Душко Наумоски: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
дополнување
Ред 7:
На шест-годишна возраст, oткако неговиот татко завршил Земјоделски факултет во [[Загреб]], се вратил со своето семејство во [[Прилеп]]. Откако татко му се вработил во Земјоделското училиште во Битола, тој со своето семејство се преселил во [[Битола]]. Во битолската гимназија Душко станал член на [[СКОЈ]]. Краток период живеел и во [[Тетово]].
 
По бугарската окупација на Македонија во [[1941]] година, неговото семејство се враќа во Прилеп. На [[11 октомври]] [[1941]] година Душко Наумоски се приклучува на [[Прилепски партизански одред „Гоце Делчев“|Прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“]] и учествува во нападот на одредот на Прилеп. При нападот, тој го застрелал непријателскиот стражар пред полициската станица. Во текот на акцијата, Душко стрела за време на разговор по стражарот Петар Колев од селото Смилево, Битолско. Колев не се сомнева во ништо, бидејќи го познава Наумоски и е пријател на неговиот татко. Тој е ново мобилизиран, семејство со 3 деца.
 
Ноќта по нападот се разболува и по три дена се враќа дома на лекување. Таму, за една недела, е уапсен и во ноември 1941 година е спроведен во битолскиот затвор. На [[25 ноември]] е изведен пред суд во Битола и е осуден на шест години и осум месеци затвор.<ref>Јован Поповски „Човекот од првиот чин на историјата“, „Македонско радио“, Скопје, 1993, 46 стр.</ref> Бил префрлен во Скопскиот затвор, а потоа во затворот во [[Идризово]]. Во јули [[1944]] година е ослободен од понатамошното издржување на казната и се враќа во Прилеп.<ref>Поповски, цит. дело, 62 стр.</ref>