Душко Наумоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
ситна поправка
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Биографија: дополнување
Ред 9:
По бугарската окупација на Македонија во [[1941]] година, неговото семејство се враќа во Прилеп. На [[11 октомври]] [[1941]] година Душко Наумоски се приклучува на [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] и учествува во нападот на одредот на Прилеп. При нападот, тој го застрелал непријателскиот стражар пред полициската станица. Во текот на акцијата, Душко стрела за време на разговор по стражарот Петар Колев од селото Смилево, Битолско. Колев не се сомнева во ништо, бидејќи го познава Наумоски и е пријател на неговиот татко.<ref>[http://www.sobranie.mk/WBStorage/Files/014%20sednica%2013%20prodolzenie%2017-01-2007.pdf Стенографски белешки от Тринаесеттото продолжение на Четиринаесеттата седница на Собранието на Република Македонија, одржана на 17 јануари 2007 година].</ref> Тој е ново мобилизиран, и има семејство со 3 деца.
 
Ноќта по нападот се разболува од загриженост дека убил познато лице и по три дена се враќа дома на лекување. Таму, за една недела, е уапсен и во ноември 1941 година е спроведен во битолскиот затвор. На [[25 ноември]] е изведен пред суд во Битола и е осуден на шест години и осум месеци затвор.<ref>Јован Поповски „Човекот од првиот чин на историјата“, „Македонско радио“, Скопје, 1993, 46 стр.</ref> Бил префрлен во Скопскиот затвор, а потоа во затворот во [[Идризово]]. Во јули [[1944]] година е ослободен од понатамошното издржување на казната и се враќа во Прилеп.<ref>Поповски, цит. дело, 62 стр.</ref>
 
Таму се поврзува со Партијата и влегува во агитпропот на Окружниот комитет во Прилеп, каде останува до март [[1945]] година. Потоа работи во министерството за внатрешни работи во Прилеп. Уапсен е во [[1948]] година, под сомнение дека земал мито.<ref>Поповски, цит. дело, 70 и 75 стр.</ref> Во Прилепскиот затвор поминал осум месеци,<ref>[http://www.utrinski.mk/?ItemID=C19B17F31F9531459AF6336C3D852C7E Јован Поповски „Душко Наумовски, понижен херој на НОБ“], „Утрински Весник“, 3 мај 2011.</ref> а по ослободувањето од затвор е испратен на отслужување на воениот рок. Потоа е назначен за директор на новоформираниот Прилепски театар, а од [[1953]] година работи во Битолскиот театар. Меѓу неговите режии особено се издвојуваат режиите на „Зона Замфирова“, „Вообразен болен“, „Заеднички стан“, „Мистер Долар“ и други.