучен во борбата против анархистичкото крило предводено од Михаил Бакунин (1814–1876). Иако Маркс победил во оваа соперништво, трансферот на седиштето на Генералниот совет од Лондон во Њујорк во 1872 година, што било поддржано од Маркс, довело до пад на Интернационалата. Најважниот политички настан за време на постоењето на Интернационалата бил Париската комуна од 1871 година, кога граѓаните на Париз се побуниле против својата влада и го држеле градот два месеци. Како одговор на крвавото задушување на овој бунт, Маркс го напишал еден од неговите најпознати памфлети, „Граѓанската војна во Франција“, одбрана на Комуната.
 
Маркс со најголемо воодушевување говорел за историската иницијатива на француската работничка класа, која ја разорила старата државна машина и патем створила држава од нов тип: „Каква смелост, каква историска иницијатива, каква способност за саможртвување во тие Парижани!... Историјата не знае за друг таков пример на херојство!“ – пишуваше тој во април 1871 година. „Денешното Париско востание, – пишуваше Маркс, – дури и да го угушат свињите и подлите пци на старото општетсво: ќе биде врежано во историјата на нашата партија како најславен подвиг од времето на париското јунско востание“.
 
Маркс ја искористувал секоја прилика за да воспостави врска со Комуната за да ја брани нејзината битијност. „Испратив неколку стотини писма ширум светов околу вашите потреби, секаде каде што постојат нашите секции“, – им соопштувал Маркс на комунарите Франкел и Варлен. Во своите директиви, кои ги упатувал до Париз и внатрешноста, во Лион, Руан и другите градови во кои биле образовани секции на Интернационалата, Маркс давал конкретни оперативни упатства. Маркс спрема француските воскликнати работници бил во однос на практичен советодавец, учесник во борбата на масата.
 
На 4-ти април, тој им препорачал на париската востаничка организација да испрати делегати во сите поголеми центри во Франција. Маркс давал детални упатства за одбраната на Париз. Во писмото кое што го упатил до членовите на Комуната, тој барал да се утврди северната страна на монмартриските височинки, која што се граничела со пруските претстражари, бидејќи овие можеле да ги препуштат Версајците. Тоа случување покажало колку биле оправдани страхувањата на Маркс. Маркс благовремено ги известил комунарите за Тјеровите преговори со Бизмарк и на тоа дека овој ветувал помош околу угушувањето на Комуната.
 
Меѓутоа Маркс, иако се радувал на историската иницијатива на париското жителство, во исто време и ги критикувал грешките на тие маси, ги критикувал како строг и непропустлив работнички револуционер, тој ја критикувал работата на Централниот комитет на Комуната, кој избрзал во аболицијата на своите овластувања, „великодушноста“ на Комуната кон класниот непријател, нејзината волја „да не започнува граѓанска војна“, итн.
 
На 23-ти мај, непосредно пред падот на Комуната, Маркс се обратил пред Генералниот совет на Интернационалата: „Се плашам дека крајот се ближи, но ако Комуната биде уништена, борбата ќе биде одложена. Принципите на Комуната се вечни и не можат да бидат избришани, тие повторно и секогаш ќе бидат на дневен ред сè додека работничката класа не извои ослободување од капиталот“. „Ма каква и да биде судбината во Париз, таа ќе го заокружи целиот свет“, – пишувал Маркс во врска со Комуната. Маркс длабоко верувал во силата на работничката класа и тој не се плашел од привремените неуспеси и порази.
 
„Париз, работниците и Комуната, – речено е во Манифестот на граѓанската војна во Франција, кој го напиша Маркс, – ќе се прослават како славни стракови на новото општество. Споменот на нивните маченици ќе остане засекогаш врежан во големото срце на работничката класа. Нивните џелати веќе се скршени низ срамното дело од кое не ќе може да ги ослободат сите молитви на нивните попови.“
 
Со оглед на повторените неуспеси и фрустрации на револуциите и движењата на работниците, Маркс исто така се обидувал да го разбере капитализмот и многу време поминувал во читалната на Британскиот музеј, проучувајќи и размислувајќи за делата на политичките економисти и за економските податоци. До 1857 година, Маркс имал акумулирано над 800 страници белешки и кратки есеи за капиталот, земјишната сопственост, наемниот труд, државата, надворешната трговија и светскиот пазар, иако белешки и есеи не се појавија како печатена книга до 1939 година под наслов „Основи на критиката на политичка економија“ (''Grundrisse der Kritik der Politischen Ökonomie'').
 
Конечно во 1859 година, Маркс ја објавил својата книга „Прилог кон критиката на политичката економија“, неговото прво сериозно економско дело. Ова дело било наменето само како преглед на неговото четиритомно дело ''Das Kapital'' (Капитал: Критика на политичката економија), чии томови тој имал намера да ги објави подоцна. Во ''Прилог кон критиката на политичката економија'', Маркс ја проширува трудовата теорија на вредност за која се залагал Дејвид Рикардо. Делото било ентузијастично примено, а изданието се распродало брзо.
 
Успешната продажба на „Придонес кон критиката на политичката економија“ го стимулирала Маркс во раните 1860-ти години да го заврши пишувањето на четирите големи тома што би го компонирале неговото најголемо дело на животот – ''Das Kapital'' и ''Теориите за вишок вредност'', во кои се дискутирало за теоретичарите на политичката економија, особено Адам Смит и Дејвид Рикардо. ''Теориите за вишок вредност'' честопати се нарекуваат четвртиот том на ''Das Kapital'' и претставува една од првите сеопфатни трактати за историјата на економската мисла. Во 1867 година, бил објавен првиот том на ''Das Kapital'', дело во кое се анализира капиталистичкиот процес на производство. Тука Маркс ја образложил својата трудова теорија на вредност, врз чиј развој влијаел Томас Хоџкин. Маркс го признал „воодушевувачкото дело“ на Хоџкин, ''Трудот одбранет од тврдењата на капиталот'', повеќе пати во ''Das Kapital''. Навистина, Маркс го цитирал Хоџкин дека го препознал отуѓувањето на трудот што се случува под модерното капиталистичко производство: „Повеќе немало природна награда за индивидуалниот труд. Секој работник произведува само дел од една целина, а бидејќи секој дел нема никаква вредност или корисност по себе, нема ништо што работникот може да го презеде и да рече: „Ова е мојот производ, ова ќе си го задржам за себеси.“ Во овој прв том на ''Капиталот'', Маркс го објаснил своето сфаќање на вишокот на вредност и експлоатацијата, за која тој аргументирал дека на крајот ќе доведе до пад на стапката на профит и колапс на индустрискиот капитализам. Побарувачката за издание на руски јазик на ''Капиталот'' наскоро довело до печатење на 3000 примероци од книгата на руски јазик, која била објавена на 27 март 1872 година. До есента 1871 година, целото прво издание на германското издание на ''Капиталот'' било распродадено и било издадено второ издание.
 
Тома II и III од ''Капиталот'' останале само ракописи врз кои Маркс продолжил да работи до крајот на животот. Двата тома биле објавени од Енгелс по смртта на Маркс. Том II на ''Капиталот'' бил подготвен и објавен од Енгелс во јули 1893 година под името ''Капитал II: Процесот на циркулација на капиталот''. Том III од ''Капиталот'' бил објавен една година подоцна во октомври 1894 година под името ''Капитал III: Процесот на капиталистичката продукција како целина''. ''Теориите за вишокот на вредност'' произлегле од обемните ''Економски ракописи од 1861–1863'', втор нацрт на ''Капиталот'', којшто ги опфаќал 30–34 тома од ''Собраните дела на Маркс и Енгелс''. Поточно, ''Теориите за вишокот на вредност'' го опфаќаат последниот дел од триесеттиот том на ''Собраните дела'' до крајот на нивниот триесет и втор том. Во меѓувреме, пообемните ''Економски ракописи од 1861–1863'' почнуваат од почеток на триесеттиот том на ''Собраните дела'' преку првата половина од нивниот триесет и четврти том. Последната половина од триесет и четвртиот том на ''Собраните дела'' се состои од преживеаните фрагменти од ''Економските ракописи од 1863-1864'', што претставуваат трет нацрт на ''Капиталот'', а голем дел од нив е вклучен како додаток на изданието од „Penguin Books“ на првиот том на ''Капиталот''. Скратено издание на германски јазик на ''Теориите за вишок на вредност'' било објавено во 1905 и во 1910 година. Ова скратено издание било преведено на англиски јазик и објавено во 1951 година во Лондон, но комплетното, нескратено издание на ''Теориите за вишок на вредност'' било објавено како „четврт том“ на ''Капиталот'' во 1963 и 1971 година во Москва.
 
Во текот на последната деценија од неговиот живот, здравјето на Маркс се влошило и тој станал неспособен за постојан напор што ја карактеризирал неговата претходна работа. Тој успеал да коментира значително за современата политика, особено во Германија и Русија. Неговата ''Критика на Готската програма'' се спротивставила на тенденцијата на неговите следбеници Вилхелм Либкнехт и Август Бебел да направат компромис со државниот „социјализам“ на Фердинанд Ласал во интерес на обединета социјалистичка партија. Ова дело е исто така забележливо за уште еден познат цитат на Маркс: „Од секого според неговата способност, секому според неговата потреба.“
 
Во писмо до Вера Засулич од 8 март 1881 година, Маркс размислувал за можноста Русија да ја заобиколи капиталистичката фаза на развој и да изгради комунизам врз основа на заедничка сопственост на земјиште карактеристично за селските општини. И покрај тоа што признал дека руската рурална „комуна е столб на социјална регенерација во Русија“, Маркс исто така предупредил дека за да може селската општина да делува како средство за директен премин во социјалистичка фаза без претходна капиталистичка фаза, „најпрво ќе биде неопходно да се елиминираат штетните влијанија што ја напаѓаат руралната општина од сите страни.“ Имајќи ја предвид елиминацијата на овие опасни влијанија, Маркс дозволил да постојат „нормални услови на спонтан развој“ на руралната општина. Сепак, во истото писмо до Вера Засулич тој посочува дека „во суштината на капиталистичкиот систем лежи целосното одвојување на производителот од средствата за производство.“ Во еден од нацртите на ова писмо, Маркс ја открива неговата растечка страст кон антропологијата, мотивирана од неговата верба дека идниот комунизам ќе биде враќање на повисоко ниво кон комунизмот од нашето предисториско минато. Тој напишал дека „историскиот тренд на нашето време е фаталната криза што капиталистичкото производство ја помина во европските и американските земји каде тоа го достигна својот највисок врв, криза што ќе заврши со негово уништување, со враќање на современото општество на повисока форма на најархаичниот тип - колективно производство и присвојување.“ Тој додал дека „виталноста на примитивните заедници е неспоредливо поголема од онаа на семитските, грчките, римските, итн., општества, и, уште повеќе, од онаа на современите капиталистички општества.“ Пред да умре, Маркс побарал од Енгелс да ги запише овие идеи, кои биле објавени во 1884 година под насловот ''Потеклото на семејството, приватната сопственост и државата''.
 
== Учење ==